Македонски фудбалери во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
U svojoj dosadašnjoj karijeri, Mitrevski je nastupao, osim Metularuga, za Rabotnički, Tetovo, Kičevo i Prilep. :pos:

Превземено од официалната страна на ФК Сарајево по потпишувањето со сега веќе екс играчот на Металург, Ристо Митревски

20teyqt.jpg


Се испофали Рики на фејсбук мислиш за Реал Мадрид потпишал.Една Босанска лига не помина :facepalm:
Веќе наредниве години очекувам нашиве да се радуваат ако направат трансфери и во Сан Марино,Андора,Малта итн..
 
20teyqt.jpg


Се испофали Рики на фејсбук мислиш за Реал Мадрид потпишал.Една Босанска лига не помина :facepalm:
Веќе наредниве години очекувам нашиве да се радуваат ако направат трансфери и во Сан Марино,Андора,Малта итн..
Не си во право.
Малезиецов може да ги протне во појаки клубови тие што ќе се покажат во Сарајево. Клубов има големи амбиции од кога дојде новиов газда, а верувам дека Крсте и Рики ќе земаат барем 5-6 пати подобра плата од тоа што го земале во Тетекс/Металург и Работнички.

А крај краева, и со оглед на тоа каква ни е лигава веруј дека Андора и Малта сигурно имаат подобри услови од нас. По нививе ни нашиве пропалици не сакаат да играат, па ка ќе видим дека некои од клубовиве сакаат и странци да привлечат...не знам дали да плачем или да се смеем.
 

Голиште. Со овој гол Латина е многу блиску до финалето од плејофот кое води во Серија А.
 
Александар Далчески (23) од вчера е на проба во тимот на Плзен, во еден од најголемите клубови во Чешка. Учесник во два наврати во групната фаза од Лигата на шампионите во последните 4-5 години.
Играчот за врска на Металург значи е пред можен трансфер во Чешка. Инаку, Далчески веќе три сезони го носи дресот на „железарците“ и е важна „алка“ во играта на нашиот и оваа сезона, евро претставник. Инаку, во случај на пробата да ги задоволи вкусовите на стручниот штаб на Плзен, овој клуб ќе мора на Металург да му исплати соодветна отштета зошто Далчески е под важечки договор со „железарците“. Да потсетиме дека пред неколку денови Металург ги пушти во Гент (Белгија) Марјан Радески и Андреј Ефремов, претходно исто и Ристе Митревски се пресели во Сараево (БиХ). Па така ова може да биде четврти трансфер во странство на еден фудбалер на Металург.
 
Кои менаџери ги имаат овие фудбалери на Металург? Браво ако успее Делчески да оди во Плзен. Од Металург директ во прва Белгиска лига и ова во Чешка (ако испадне) не е мала работа. Обично „ѕвездите“ од нашата лига одеа во Казахстан (Филип Ивановски) и сега гледам во Тајланд ќе имаме (Борче Маневски)
 
За пукање во слепоочница е ова
 
Тричковски,каква грешка од него ... има одличен квалитет и слободно можеше да оди во далеку поквалитетни клубови и лига ... Сепак он одлучи парите и сигурната врска со ех тренерот негов од Апоел .... :(
 
Трајковски (Варегем), Зајков (Рен), Дамчевски (Бреда), браќата Бабунски, Ристовски (Парма), Сулејманов (Јанг Бојс), Димитриевски (Гранада), Ибраими па и Георгиевски. Последните двајца се надевам ќе најдат добар клуб. Во тие играчи е надежта за да се израдуваме некогаш. Можеби има уште некој надежен, но на тие ми текна засега.
 
Трајковски (Варегем), Зајков (Рен), Дамчевски (Бреда), браќата Бабунски, Ристовски (Парма), Сулејманов (Јанг Бојс), Димитриевски (Гранада), Ибраими па и Георгиевски. Последните двајца се надевам ќе најдат добар клуб. Во тие играчи е надежта за да се израдуваме некогаш. Можеби има уште некој надежен, но на тие ми текна засега.
Како му е договорот на овај ? Да ги изигра квалификациите со Работнички па да оди ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom