Вечер имаме тешка утакмица, Виљареал се во страшна форма и на последните утакмици редат само убедливи победи. Тоа што се знае дефинитивно е дека сигурно нема да се бранат и ќе има голови на утакмицава, а не е невозможно да се повтори утакмицата што ја изигравме пред неколку месеци. Губевме 2-0 до 65 минута и на крај победивме 2-3 со два автогола на играчи од Виљареал и еден преубав гол од Меси. Не беше оваа утакмица како сите други, беше веднаш после смртта на Тито и ако се сеќавате на оваа утакмица се случи дешавката со Дани Алвес и бананата.