Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Led zeppelin за инаД на сите!
И уште едно нешто не ми е јасно, до кога бе луѓе ќе споредувате 2 бендови од различни жанрови? Ајде да речете AC DC со ZZ Top и двата се со 4,5 рифа и исто се досадни...Ама вие Pantera со The velvet underground.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Флојд дефинитивно, али ќе се сложам со членот претходно дека не се баш за споредување.
Еднакво се влијателни, Цепелин во хеви метал, Флојд во прогресив и алтернативен рок.
Но јас идам со Флојд, покреативни ми се и повеќе ми лежат на душава.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Океј, нема да гласам, ама ќе си пишам како сум го доживеал секој албум и од едните и од другите.

Почнувам со Флојд, пошто водат на темава ми се чини:

The piper at the gates of dawn - одличен албум. Барет <3
A saucerful of secret - исто одличен
More - просек.
Unmagumna - срање, човече, не знам како воопшто го снимиле тоа
Atom Heart Mother - првиот од златната тројка, од првиот врвен период на бендов
Meddle - вториот од тој период
Obscured by clouds - третиот одличен
The dark side of the moon - срање, човече, како денешните MTV хитчиња, со исклучок на 2-3 песни
Wish you were here - исто срање. Ама помало срање од тој над него
Animals - можеби најслушаниот ми албум од Флојд. Ептен го сакам. Ваљда и најдобар ми е тој.
The Wall - нејќум рок опери, ама ова е солиден албум. Не е Енималс, ама е одличен.
The Final Cut, Momentary lapse of reason, The Division Bell - може поголемо срање и од Unmagumna.

Ај сега Цепелин.

Кецот и двојката ги имам слушано дење вечер со месеци. Прееекрасни албуми. Не знам дали и шо плагијати има или имало, ама тие албуми имаат солажи, рифови, вокали, текстови истерани до совршенство.
Тројката у глобала не го сакам. Се истото пак истото како претходните два. Се заситив. Не е лош албум, ама не е кецот и двојката.
Четворката е солиден, подобар од тројката, полош од првите два.
Houses of the holy - ух, тоа интро на албумов никад нема да го заборавам. Преубав доживљај е албумов.
Physical Graffiti - ич не ми се допадна. Го слушнав неколку пати тогаш на времето, ама ич не ми влезе у уво. Ниедна песна не ми остави впечаток.
Од друга страна Presence си го сакам многу. Далеку посилен и подлабок албум.
In through the out door - meh.

Кода го немам слушано.

И така.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Не претерувајте со разликата меѓу бендовите :)

Имаат допирни точки, и двата буфтаат прогресив и двата се класик рок. Е сега едниве шо вметнале повеќе психоделија , а другите да речеме хард рок елементи е друг муабет(факт) на кој се фаќате со право, али го занемарувате првиот како да не постои. А впрочем и тоа е интересното, да споредиш два култни бенда и да видиме кој што милува повеќе од членовите. Ако ви ги поставев Цепелин со Gentle Giant од старт вториве ќе ги исклоцав(ме)те.

Вака помачете се малку во размислувањето, што повеќе ви лежи и претпочитате. :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Интересен дуел морам да речам. Пред се работи за два бенда што изворедно, маестрално у стил на оперска филхармонија им се склопени песните и музиката. Да не знаеш кој е подобар у тоа, дали Флојд со различните ефекти што ги додаваат за да ја појачаат психоледијата, или извонредната композиција и склоп на Бонам, Пејџ и остала дружина.
Албумите на двата бенда неможам и нејќам да ги спроедувам затоа што ги доживувам и слушам различно. Флојд ми беа еден од почетните бендови кога почнав со рок музика да се запознавам, и у тие години кога одговарав во себе на светски мистерии и прашања за општетство и слично таман ми се вклопија со психодлеијата и пораките.:D Плус еден од најкомерицијализирани бендови со Wish You Were Here и Dark Side Of The Moon се, нема кој не ги знае. Првата песна што ја научив да ја свирам на гитара е баш wish you were here заради лесните акорди.:noze:
Но баш затоа сега кога ќе размислам, иако изборов е тежок затоа што се работи за два многу сакани, почитувани бендови за мене, столбови на рок музика, мојот глас иде за ЛЗ баш поради нивната музикалност и композиција, затоа што со толку музички инстументи, текстови и гласишта е навистина ремек дело се нивно направено, нешто за восхит и севременски.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Флојд. За баланс.
 

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Ептен гради вгради е споредбава, неможам да се одлучам. Ги слушам и двата бенда , ги поштувам, ако веќе морам да бирам нека биде Zeppelin.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Сакаш Ферари или Ламборџини? јас ги сакам двете.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.132
Поени од реакции
13.258
И двете се поими за легендарни беднови, не слушам до толку таква музика за сите албуми да им ги иам преслушано, ама од овие попознативе што ги имам слушано некако Цепелин повеќе ме имаат дирнато, далеку од тоа дека Флојд ме немаат или дека помалку вредни песни имаат од Лед, ама ете овие некако поише на душа ми се
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Мило ми е шо за овие бендови се покажа огромен интерес, озбилно најозбилно. Пошто гледам дека има огромна заинтересираност како никогаш претходно, оставам уште еден ден за ,,гласање" демек :) Немам изброено, али од тоа што пратам премногу тесно треба да биди.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Од то шо преброив 11-11 треба да е :D (по претпоставка да коментарот од Invader чинам беше кој упатува на Флојд, а не е директно кажано пример ФЛОЈД, го сметаме).
Ако сака некој нека преброи ќе сменам не е проблем.

Нареден дуел METALLICA vs MEGADETH



vs

 

Kajgana Shop

На врв Bottom