- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.482
- Поени од реакции
- 5.951
Дардо, јас у принцип се залагам за соживот.
Ама ова што го правите, нема никаква смисла. Судот си го кажа своето, не гледам причина за протест и за фрлање камења врз судот, како стартна точка на протестов. Останатото не ми се ни коментира, на ништо не личе. Тоа е веќе дивјаштво. Покажува само колку сакате да имаме некаква заедничка живеачка тука.
Случајот од старт започна одмазнички, кога за 24 часа МВР ги прогласи за убијци 20те приведени , им беа лепени етикети дека се радикални исламисти кои војувале во Авганистан.
Гледаш кај приведените жени кои не знаат повише од правење тавче гравче и перење садови ... го гледаш соседот за кого велат дека војувал во Авганистан , а он уствари никогаш не бил повеќе од една недела одалечен од дома (хипотетички).
Гледаш дека Куранот и други верски книги , знамиња , ЦДња , песни , се употребуваат како доказ дека се извршители на делото .... а секој муслиман може да ги има дома. (имаш ли ти дома некоја икона или библија)
Потоа се спомнува нешто земјиште под концесија.
5 телефонски броја државна тајна.
Возило на единица Алфи.
Сето овие работи создадоа магла од почеток до крај
Овие што се на власт албанците, стојат на ничија страна, бараат странска подршка од ОБСЕ ... (наместо да излезат храбро да кажат што е работата)
Овие од опозиција албанците убедливо тврдат дека е монтажа.
Семејството исто така вели монтажа.
Тука е и случајот Сопот кого го памтат албанците , а и случајот со пакистанците. Како и во Гостивар што излегоа од МВР во одбрана на полицаецот.
И затоа е ова недоверба во институциите.
Навистина ќе биде тажно ако работата е: Ем крив ем силен. (односно , осудените да се навистина сторителите, а од друга страна да се повикува на протести за правда)