На што се палат тинејџерите? Цеца, Лукас, Џогани, Миле и компанија

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Сеуште сум во дилема што е полошо да ти каже детето „се дрогирам„ или „слушам турбо фолк„. Сепак мислам дека од дрогата има лек од турбо фолкот тешко.
Апсолутно помало зло е дрогата. ;)
Абе разбирам.. мора да има кој и чаши да крши, инаку како ќе имаат ќар кафаните кој ќе им ја троши ракијата и виното. Сето тоа си е поврзано :D
Него.. јас сметам не е до личен избор работата, се е до тоа во каква средина се растени децата.. Ако од мали години ги научиш што е добра музика ќе знаат да препознаваат.
Многу вистинито. Кај мене рок, и детето рок. Кај комшиите турбо, и детето турбо. Кај мене метал, кај комшиите пак турбо. Кај мене џез, кај нив пак турбо. Кај мене луѓе и убави дискусии, кај комшиите луѓе и озборување со кршење чаши. Кај мене нема срчи по подот, кај комшиите има.
Кај мене не доаѓа полиција, кај комшиите доаѓа и бараат да се намали звукот. :cautious:
 
Додека кај нас се зборува дека нашите соседи појма немаат од музика, посебно е нагласено дека Бугарите се тапа за музика но затоа кај нив доаѓаат навистина квалитетни имиња е сега истото се случува и во Србија што останува пршањето дали Македонија е најзатруена од вирусот наречен Турбо фолк - лепи? Повеќето пати сум размислувал да зборувам за ова но сум си рекол дека можеби ќе навредам многу луѓе, ќе останам како човек кој само знае да критикува каде што на крајот ќе испадне дека јас сум тој кој не ја разбира музиката и незнам да слушам, нормално тоа ќе го добијам како одговор од тие што слушаат турбо фолк, и вооедно ќе се воведам во непотребен конфликт.
Па малце публика е една од причините зошто не доаѓаат големи музички имиња, а кога си мала држава на балканот, пошироката маса нормално си потпаѓа под тоа турбо влијание и останатите квалитетни слушатели се многу малце.
Друга причина е тоа што истите тие музички имиња бараат скап сценски настап, со скапа техника и што све не, значи сакаат да прават шоу на бина а не само да пеат, што секако кошта многу пари и нашите фирми не се нафаќаат да спонзорираат, поради тоа Авалон што е нели наша продукција на тие големи музички имиња им средува концерти кај нашите соседи.
 
Апсолутно помало зло е дрогата. ;)

Многу вистинито. Кај мене рок, и детето рок. Кај комшиите турбо, и детето турбо. Кај мене метал, кај комшиите пак турбо. Кај мене џез, кај нив пак турбо. Кај мене луѓе и убави дискусии, кај комшиите луѓе и озборување со кршење чаши. Кај мене нема срчи по подот, кај комшиите има.
Кај мене не доаѓа полиција, кај комшиите доаѓа и бараат да се намали звукот. :cautious:

Ја сум со ДМ Сат 24/7 и полиција уште не ми затропала. Каде грешам?
 
Што сте запнале како пијан за ракија? Значи секој со свој вкус. Ако ви смета едноставно игнорирајте, без разлика за кој вид на музика станува збор. Ако ти сакаш техно некој така сака Лукас да го слуша. Зошто тој не се буни и не расправа за твојот вкус?:confused:
 
Абе од то игнорирање многу работи заминале у курац :) Не велам само за музиката, велам за посериозни проблеми кои се вгнездиле во јазолот на општеството како канцерогено ткиво, со разорна сила.
 
Што сте запнале како пијан за ракија? Значи секој со свој вкус. Ако ви смета едноставно игнорирајте, без разлика за кој вид на музика станува збор. Ако ти сакаш техно некој така сака Лукас да го слуша. Зошто тој не се буни и не расправа за твојот вкус?:confused:

Има и такви што се расправаат и упорно ти го тупат зошто е подобро да го слушаш Аца одколку техно, рок, метал.. whatever. И одма идат предрасудите од типот „Бегај бе на кузнај шо дроги си ти оние шо ги слушаш“, тоа ме убива во поим.. Каква врска има едно со друго.. Ама тоа ти е проста раја.
Прифаќам луѓе што ги слушаат сите жанрови и еве да се конкретно љубители на шабанска музика знаат да кажат зошто им се допаѓа таа музика, а не некој од кафана шо не е излезен.. не слушнал ни една песна надвор од турбофолк и ми се сери на вкусот а притоа нема појма за каков вид на музика се работи.
 
Ја сум со ДМ Сат 24/7 и полиција уште не ми затропала. Каде грешам?
Тебе ли ти реплицирав? Ама кога веќе сакаш да влегуваш во дуел со мене, тогаш сигурно комшиите ти се иста сорта. Можам да замислам како изгледа твоето маало. Ко на српски вашар да сме.
Него, си чул ти за Сачмо? Чисто онака прашувам дали знаеш кој е?
 
Битна е базата што ќе ја добие детето во текот на растењето по мое. Значи тргнувам од мене и од примери што ги знам. Ако детето има влијание од најблиските во апсорбирање на одреден вид уметност, таа почнува да гради база, основа, врз која истото ќе го надоградува понатамошното знаење преку интересот кој го стекнало. Во времето на касетофоните, јас ја имав привилегијата да ја слушам најновата алтернатива во тие 90-ти благодарение на продавницата во Прилепов за музички касети, и братучед ми пред се кој беше колекционер на истите. Тука некаде лежи мојата основа, и се понатаму е доразвивање на вкусот со нови звуци, но во глобала, 90 посто од музиката што ја слушам припаѓа во таа алтернатива.

Детето е уште под влијание на околината, зборувам значи за основата и тој првичен интерес кој го насочува кон одредена страна. Тоа ја слуша и почнува да ја соживува музиката на родителите, браќата, сестрите, другарите.

Влијание има и местото во кое излегува. На времето тука имаше еден кафич во кој младите можеа слободно да научат по некоја нова рок песна, да прошуркаат по нови бендови, да го зголемат видикот. Сега се лишени од таа можност, и од то шо имам анализирано можам да речам дека ,,производството на нова генерација" која треба да слуша таква музика е на најниско ниво. Едно се нема интерес, друго се нема од каде да се научи, трето чекаат на медиумите и затупуваат со некои геј ствари со по милион прегледувања.
 
Две интересни случки кои кажуват дека неигнорирањето понекогаш помага.

Случка еден: Седам на Свети Наум во Охрид во едно од ресторанчињата во еден од најпрекрасните амбиенти во Македонија опнале турбо фолк и српска музика абе око не им трепнува. Го викам конобарот и му кажувам „ Добро бе дечко како не ви е срам на вакво место турбо фолк да пуштате, ај види ако може смени ако не да станеме„. Дечкото се засрами и ја промени музиката.

Второ: Пред некој ден на една наша радио станица која пред се ја промовира македонската музиката , слушам во неколку наврати за време на музичка програма диџејот се опушти и почна да ропа некоја српска музика на граница на турбо фолк. Веднаш им пишав и од тогаш немам слушнато да пуштат такви бљувотини.

Така да особено таму каде што турбо фолкот се сервира мислам дека не треба да се игнорира.

А за ова секој има вкус , само ќе кажам дека турбо фолкот не е музика туку е социолошка аномалија настаната како резултат на војните во Југославија и како таков треба да се искорени од општеството ако сакаме да растеме здрави генерации.
 
Последно уредено:
Тебе ли ти реплицирав? Ама кога веќе сакаш да влегуваш во дуел со мене, тогаш сигурно комшиите ти се иста сорта. Можам да замислам како изгледа твоето маало. Ко на српски вашар да сме.
Него, си чул ти за Сачмо? Чисто онака прашувам дали знаеш кој е?
Така е, башка у населбата српска партија ми владее, не знаеш што праиме.

Не знам кој е Сачмо.
 
Пфф, нормално.
И за ова не сум изненаден.
Е сега, ќе ти кажам дека е срамота, голема срамота да не знаеш кој е Сачмо.
Со ова само го потврди она што е веќе кажано за луѓето кои слушаат турбо. Жалосно Рики, жалосно:(
 
И за ова не сум изненаден.
Е сега, ќе ти кажам дека е срамота, голема срамота да не знаеш кој е Сачмо.
Со ова само го потврди она што е веќе кажано за луѓето кои слушаат турбо. Жалосно Рики, жалосно:(
Не знам што да ти кажам, идам да си ја пуштам Кома од Аца и да се обесам, нема чаре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom