Го гледав со Џони филмот, тој најновиот. Вака арен е, ама има салам дупки и недообјаснувања. Плус некои работи кои ито како се сложени по себе, толку лесно ги симплифицирале шо дури и ме изиритираа на моменти
Во глобала добар, интересен за гледање, особено крајчето пробале да го направат човек да падни на емоции, малку им подуспеало, но чинам можеле и повеќе. Филмот обработува доста интересна идеја, но не ја доразработиле како што треба, туку повеќе останала по мое во обид за разработка, или брзоплета разработка. Како и да е, брзо ми помина тој час и 50-тина минути.