Ден 1. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 2. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 3. Одмор
Ден 4. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 5. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 6. Кардио
Ден 7. Одмор
Конкретно бодибилдинг тренингот не е егзактна наука. Тоа што функционира кај еден човек не мора да функционира кај другиот.
Кога би вежбал 3 мускулни групи во еден ден ќе го намалиш да речеме за една третина бројот на серии во однос како си ги вежбал кога си идел со една мускулна група дневно. Придобивка, на крајот на неделата повеќе ќе ги имаш стимулирано мускулите отколку при вежбањето на една мускулна група, од една страна, а од друга страна во период кога сакаш да удриш повеќе на дефиниција, ќе се здобиеш со повеќе потрошени калории во денот за тренинг.
Ај пробај да ги ставиш гради рамо и трицепс во еден ден, а грб бицепс и нозе во друг ден. Да, делува чудно и неможно овој тренинг да се изведе али пробај. Тие мускули што работеле за другите мускулни групи ги довежбуваш со серии само за нив подоцна. Најтешкиот прелаз е од гради на рамо, зашто туркањето е од сличен карактер, но можеш паметно да изиграш и тука. Пример еден тренинг ќе удриш коса за гради со шипка а рамна со еднорачни тегови, после ќе направиш потисок за рамо со шипка, а друг тренинг ќе удриш рамна со шипка а коса со еднорачни, па за рамо нема да правиш потисок со шипка туку со еднорачни тегови. Добивка, можеш да си дозволиш повеќе разноврсни вежби бидејќи двапати неделно ги стимулираш сите мускулни групи, тренингот не е монотон, пробувајќи ги сите вежби сфаќаш која подобро ја осеќаш за понатаму почесто да ја користиш итн.
Оваа комбинација делува тешка али пробај ја, јас ја вежбав 2 месеци, сега од понеделник ќе пробам друга, едноставно мора да се пробаат повеќе работи... Долг период вежбав по една мускулна група од тренинг, заглавив со напредок па решив да пробам други работи.