Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
Да споделам со вас: Коментаторот на МРТ кажа дека Раиконен бил добар, само што имал болки во десната рака.
 
Добра трка.
Хамилтон извозе перфектно и заслужено победи, штета за Розберг ќе гледавме добар дуел но па од друга страна се враќа неизвесноста во шампионатот.

Алонсо мислам дека тотално го исцеди болидот до последниот атом, повеќе не можеше, секогаш се труди да го даде максимумот без разлика каде стои на табелата, возачиште.
Штета за Кими ќе беше добро да видевме до кај е Ферари со перфроманс во глобала но тоа е, многу грешки прави Кими, далеку од форма е, но битно е ОК, можеше Маса да улета во него странично и да биде гадно.

Магнусен не можеше да го издржи притисокот eптен брзо падна, Батон од друга страна стабилно извозе и го освои солидното четврто место, искуството си работи тука.

Ботас надокнади 12 места, ги искина, дечкото има шампионски потенцијал, да продолжи вака го зема голем тим сигурно, ептен е ѕвер, очекувам многу од него, ново финско возачиште е.
 
Последно уредено:
Добра вест е што Кими е добар, уште не ми се верува дека ваква грешка можеше да си дозволи пилот како Кими. Но што е тука е , да се надеваме дека ќе биде добар за следната трка.
Околу трката би сакал да го потенцирам „кукањето„ и „плачењето„ на Фетел во дуелот со Алонсо. Јас незнам што им е на помладите возачи но ако вака продолжи трките ќе се сведат на кружење на патеката без воопшто да има дуели. На фетел ако не му е јасно што претставува Формула 1 слободно нека си земе да гледа снимки од трките на Аритон Сена и Алан Прост или Мика Хакинен и Михаел Шумахер.
 
Солидна трка денес. Штета што Кими и Маса завришија многу рано ке гледавме многу повеќе борба. Дефинитивно Ферари има напредок, да небеше казнет Алонсо може и ке се качеше на подиум. Мекларените извадија добар резултат денес иако мислам дека им треба уште работа за да ги стигнат Вилијамс, Ферари и Ред Бул. За Мерцедесите што да се каже сезонава ке бидат доминантни, тешко некој да може да ги загрози. Ако е нешто добро барем ке гледаме битка за втората позиција во конструктори и битка за титула помеѓу двата возачи на Мерцедес.
 
Но го заборавате и Маса. Ако Ботас можеше до 2-ро, он ќе стигнеше барем до 5-то, и ќе им напраеше проблеми на Фетел и Алонсо, па можеби и на Батон.[DOUBLEPOST=1404670143][/DOUBLEPOST]Ќе биде добро да гледаме борба меѓу Розберг и Хамилтон како оваа денес што беше меѓу Фетел и Алонсо.
 
Последно уредено:
Е браво бе заврши сезонава јас сега ја гледам темава... Кој цар. :cuc:
Па и јас се чудам. Имаш слика од Розберг, пишуваш на тема ,,Мундофорија,, а нигде те нема на темава. Ај добре дојде во друштвото. :)
 
Па и јас се чудам. Имаш слика од Розберг, пишуваш на тема ,,Мундофорија,, а нигде те нема на темава. Ај добре дојде во друштвото. :)
Абе на почетокот на сезоната ѕирнав во подфорумов не најдов и ај си реков може нема. И сега читам некоја тема шо нема врска со оваа а имаше спомнато нешто, и правам search и ја најдов. Ај си викам, толку да не забележав досега? :LOL:
 
Абе на почетокот на сезоната ѕирнав во подфорумов не најдов и ај си реков може нема. И сега читам некоја тема шо нема врска со оваа а имаше спомнато нешто, и правам search и ја најдов. Ај си викам, толку да не забележав досега? :LOL:
Епа ќе се повторам: Добре дојде. Пиши што ти душа сака. :)
 
Фала друже, добро Ве најдов. :)
Само да те информирам дека темава понекогаш е ,,мртва,, најчесто меѓу трките, кога нема некои новости. Ама се активита за време на ГП викендите. :D
 
Само да те информирам дека темава понекогаш е ,,мртва,, најчесто меѓу трките, кога нема некои новости. Ама се активита за време на ГП викендите. :D
Во ред е. :P
 
2014 БРИТАНИЈА ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН НЕПРЕЧЕНО ДО ПОБЕДАТА, РОЗБЕРГ НЕ ЈА ЗАВРШИ ТРКАТА


Нико Розберг ја предводеше трката се до 29 круг кога неговиот менувач откажа, па победата на тацна му беше предадена на Луис Хамилтон. Валтери Ботас успеа да заврши на второто место со Вилијамс по стартот од 14-тата позиција, додека Даниел Рикиардо во последните моменти се одбрани од Џенсон за последната позиција на подиумот.

Веднаш по стартот Кими Раиконен имаше страшен инцидент, беше покажано црвено знаме и трката беше стопирана речиси еден час, поради репарирање на заштитните бариери. Финецот излезе надвор од патеката при Aintree свиокот и при обидот да се врати на патеката изгуби контрола врз задниот дел на неговиот болид и со голема брзина заврши во заштитните бариери, а сензорите покажале силина на удар од 47G. По ударот тој се одби повторно на патеката, Камуи Кобајаши успеа да го избегне, но на него налета Фелипе Маса со голема брзина. Кими Раиконен заврши без никакви скршеници, по почетните болки во глуждот и колкот.

Фернандо Алонсо имаше интересен старт на трката, која ја започна од промашена позиција, половина болид по линијата која ја означуваше стартната позиција, па по рестартот на трката тој беше под истрага на стјуардите кои го казнија пет секунди стоење во боксот. Тоа како да го мотивираше Шпанецот па можеби го имаше најдоброто претекнување на трката, кога во 34 круг го помина Себастијан Ветел.(за жал кратко се радуваше...)

По откажувањето на Розберг победникот беше решен, што не ни дозволи да гледаме интересна битка, а тоа беше во најава по различните пит-стоп стратегии на двата Мерцедес АМГ болиди. На крај победничката стратегија на Хамилтон беше две застанувања во бокс, но остатокот од подиумот и седум возачи од Топ 10 пласманот се решија на едно застанување за промена на гуми, на патеката која беше најавена како една од најтешките во сезоната за гумите на Пирели. Даниел Рикиардо, кој заврши трет, својот последниот сет на медиум гуми направи да траат импресивни 37 круга.

Ф1 тимовите остануваат во Силверстоун за двата сезонски тест дена во вторник и среда. Со 2014 прописите, секој тим мора да се посвети еден од сезонските тест денови за тестирање на Пирели гумите, како оваа Италијанската компанија би била во можност да ги развива своите идни производи. Ферари и Марусија ќе тестираат за нив во вторник, додека Ред Бул и Лотус ќе ги преземат овие должности во среда. Лотус ќе ги испроба најавените поголеми 18-инчни гуми на Пирели, со цел да обезбеди увид во она што Формула 1 може да очекува во иднина.
Голема Награда на Британија, Силверстоун
52 круга, 306.198км., Време: Сончево.

ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 2ч26:52.094
2. Валтери Ботас Вилијамс + 30.135
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 46.495
4. Џенсон Батон Мекларен + 47.390
5. Себастијан Ветел Ред Бул + 53.864
6. Фернандо Алонсо Ферари + 59.946
7. Кевин Магнусен Мекларен + 1:02.563
8. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:28.692
9. Дањил Квјат Торо Росо + 1:29.340
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
11. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
12. Роман Грожан Лотус + 1 круг
13. Адријан Сутил Заубер + 1 круг
14. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
15. Камуи Кобајаши Катерам + 2 круга
16. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
17. Пастор Малдонадо Лотус + 3 круга

НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:37.136

БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Нико Розберг Мерцедес АМГ 29
Маркус Ериксон Катерам 12
Естебан Гутиерес Заубер 10
Фелипе Маса Вилијамс 2
Кими Раиконен Ферари 1

Генерален пласман по 9 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Нико Розберг 165 1. Мерцедес АМГ 326
2. Луис Хамилтон 161 2. Ред Бул 168
3. Даниел Рикиардо 98 3. Ферари 106
4. Фернандо Алонсо 87 4. Вилијамс 103
5. Валтери Ботас 73 5. Форс Индија 91
6. Себастијан Ветел 70 6. Мекларен 90
7. Нико Хулкенберг 63 7. Торо Росо 15
8. Џенсон Батон 55 8. Лотус 8
9. Кевин Магнусен 35 9. Marussia 2
10. Фелипе Маса 30
11. Серџо Перез 28
12. Кими Раиконен 19
13. Жан-Ерик Верн 9
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 6
16. Жил Бјанки 2

Sega1.jpg

http://mkformula1.blogspot.com/
 
Леле стварно. Ко зомби да видел овој Стела.
 
Марко Матијачи почнал да прави чистка во Ферари :D
Десет нови инжинери се вработени кој од тие десет, три се експерти за мотор од Мерцедес и три аеродинамичари од Ред Бул.
Редно време беше, ај да видиме дали ќе тргне на арно работава наредна сезона.

http://www.wheels24.co.za/News/New-Ferrari-boss-hires-10-experts-20140707?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom