Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Појди во пошта прашај ако е стигната ќе ти ја дадат .
 
На седми овој месец купував од Ebay, aрно ама не ми дадоа трекинг број на пратката. И претходно без трекинг ми стигале, ама овојпат решив да му пишам на кинезот, вика дека ја пратил по economy delivery, па после предлага refund и да почекаме уште неколку дена. Некој предлог?
 
имам порачено од ибеј и ми вели испорака Estimated deliveryThursday, July 10- Friday, Aug. 1 еве утре е 1 август но пратката сеуште никаде ја нема а на 17 трак нема никакви информации , што може да му е маката?
 
На 2ри отвори dispute, објасни им дека не ти е стигната сеуште и барај да ти вратат парите
 
На седми овој месец купував од Ebay, aрно ама не ми дадоа трекинг број на пратката. И претходно без трекинг ми стигале, ама овојпат решив да му пишам на кинезот, вика дека ја пратил по economy delivery, па после предлага refund и да почекаме уште неколку дена. Некој предлог?
Почекај недела дена и сеуште ако не стигне, преку dispute барај рефунд
 
Почекајте уште малку, поштариве се по одмори. Само внимателно со рокот за приговор.
 
Како мислиш внимателно со приговорот? Инаку ќе почекам до вторник, среда па ако не стигне дотогаш ќе отворам dispute.
 
Внимателно со рокот за приговор. Да не го испуштиш рокот чекајќи го поштарот.
Ако нешто не е стигнато, обично претпоследниот ден отварам диспјут. На тоа продавачот обично ќе те замоли да причекаш уште некој ден. Диспјутот е отворен еден месец и во 95% од случаевите пратката стигнува во тој период. Ако не, 2-3 дена пред истек ќе пишеш порака дека си чекал и не е стигнато и ќе го замолиш за рефундација. 99,9% враќаат веднаш, за останатите отвараш случај и добиваш.
Или ќе стигне пратката или ќе ти ги вратат парите. Само да не се злоупотребува.
 
Дали можам да порачувам од AliExpress со Маестро дебитната картичка од NLB Тутунска банка, или морам да извадам Visa Electron?
 
Внимателно со рокот за приговор. Да не го испуштиш рокот чекајќи го поштарот.
Ако нешто не е стигнато, обично претпоследниот ден отварам диспјут. На тоа продавачот обично ќе те замоли да причекаш уште некој ден. Диспјутот е отворен еден месец и во 95% од случаевите пратката стигнува во тој период. Ако не, 2-3 дена пред истек ќе пишеш порака дека си чекал и не е стигнато и ќе го замолиш за рефундација. 99,9% враќаат веднаш, за останатите отвараш случај и добиваш.
Или ќе стигне пратката или ќе ти ги вратат парите. Само да не се злоупотребува.
Па еве на мене вчера беше последниот рок 1 август и пратката ја нема уште, да отворам диспјут или не?[DOUBLEPOST=1407002215][/DOUBLEPOST]еве го контактирав продавачот отидов на тоа контакт селер и пишав порака сега тој има време до 8 август да ми даде одговор ако не го стори тоа треба да ги контактирам ибеј и тие да го решат случајот за 48 часа па ќе видиме.
 
Последно уредено:
Сакам да го порачам ова од ebay , некој искуство со ваква работа ?? да го испрати како gift ?

Фала
 
Па еве на мене вчера беше последниот рок 1 август и пратката ја нема уште, да отворам диспјут или не?[DOUBLEPOST=1407002215][/DOUBLEPOST]еве го контактирав продавачот отидов на тоа контакт селер и пишав порака сега тој има време до 8 август да ми даде одговор ако не го стори тоа треба да ги контактирам ибеј и тие да го решат случајот за 48 часа па ќе видиме.
Рокот за отворање на диспјут е 45 дена од нарачката, но не може да се отвори доколку не е изминат рокот за испорака даден од продавачот.
Добро си направил, сега чекај одговор. Најверојатно ќе одговори да почекаш уште некој ден. Диспјутот стои отворен 30 дена, значи имаш 30 дена од датумот на отворање да отвориш случај до ибеј, но тоа во случај да продавачот не одговара или нешто матка, што ретко се случува,
 
Ја направив првата нарачка на али експрес на 12 јули. Уште од пред недела дена видов дека веќе пишува деливерд а сеуште не ми е стигнат производот. Им пишав и ми дадоа страна за следење. Пишуваше дека е стигнат во Македонија во office of exchange 1003 (предпоставувам дека тоа е пошта) Прашањето ми е, дали можам сам да идам таму(и каде е тоа) да си го подигнам наместо да чекам да ми го донесат дома ?
 
Ќе ти дојде дома писмо за ден два и од пошта се зема со ливчето.
Ја имам друг проблем ми стаса друг производ т.е не е таков како што нарачав јас како да се жалам во алиекспрес за ова ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom