Dzish
unlike any other...
- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 13.994
- Поени од реакции
- 2.689
- Возраст
- 38
За она првото болдирано: Колку си сигурен дека го нема? Јас колку што знам ко препишаја законот од европскиот устав, така да биди сигурен дека го има. Особено делот со коњажата.Можам да разберам сечија исфрустрираност, но навистина патерично е кога оди по ваква линија на очај.
Имено, и покрај тоа што никој не спомна скапо ауто со голема коњажа, туку го разгледувавме законот и причините за неговото постоење во случај кога не е присутен во други поразвиени земји, ти како слеп за стап се зафаќаш за "богаташите", прикажувајќи омраза кон либерализмот, капитализмот, сите имотно или богати, односно сите успешни, со што единствено ја манифестираш сопствената минорност, неисполнетост и не успешност како личност ! Не велам не, сосема природно е да се вели дека сите што имаат нешто краделе, дури можеби и потсвесно на тој начин се ствара алиби за сопствената пропаст. Но сепак, зарем не мислиш дека е не здраво и извитоперено, имотот и парите јавно да се мразат, а потајно толку многу да се посакуваат ? И не туку тртљај дека е поинаку, зошто ќе лажеш ! На осумнаесет години, не од 50.000 евра, туку не постои човек што е способен да купи било каква кола, барем не во Македонија ! Тоа не значи дека не треба да возат младите !
Понатаму, никаде не реков дека силата на возилото е џабе измислена... се има своја причина ! Само што сите показатели укажуваат на тоа дека е само уште еден начин да се полни буџетот, а да се празнат нашите џебови ! Сега океј, јасно ми е дека тебе како искусен возач на дваесе години и жилет ти пречат младите возачи, не се толку спретни како тебе, уште ги немаат поминато твоите стотици илјади километри за да бидат искусни возачи.... но ете, што да правиме, добиле дозвола која вели дека се способни да возат. Не половично способни, туку способни, ако си способен да интерпретираш...
Кои се причините за сообраќајќите не би сакал да коментирам. Немам информација дека најчеста причина за нив е пребрзото возење (од страна на младите), но и ти ја вадиш од ракав, така да нема некаква валидност... Дури и да е онака како што тврдиш дека е, не постои причина да се казнуваат сите млади. Едноставно треба да се казнат оние кои ги прекршуваат правилата, а од моето искуство повеќе такви се поприлично возрасни личност, само за пример земете ги таксистите, како тие возат и какви прекршоци прават за да стигнат по патник... нема потреба да одите до таму што би ги анализирале шоферите од јавен сообраќај кој што се претркуваат со веќе антиквизираните автобуси. А за казните не знам што да ти кажам, ако имаш пари плаќај ги, последниот пат кога ги разгледав луѓето околу мене, по исплатливо им беше да одлежат еден месец отколку да ја остават фамилијата без леб...
А за она со цените и можноста за купување коли... поентата ми беше дека лесно е да искршиш ХХ.000 евра кои не си ги заработил ти. Седни заработи, па да видиш како ке ти биде кога некој ке ти ја гребне колата, а камо ли да ја слупаш.
Второто болдирано: Бато живееме во капиталистичко општество. Тоа се придобивките од него, секој гледа на секаков можен начин да ти ги извлече парињата од џебот, вака или онака. А дека мене ми сметаат почетниците, се лажиш, воопшто не ми сметаат. Ми сметаат размуслувањата и летањето на младите со умот дека се можат да направат.
третото болдирано: Информацијата не ја вадам од ракав, туку е од МВР. Ако беа проблематични и најголеми прекршувачи на законот возачите кои што имаат 40 години, нив ке им се забранеше управување со силни возила. За таксистите и возачите на автобуси можам да речам едно нешто. Да си таксист во Англија, треба да поминиш 8 годишно школо за таксисити. Кај нас во Македонија на секоја доодена Лада можат да стават табла TAXI и да ја возат. Најголем дел од метежот во градовите се создава поради нивната вина, немањето на доволно паркинзи и проектираноста на сите Македонски градови за возила 2/3 помалку од она што го има денес.
Како и да е законот е тој што е, не верувам дека ке го укинат, но и не е толку ригорозен. Полицијата знаејки ја нашата економска состојба проголедува низ прсти најмногу за овај закон, така да и како почетник можеш да возиш возило појако од 100 кс а и да го возиш после 11.