Сообраќајни прекршоци и казни

Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Да. Исто така и забраната за управување со возило во периодот 23-06.

Е сега не е премногу ригорозно, т.е. цајканите прогледуваат низ прсти.
Сигурен си ? Зошто само што ми кажаа дека била укината... :S
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Сигурен си ? Зошто само што ми кажаа дека била укината... :S
Кој ти кажа?

Ке почекаме некој од правнициве да се огласи, или Данџн мастер, тој е цајкан треба да е во тек со законите :)
 
dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
I ja prv pat slusam !

Ama ke proveram pa da vi kazam
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
za toa navecer da ne vozat ne se slagam. a za nad 100hp se slagam da nesmeat da vozat zatoa sto sekoe tatino i mamino since zema jaka kola i posle ima soobrakjajki epa ke ima
 
Член од
30 април 2009
Мислења
43
Поени од реакции
2
So kolku cajkani samo se imam raspravano. Fakt e deka se glupi. Me imaat fateno nekolku pati letva pijana, ama, gi vrtam kako sakam. Kazna ne mi pisale do sega.:pos2:
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
So kolku cajkani samo se imam raspravano. Fakt e deka se glupi. Me imaat fateno nekolku pati letva pijana, ama, gi vrtam kako sakam. Kazna ne mi pisale do sega.:pos2:
Само за фалење си. :uvo:
Ај што си пиела ама уште и се фалиш што возиш и не те казнуваат. Ем си се ставаш под ризик сама себе, ем сите во автомобилот кои ги возиш. Срамота.

Инаку нема промени сеуште си важи тоа дека после 23 часот лица со возачко искуство под 2 години мора да возат само со придружба на лице постаро од 25 години и со возачка дозвола постара од 2 години.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
So kolku cajkani samo se imam raspravano. Fakt e deka se glupi. Me imaat fateno nekolku pati letva pijana, ama, gi vrtam kako sakam. Kazna ne mi pisale do sega.:pos2:
Па ради ваквиве како тебе го воведоа тој глуп закон да не се вози сам од 23 до 6. Гајле ми е за тебе што ќе се повредиш некој ден, може некој невин да настрада.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
za toa navecer da ne vozat ne se slagam. a za nad 100hp se slagam da nesmeat da vozat zatoa sto sekoe tatino i mamino since zema jaka kola i posle ima soobrakjajki epa ke ima
Типично клошарско и лузерско мислење.
Не знам што тебе те боли уво кој каква кола вози ако ја заработил чесно...

За апсурноста на овој закон говорат многу факти. Но еве ќе набројам неколку во врска со тоа сообраќајките.
Прво, силата на моторот не е единствениот фактор којшто одлучува како се движи колата, со која брзина и со кое забрзување.
На пример, имаш една кола што е тешка тон и 200 да речеме, а има силна на мотор од 90 bhp. Наспроти колата, земи џип којшто е тежок 2.5 тона, па нормално да има и повеќе од 100 bhp. Колата во секој случај би имала поголемо забрзување и поголема максимална брзина. Така што, не гледам што е поентата во ова освен собирање пари од граѓаните.
Второ, овој закон не е компитабилен со нашиот стандард. Што станува со оние семејства кои имаат еден автомобил посилен од 75 kW ?
Треба да го продадат за да купат некој со послаб мотор или пак да ги остават децата без кола до 21 година ? Да не ја коментирам апсурдноста на висината на казните !! 400 евра ? Па колку луѓе во Македонија можат да платат бе толкава казна ? Што треба во затвор да одат ако возат после 11 или ако возат посилна кола ?
Трето, од каде е тоа мислење дека младите предизвикуваат повеќе прекршоци од постарите возачи ? Поради тоа што неколку будали возат начукани навечер треба да се казнат сите млади ? Па ако некој бил будала на 18, ќе си остане и на 35 и на 40 години !
Од друга страна пак, постарите лица, кои што реално се помалку способни да возат автомобил, да не речам едвај се движат, а не па да возат, не се спречени во ниту една работа...

Не знам што да коментирам повеќе, разгледајте ги законите од други земји. Видете пример какви ограничувања имаат младите во Британија... Но океј, ако и понатаму мислите дека Британците се подобри возачи од нас или пак ние сме по развиена демократија од нив, па затоа и имаме вакви закони, нека си стојат и нека ни е со среќа !
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
So kolku cajkani samo se imam raspravano. Fakt e deka se glupi. Me imaat fateno nekolku pati letva pijana, ama, gi vrtam kako sakam. Kazna ne mi pisale do sega.:pos2:
Како ги вртиш, цицка може им покажуеш? Малоумност до бескрај, доста те пуштиле да не плаќаш енормно високи казни па и глупи ги правиш.
Запрашај се кој е глупиот, нареден пат кога ќе влезеш у кола пијана :uvo:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Типично клошарско и лузерско мислење.
Не знам што тебе те боли уво кој каква кола вози ако ја заработил чесно...

За апсурноста на овој закон говорат многу факти. Но еве ќе набројам неколку во врска со тоа сообраќајките.
Прво, силата на моторот не е единствениот фактор којшто одлучува како се движи колата, со која брзина и со кое забрзување.
На пример, имаш една кола што е тешка тон и 200 да речеме, а има силна на мотор од 90 bhp. Наспроти колата, земи џип којшто е тежок 2.5 тона, па нормално да има и повеќе од 100 bhp. Колата во секој случај би имала поголемо забрзување и поголема максимална брзина. Така што, не гледам што е поентата во ова освен собирање пари од граѓаните.
Второ, овој закон не е компитабилен со нашиот стандард. Што станува со оние семејства кои имаат еден автомобил посилен од 75 kW ?
Треба да го продадат за да купат некој со послаб мотор или пак да ги остават децата без кола до 21 година ? Да не ја коментирам апсурдноста на висината на казните !! 400 евра ? Па колку луѓе во Македонија можат да платат бе толкава казна ? Што треба во затвор да одат ако возат после 11 или ако возат посилна кола ?
Трето, од каде е тоа мислење дека младите предизвикуваат повеќе прекршоци од постарите возачи ? Поради тоа што неколку будали возат начукани навечер треба да се казнат сите млади ? Па ако некој бил будала на 18, ќе си остане и на 35 и на 40 години !
Од друга страна пак, постарите лица, кои што реално се помалку способни да возат автомобил, да не речам едвај се движат, а не па да возат, не се спречени во ниту една работа...

Не знам што да коментирам повеќе, разгледајте ги законите од други земји. Видете пример какви ограничувања имаат младите во Британија... Но океј, ако и понатаму мислите дека Британците се подобри возачи од нас или пак ние сме по развиена демократија од нив, па затоа и имаме вакви закони, нека си стојат и нека ни е со среќа !
Типично клошарско мислење... ако не ти купи тато BMW со 200 кс, кој е способен со 18 години да купи кола од 50.000 евра?

А тоа со силата на возилото не е џабе измислено. Поради такви квази шоферишта кои возат 200 кс возило а имаат се на се 50 часа возено сосе авто школа, се прават сообраќајките. И најчеста причина е неприлагодена брзина според условите на патот - пребрзо возење.

За цените на казните не коментирам, бидејки се делат селективно. Да важат за сите без разлика кој ти е татко или дали си член на ВМРО или СДС нека бидат и двојно поголеми, не ми сметаат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207

Од правилото за поголема моќност и поголема брзина има многу исклучоци, значи не е правопропорционално. Како пример (иако не е патничко возило) е моќност на тракторите со многу мала брзина. Битни се нели и други параметри. Преносот на моторот... Но и за мене е апсурдно ова. Доколку е забрането, зошто се дозволува истото да се продава? Дали не ќе е подобро да се ограничи увозникот со возила кои соодветсвуваат на законите кај нас? Исто како да казниш корисник на дрога, а дилерот слободно да продава. А самата брзина исто не е репер за незгода. Појаките возила имаат многу безбедносни уреди. Послабиот стојадин со излижани гуми и со 60 км/ч може да направи сообраќајка. Друг пример се моторчињата (веспи и слични) кои сопствениците ги преуредуваат и појачуваат со одредени делови (според самото нивно кажување) за да возат побрзо, а да се под кубикажата за полагање испит.

За цените, пред некој ден кажаа дека во Финска донеле одлука за плаќање казни според примањата на оној кој се казнува. Инаку и тука има апсурди (за поминување со мотор низ пешачка зона помалку се казнува отколку 50 евра за плукање).

А и за она возење на почетник ноќе. Многу од долгогодишните шофери пречесто се понеспретни од почетниците. едно што дел од почетниците се само почетници на хартија, а друго што некому во гените му е да има осет за простор и возење воопшто. Дури ако размислиме и од друг аспект (барем за Скопје), полесно човек ќе се снајде ноќно време отколку денски -ради густината на сообраќајот и хаосот во него.

У ствари дали воопшто после извесно време некој од надлежните кои ги следат состојбите во сообраќајот, седнал, сумирал и извадил просек колку е подобрена состојбата со вакви мерки и дали треба овие да се изостават, а да се преземат други?
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Кој да седне а бе тие намерно поставуваат знаци за ограничување на брзината на места кои се тешко видливи и после 150 метри стои полиција и само лепи казни. намерно прават им требаат пари го цицаат народот ко пијавица да ни се залепила на нозеве.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Типично клошарско мислење... ако не ти купи тато BMW со 200 кс, кој е способен со 18 години да купи кола од 50.000 евра?

А тоа со силата на возилото не е џабе измислено. Поради такви квази шоферишта кои возат 200 кс возило а имаат се на се 50 часа возено сосе авто школа, се прават сообраќајките. И најчеста причина е неприлагодена брзина според условите на патот - пребрзо возење.

За цените на казните не коментирам, бидејки се делат селективно. Да важат за сите без разлика кој ти е татко или дали си член на ВМРО или СДС нека бидат и двојно поголеми, не ми сметаат.
Можам да разберам сечија исфрустрираност, но навистина патерично е кога оди по ваква линија на очај.
Имено, и покрај тоа што никој не спомна скапо ауто со голема коњажа, туку го разгледувавме законот и причините за неговото постоење во случај кога не е присутен во други поразвиени земји, ти како слеп за стап се зафаќаш за "богаташите", прикажувајќи омраза кон либерализмот, капитализмот, сите имотно или богати, односно сите успешни, со што единствено ја манифестираш сопствената минорност, неисполнетост и не успешност како личност ! Не велам не, сосема природно е да се вели дека сите што имаат нешто краделе, дури можеби и потсвесно на тој начин се ствара алиби за сопствената пропаст. Но сепак, зарем не мислиш дека е не здраво и извитоперено, имотот и парите јавно да се мразат, а потајно толку многу да се посакуваат ? И не туку тртљај дека е поинаку, зошто ќе лажеш ! На осумнаесет години, не од 50.000 евра, туку не постои човек што е способен да купи било каква кола, барем не во Македонија ! Тоа не значи дека не треба да возат младите !

Понатаму, никаде не реков дека силата на возилото е џабе измислена... се има своја причина ! Само што сите показатели укажуваат на тоа дека е само уште еден начин да се полни буџетот, а да се празнат нашите џебови ! Сега океј, јасно ми е дека тебе како искусен возач на дваесе години и жилет ти пречат младите возачи, не се толку спретни како тебе, уште ги немаат поминато твоите стотици илјади километри за да бидат искусни возачи.... но ете, што да правиме, добиле дозвола која вели дека се способни да возат. Не половично способни, туку способни, ако си способен да интерпретираш...

Кои се причините за сообраќајќите не би сакал да коментирам. Немам информација дека најчеста причина за нив е пребрзото возење (од страна на младите), но и ти ја вадиш од ракав, така да нема некаква валидност... Дури и да е онака како што тврдиш дека е, не постои причина да се казнуваат сите млади. Едноставно треба да се казнат оние кои ги прекршуваат правилата, а од моето искуство повеќе такви се поприлично возрасни личност, само за пример земете ги таксистите, како тие возат и какви прекршоци прават за да стигнат по патник... нема потреба да одите до таму што би ги анализирале шоферите од јавен сообраќај кој што се претркуваат со веќе антиквизираните автобуси. А за казните не знам што да ти кажам, ако имаш пари плаќај ги, последниот пат кога ги разгледав луѓето околу мене, по исплатливо им беше да одлежат еден месец отколку да ја остават фамилијата без леб...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom