Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Дали е во ред тоа што вежбам 3 мускулни групи на ден ? значи еве да речеме вежбам 4 дена 1 ден кардио и 2 дена одмарам во неделата. На почетокот се осекав одлично и почнав да се поправам но сега осекам како некако да тапкам во место,свесен сум и знам за калориите и останатите работи но стрикно ме интересираше дали има некој што го пробал ова и дали има резултати ?
 
Кажи кои 3 групи,како ти се поделени.
 
Кажи кои 3 групи,како ти се поделени.

Ден 1. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 2. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 3. Одмор
Ден 4. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 5. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 6. Кардио
Ден 7. Одмор
 
Чим можеш после гради да вежбаш рамо,а и да вежбаш грб во исти ден со рамо,значи дека не вежбаш како што треба.Јас после гради ден,рамењата неможам да ги мрдам не па да ги вежбам..
 
Чим можеш после гради да вежбаш рамо,а и да вежбаш грб во исти ден со рамо,значи дека не вежбаш како што треба.Јас после гради ден,рамењата неможам да ги мрдам не па да ги вежбам..
Не на сите ги мава бенчот како тебе.
Некои го болат трицепси - некој го болат рамења - некои само градите.
Се е до формата и до не еднакво развиени помошни мускулни групи.
 
Не на сите ги мава бенчот како тебе.
Некои го болат трицепси - некој го болат рамења - некои само градите.
Се е до формата и до не еднакво развиени помошни мускулни групи.

Ц,факт дека ако може да го вежба рамото после денот за гради,нешто не прави како што треба.На крај краева,не е ни препорачливо да се вежба рамо после денот за гради,ради таа причина.
 
Ден 1. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 2. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 3. Одмор
Ден 4. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 5. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 6. Кардио
Ден 7. Одмор
Може да се вежбаат три мускулни групи на тренинг се додека во обзир го земеш и интензитетот и волуменот. Јас вежбам секој тренинг по 3-4 мускулни групи.
 
Ден 1. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 2. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 3. Одмор
Ден 4. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 5. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 6. Кардио
Ден 7. Одмор
ако сакаш 2 пати се еве ти мој предлог
1.гради предно и средно рамо , трицепс
2.грб задно рамо бицепс
3. кардио и вметни нозе/стомак
пак исто после
 
Може да се вежбаат три мускулни групи на тренинг се додека во обзир го земеш и интензитетот и волуменот. Јас вежбам секој тренинг по 3-4 мускулни групи.

Кои вежби ги правиш,што со што комбинираш и колку серии/повторувања правиш ?
 
Не на сите ги мава бенчот како тебе.
Некои го болат трицепси - некој го болат рамења - некои само градите.
Се е до формата и до не еднакво развиени помошни мускулни групи.
Реално нема да може да даде максимум на рамо ако претходниот ден удрил саглам тренинг за гради. Не само што при вежбање гради предното и средно рамо доста работат туку и обратно кога вежбаш предно рамо пекторалисот стабилизира, плус трицепсот неизбежно работи а тој ќе му е бајагички издуван од претходниот ден-гради. Подобро би му било да ги раздели градите од рамото.
 
Може да се вежбаат три мускулни групи на тренинг се додека во обзир го земеш и интензитетот и волуменот. Јас вежбам секој тренинг по 3-4 мускулни групи.

Дневниот внес на Калории и Протеини колку ти е ?
 
Ден 1. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 2. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 3. Одмор
Ден 4. Гради,Бицепс,Нозе
Ден 5. Грб,Рамо,Трицепс
Ден 6. Кардио
Ден 7. Одмор

Конкретно бодибилдинг тренингот не е егзактна наука. Тоа што функционира кај еден човек не мора да функционира кај другиот.
Кога би вежбал 3 мускулни групи во еден ден ќе го намалиш да речеме за една третина бројот на серии во однос како си ги вежбал кога си идел со една мускулна група дневно. Придобивка, на крајот на неделата повеќе ќе ги имаш стимулирано мускулите отколку при вежбањето на една мускулна група, од една страна, а од друга страна во период кога сакаш да удриш повеќе на дефиниција, ќе се здобиеш со повеќе потрошени калории во денот за тренинг.
Ај пробај да ги ставиш гради рамо и трицепс во еден ден, а грб бицепс и нозе во друг ден. Да, делува чудно и неможно овој тренинг да се изведе али пробај. Тие мускули што работеле за другите мускулни групи ги довежбуваш со серии само за нив подоцна. Најтешкиот прелаз е од гради на рамо, зашто туркањето е од сличен карактер, но можеш паметно да изиграш и тука. Пример еден тренинг ќе удриш коса за гради со шипка а рамна со еднорачни тегови, после ќе направиш потисок за рамо со шипка, а друг тренинг ќе удриш рамна со шипка а коса со еднорачни, па за рамо нема да правиш потисок со шипка туку со еднорачни тегови. Добивка, можеш да си дозволиш повеќе разноврсни вежби бидејќи двапати неделно ги стимулираш сите мускулни групи, тренингот не е монотон, пробувајќи ги сите вежби сфаќаш која подобро ја осеќаш за понатаму почесто да ја користиш итн.
Оваа комбинација делува тешка али пробај ја, јас ја вежбав 2 месеци, сега од понеделник ќе пробам друга, едноставно мора да се пробаат повеќе работи... Долг период вежбав по една мускулна група од тренинг, заглавив со напредок па решив да пробам други работи.
 
Немам шанси да вежбам гради и рамо,многу ми е тешко и не успевам да извежбам убаво рамо по што со гради почнувам,вака ќе терам како што пишав погоре уште некое време па ќе видиме како ќе биде
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom