The Leftovers

  • Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Пак на иста фора серијава, пушти 10 паралелни приказни кои на прв поглед немаат никаква логика и чекај објаснување цела сезона. Изгледа ова е добитна комбинација да створиш почетен интерес, па после останува на серијата ако е квалитетна да направи име. You had my curiousity, but now you have my attention. Ме потсеќа на Alcatraz и Under the Dome многу повеќе него на LOST, LOST беше многу добра и мислам дека не е фер да се споредува со оваа.

Ќе ја гледам пошто сум sucker за мистерии и немам друга серија која моментално ја следам. Интересна делува на почеток, можеби не е на ниво на HBO но не ми пречи, расположен сум за една ваква light серија. Глумата во главно е ОК и музичето е напнато и одговара.

П.С. Arwen колку е остарена!
Споредбата со Lost е неминовна затоа што и двете се на Линделоф. Провејуваат елементи од постарата тука. Колку и да не сакаме тоа да го признаеме - така е!
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.123
Поени од реакции
341
Премногу заплеткано! Еве поминаа две епизоди а ништо не се има барем малку подразјаснето, напротив, станува се позаплеткано и позаплеткано. Нови ликови, нови приказни. Дејството се движи бавно ама серијата е добра и квалитетна. Мислам дека ќе достигне голем успех. Сепак се работи за ХБО продукција. Малку ми смета тоа што една епизода е речиси еден час а можат да ја спаковаат во скромни 40-тина минути и никој да не добие впечаток дека дејството е бавно и развлечкано. Во првата епизода ми беа многу морничави овие од култот. Замисли, седиш во кафуле приквечерина и гледаш низ прозорецот жена облечена во бело и „пуфка“ цигара. Морничаво, не? Сето мистерија до мистерија, оставам подетален коментар после неколку изгледани епизоди. :)
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.117
Поени од реакции
9.067
Абе имаше нешто напишано на плаката на ѕид за тоа зашто пушат цигари нон стоп ама ја избришав епизодата. Ако го најде некој нека го постира.

За жена му на овој моја претпоставка е дека ја варал со некоја па оваа открила. Нешто како да му напиша "I remember" или така нешто, или нешто друго неопростиво се случило. Тоа ми текнува сега одкога ми легнаа епизодите. Може со повторно гледање да се открие некој детал ама не вреди до толку замарање за серијава, секако ќе се открие понатаму.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.757
Поени од реакции
52.724
Абе имаше нешто напишано на плаката на ѕид за тоа зашто пушат цигари нон стоп ама ја избришав епизодата. Ако го најде некој нека го постира.
We don`t smoke for enjoyment, we smoke to proclaim our faith.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.123
Поени од реакции
341
Мене не ми е јасно дали исчезнатите воопшто ќе се вратат или пак ќе се зборува само за нивното заминување? На фејсбук страната на ХБО Македонија, имаат поставено слики - на едната страна преостанат на другата исчезнат. Веројатно имаат некаква врска и би требало да се вратат бидејќи не случајно се објавени и нивните ликови. Кој знае, ќе видиме понатаму.
 
H

HoT IcE

Гостин
Ја читав на Гардијан едно ривју на некој критичар и во него имаше мало Q&A со Линделоф и тој потврди дека серијава нема да се фокусира на натприродното, туку на драмата и животите на луѓето што останале и какви се последиците.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ми се допаѓа текот на серијата, само се надевам нема се да се развлече до недоглед.

Црнецот е интересен лик. Не дека е психо, туку се случи баш тоа што го предвиде дека ќе се случи.

И мене ме нервираат близнаците. Не ради Очајни Домачинки, туку од Teen Wolf. Gah!
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.117
Поени од реакции
9.067
Ако за нешто го бива овој Damon Lindelof тоа е развој на ликови, цела епизода ја посветија на еден лик и добро го одработија. Уште многу работи не се јасни но полека се насетува некоја поврзаност.

Може да се споредува со LOST, признавам, не во квалитет туку во сличности во начинот на раскажување на приказната и развој на ликовите. Може е малку поспора и чудна ама добро се развива засега, има квалитетна глума и добра музика. Продукцијата е исто на ниво.

Овие беливе ќе бидат битен фактор.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Тагнете ме кога ќе се подразјасни нешто:) Не гледа серијава со една епизода неделно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.334
Тагнете ме кога ќе се подразјасни нешто:) Не гледа серијава со една епизода неделно.
Искрено, не верувам дека ќе се разјасни нешто. Беше напоменато дека серијата ќе се фокусира на „преостанатите“ и нивното справување во „постапокалиптичниот“ свет (условно, доколку 14 октомври го сметаме за апокалипса, што во одредена мера и е). Барем во првава сезона, сметам дека ништо нема да дознаеме за исчезнатите.

Инаку - епизодава беше одлична! Нов лик, но перфектно го извајаа.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Океј е, ама не сум толку импресиониран од првиве три епизоди.
Третава епизода беше најдобра, страшно добро го претставија "Докторот", пилотот беше океј, втората најслаба.
Ама пак има некоја мистика секоја епизода, интересна иако ако судиме само според пилотот на Extant повеќе ми се свиѓаше. Ќе продолжам да ја гледам, ако ништо повеќе првава сезона сигурно ќе ја догледам, мислам дека 13 епизоди се планирани.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.123
Поени од реакции
341
Третата епизода беше најдобра до сега! Ко прочитав тука дека целата епизода била посветена на еден лик, си реков: ОМГ, после втората послаба епизода изгледа следи упте послаба трета епизода. Ама тотално сум погрешил. Иако посветена на еден лик, сепак јас ја изгледав епизодава без да трепнам. Цело време беше интересно. Секоја чест, Линделоф.
А, дали го видовте промото за следните недели што ќе се случува? Извонредно! Ова станува се подобро и подобро.
 
H

HoT IcE

Гостин
Баш тоа сакав да го пишам, после епизодава го ѕирнав интрото за следна(а тоа никогаш не го правам) и сега со нетрпение ја чекам следната. Иначе третава епизода одлична, многу убава разработка на ликот и имаше добри, морбидни сцени посебно со женаму. Не знам, серијава е посветена максимално на развојот на ликовите и самата драма и со секоја епизода се повеќе се интензивира тоа, сеа сфаќам зошто серијава е уште една коцка за ХБО, и самите така рекоа. Ама како и да е, мене ми се допаѓа.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.123
Поени од реакции
341
Промото на крајот од епизодата? Тоа беше за следните недели, не конкретно за следната епизода.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.374
Мене не ми е јасно дали исчезнатите воопшто ќе се вратат или пак ќе се зборува само за нивното заминување? На фејсбук страната на ХБО Македонија, имаат поставено слики - на едната страна преостанат на другата исчезнат. Веројатно имаат некаква врска и би требало да се вратат бидејќи не случајно се објавени и нивните ликови. Кој знае, ќе видиме понатаму.
Е како да се вратат?
Нели тие се спасените, оние кои заслужиле да се спасат пред да настапи апокалипсата.
Само што во верските книги се зборува за 144 илјади, а тука за милиони.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom