Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
На филмската индустрија и фалат повеќе филмови како The Grand Budapest Hotel да ја разиграат монотонијата од цедење на една иста франшиза до бескрај и константни римејкови на култните филмови. Ова е вториот филм кој го имам гледано од Wes Anderson, Moonrise Kingdom не ми легна иако не беше лош, но еве овој ми остави многу добар впечаток.

Хуморот е суптилен и неисфорсиран, дијалогот кој кај мене носи многу поени беше на ниво и приказната беше лесна и интересна. Она што освојува во филмов се кадрите (особено симетријата) и колоритноста, сега криво ми е што не отидов да го гледам во кино. Посебно ми се допадна што собрал добра екипа од маргинализирани, неекспонирани и подценети актери. Ralph Fiennes предобро го одигра главниот лик. Го бива за вакви уметнички улоги, им дава некоја елеганција. Филмов кај нас треба да се пушта како лекција за угостителство. :D

Режисеров ми е тотална спротивност на Tim Burton во поглед на тонот на филмот но многу ме потсетува на него. Двајцата се чудаци што повеќе таргетираат публика која цени уметност и е потолерантна за awkward сцени и ликови, но може да им се допаднат и на нормалните филмаџии.

Без хајп и очекувања пуштете го кога сакате feel good филмче за уживање. Вреди!

The Grand Budapest Hotel
Moonrise kingdom
еј не ми текнува а уше 2-3 имав на листата углавном истата поента му фалат такви филмови на светот а да еве и Бирдман со едвард нортон мислам дека ќе биде нешо такво

Reservoir Dogs речиси како и секој филм на Тарантино over-hyped до без крај. Од мене 6ка

odi kakaj
 
Последно уредено:
Ќе го гледам.
Кецот некако тапа ми беше, почетокот си беше ОК, убава интродукција, но понатаму колку што ми текнува све некако избразана клише акција без некаков емоционален импакт :)

Точно 1 беше ужасно лош.
2 е каде каде многу подобар .[DOUBLEPOST=1404227138][/DOUBLEPOST]
Па Џони во верувам нетипична улога за него. Секако ќе го гледам, ќе видиме.

http://www.imdb.com/title/tt0138304/?ref_=nm_flmg_act_49
си го гледал?

Јас сега го изгледав Transcedence интересно филмче.
 
Последно уредено:
Па Џони во верувам нетипична улога за него. Секако ќе го гледам, ќе видиме.
Не чув некоја лоша критика упатена кон Џони, општо за филмот има критики многу, лоша приказна и немал некоја логика филмот.
 
Не чув некоја лоша критика упатена кон Џони, општо за филмот има критики многу, лоша приказна и немал некоја логика филмот.
Ни сум читал, ни сум гледал трејлери или нешто слично за филмов. Само онака општо знам за што е и според тоа претпоставив дека е различно од она на што сме навикнати од Џони последниве 10 години бар.
 
Филмски критичари се се што се лошо во светот. Имаат едни исти ставови и се што тие ќе кажат мора да биде точно. А бе ајде.

Уште од сега можам да направам предвидувања за неколку филмови : Big Hero 6: Добар забавен филм за сите генерации, најдобар анимиран филм за годината. Следнион на Џони Деп у кој е мафијаш: Одвај просечен, на моменти досаден филм со просечна глума на Џони Деп ама сепак подобра од последните филмови.
Следниот на Адам Сендлер (кој и да е):Тапа филм што не е смешен.
Оној со мајмуните на Ио: Добар интересен филм еден од подобрите блокбастери годинава.
Hunger games: Ептен добар и забавен филм.
Хобитот 3: Супер завршување на трилогијата ама сепак не на ниво на ЛОТР.

Од овие ако утнам 1 значи сепак не биле predictable критичарите со веќе однапред смислено мислење за филмот.


А да ќе заборавев за малце:

TMNT: Просечен филм со многу лоши и cheesy моменти што е само бледа копија на Нинџа Желките од детстовото со премногу Мајкл Беј моменти што го уништиле филмот. Меган Фокс е најслаба карика во филмот. Вил Арнет е најсмешен во филмот 1 од Желките е погоден и добар. 1 од желките го утнале комплетно.


Ова онака си го пишав а не го ни немам гледано Transcedence, можда уопште не го бива, ама знам лоши критики добиваше па да си пишам.
 
Ауу, како сум го пропуштил ова, излегол на торенти Calvary, филмот се спомнува во можните Оскаровци за престојното издание, на многу листи во потенцијални номинации се наоѓа, ќе се гледа, веднаш се симнува.

Calvary (2014) 1080p BrRip x264 - YIFY

Calvary-poster.jpg
 
Последно уредено:
Transendence постои само еден збор ФИЛМИШТЕ !!!! 10/10 , пред се сакам да кажам дека е мојот фаворит за оскар уште сега кажувам и се надевам дека ќе победи бидејќи до сега му нема рамен, Johnny како и секогаш брилијантен, masterpiece друго нема што да кажам го препорачувам на сите кои до сега не се го гледале. :)
 
Transendence постои само еден збор ФИЛМИШТЕ !!!! 10/10 , пред се сакам да кажам дека е мојот фаворит за оскар уште сега кажувам и се надевам дека ќе победи бидејќи до сега му нема рамен, Johnny како и секогаш брилијантен, masterpiece друго нема што да кажам го препорачувам на сите кои до сега не се го гледале. :)
tpm-Captur.jpg
 
Неподносливо досаден е Once Upon a Time in Anatolia, речиси 1 ипол час не се случува ништо освен рандом разговори помеѓу актерите во филмот.

Transcendence е катастрофа. Тоа е кога забегаат со некој филм демек е многу интелигентен а уствари е ѓубре. Против машината што поправа луѓе се борат со баракна мрежа.
3752226-3474628343-tumbl.jpg
 
Последно уредено:
Неподносливо досаден е Once Upon a Time in Anatolia, речиси 1 ипол час не се случува ништо освен рандом разговори помеѓу актерите во филмот.

Transcendence е катастрофа. Тоа е кога забегаат со некој филм демек е многу интелигентен а уствари е ѓубре. Против машината што поправа луѓе се борат со баракна мрежа.
3752226-3474628343-tumbl.jpg

не е за сите
 
Eqilibrium добар.
Си сакам дистописки филмови, посебно концептов на филмов многу ми се допадна а тоа е контрола на чуства од страна на владата.
Светските влади го тераат секојдневниот човек да игра по нивно и го спречуваат да мисли премногу и креира, а сите јаки идеи се врз основа на чуства па мислам без чуства нема ни креативност.
Добар филмов, само очекував повеќе од завршницата а не само сурова акција, но ок, Gun Kata rules :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom