СП 2014 - 1/2 финале | Холандија - Аргентина | 09.07.2014 (22:00)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација сакате да ја видите во големото финале?


  • Вкупно гласачи
    140
  • Гласањето е завршено на .
Цилесен простак мисли Меси ќе го изнервира хаххахаха
 
Кога сме кај добрите играчи за Холандија на оваа првенство Dirk Kuyt
 
Na Roben ovaa shansa ke mu se vrakja na son i ke go izmachuva do nemajkade, ako izgubat razbira se.
 
Po se izgleda ke gledame Shpanija Germanija finale
 
Нормално, кој друг би навивал за Аргентина.
Во досаден натпревар, победи подосадната екипа, која практично ништо впечатливо не направи на ова првенство и со дефанзивна и резервирана игра некако стигна во финале. Очај. Се надевам дека ќе изгубат многу од Германија.
 
АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ФАЛА КУРЦУ ИСПАДНАА КОПАЧИВЕ, КУФЕРИТЕ И НАКАЈ ДОМА! :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: :love:
 
Како си се провлечкаа до финале...
 
Добро се отерасивме од надрогираните мизерни холанѓани, дури и грција заслужи подалеку да стигне него ли овие бедотии, гарант барем полуфиналето да беше Костарика против аргентиците ќе беше далеку подобро.

Овој очај од натпревар треба да се заборави што побрзо, да се избрише од фудбалската историја.

Верувам огромен број луѓе во светот ќе навиваат за Германија во недела, оти и аргенинците се влечеа на сила дотука, време е за Германците, време е за европски тим да го земе трофејот на јужноамеричкиот континент.
 
Премногу ќе беше два пенал рулети успешни, тоа е веројатност 0,00000001 % :D

Ќе биде одлично финале али тешко Аргентина ако Меси исчезне вака после 70та минута со оглед на тоа дека не се знае дали Ангеле ќе игра.
 
2014-06-25T181802Z_966188574_GF2EA6P1EE501_RTRMADP_3_SOCCER-WORLD-M43-NGA-ARG.r.jpg


VAMOSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSSS
 
Ван Гал ја заеба, кај Влар да шутира па и прв ццц
 
Мааакси! Макси Родригез! Runs down the wing for me! Танантанантан танантанантан, танантанантан, танантанантан. Макси Родригез! Ги дупна manure! Танантанантан, танантанантан!

@ManUtdChampions ве дупна Макси а?
 
Ја погоди ли Ван Гал измената сега? :D

Добро е, двете екипи што сакав да тепаат во полуфиналето си победија.
Штета е Германија со таков состав да не се закити со злато, од друга страна штета е играчиште како Меси да остане без злато од СП, а мислам дека ова му е најголема шанса за тоа.
Дефинитивно според мене најдобар фудбалер од кога постои оваа игра. И без да трча, знае да намести шанса, топката не можат да му ја земат. Само ради него ми е мило што Аргентина влезе во финалето. И јас самиот ги типував они и Англија за најголемо разочарување на светсково. Сите очекувавме нивниот напад да биде најсилното оружје, ама испадна дека имаат ѕверска одбрана и не толку добар напад :icon_mrgr: Маскерано игра маестрално во текот на целото СП, а Рохо е играчот кој е комплетно изненадување за мене. Знаев дека Макси Родригез ќе го реши мечот на крај, иако му го паметам голот во продолжениет со кој го елиминира Мексико во 2006, сепак мило ми беше токму тој да го постигне решавачкиот пенал :icon_mrgr:
Горе-доле очекувано тврда утакмица, Холанѓаните одново играа прилично дефанзивно, одбраната им беше одлична, додека во нападот одново се потпираа само на Робен кој според мене им беше повеќе од пола екипа на ова СП. Ван Перси невидлив, а истотака позитивно во текот на целото СП изненади и Дирк Кајт.
 
Не е до Ван Гал, до Влар што ја заеба е, да се придржиме до пост Шпанија коментарите:icon_lol:
 
Ви реков дека ќе плачете :noze:
 
Ок предвидлив мечов али сепак мислев ќе падне бар 1 гол ако ништо друго и 1-1 да беше ама тоа е, двеве репрезентации си одиграа исто како што одиграа до сега.

Аргентина не изигра ништо посебно т.е. на ниеден меч до сега не беа ништо посебни.

Фала богу Германија ги посра Бразилциве и со тоа го спаси Светсково. :cuc: Сега истото ќе се памти по партијата на Германците над нив за разлика од тоа до сега "Па да..имаше светско се играше..и..да.."

Предвидување за Германија-Аргентина:Everyone hops on the Deutschland bandwagon и после мечот следат коментари "Германија беше 100% подобра од Аргентина"

Ајде тука мечов ќе ми биде израмнет колку толку ама мислам дека ќе победи Аргентина.

Во борбава за 3то место се надевам дека двеве екипи ќе имаат "Fuck it let's do it live" attitude и дека ќе видиме 3-4 па зошто да не и повеќе голови.

Така да

1.Аргентина
2.Германија
3.Бразил
4.Холандија

Ај да видиме дали ќе погодам
 
До вчера Холандија немала тренер,вечерва некојси Ван Гал кривец за поразот.
Нигде логика тебра.
 
КОНЕЧНО Финале! Утакмица на Маске и Ромеро. Во недела останува да се завери најдобриот во историјата.

COMO TE AMO ARGENTINA!!!
 
Последно уредено:
Гледате ли сеа Цилесен 2 пенали имаше на рака, не фати. Значи потегот со Крул бил генијален. :vozbud:
 
Полош тим од оваа Аргентина не сум гледал во финале на Светско а гледам од 1990.

Се протнуваат три меча по ред без никаква игра.
 
Рон фанкинг Влаар шутираше пред Хунтелар, порке? Успех им е и до тука на Холандија, со оглед на тоа дека тимот им е составен од деца што играат претежно играат во домашно првенство, плус многу им фалеше РвП, освен утакмицата против Шпанија слободно може да конкурира со Фред за најсмешен шпиц на првенствово.

За Аргентина ми е мило, Меси ќе игра финале, јебига се чуваше цела сезона :icon_lol:. И сметам дека Германија многу ќе се намачи против Аргентина, иако сите фејсбук фанови очекуваат 9-3 во недела. :cool:
 
Ако го освој аргентина светсково со ваква игра,алал да им е .едвај Иран,Швајцарија г и победија а и тие што ги победија Со повеќе голови беше со гол разлика.2 разлика за Германија
 
По овој меч Германциве ако си ја задржат дисциплината и не влезат во филм после убедливата победа над Бразил ќе имаат лесна работа со Аргентина. Исто ќе беше и ако Холандија одеше понатаму. Маскерано е играчиште невидено според мене и да не е тој да им ја средува работат во одбраната, досега Аргентина ќе ги имаше спакувано куферите зошто да сме реални со онакви имиња во офанзива досега и во групна фаза, па и во нокаут рундата требеа да да се прошетат, а досега ништо фудбалско не прикажаа.
 
Тоа е тоа тврда утакмица, двата тима добро потковани тактички и во одбрана и се дојде до лотарија. А пенали си се пенали јебига :) еден мора да плаче на крај.

Во однос на финалето иако повеќе посакував Холандија да игра финале и сакав они да тепаат, не би ги отпишал Аргентинците.

Нека не ги лаже германците победата против очајниот Бразил, опасни се Аргентинците, имаат добра одбрана и најдобриот играч во светот, а како бонус се игра во јужна америка. Нема да биде лесно до пехаро
 
Сега е моментот да им се одмаздат на Германците за последните 2 Светски Првенства во кои испаднаа во 1/4 финалиња од нив. Во 2006 имаа среќа, а во 2010 ги утепаа. Нека доказат сега зошто ја имаат, можеби и најдобрата генерација на сите времиња. Оваа фенерација заслужува трофеј, дефинитивно.

VAMOOOOS GAUCHOOOOOOOOOOOOOSSS
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom