Ти Dardan-ia упорно го прескокнуваш фактот, кој вели дека заокружувањето на независноста може да се случи само преку влегување во организацијата на Обединетите Нации. Вие, триумфално ги поминавте првите етапи од процесот (со помош на пресудната подршка на западот). Единствен логичен напредок е влезот во ООН (па после и во НАТО и ЕУ).
Исто така дури и на тебе ти е јасно дека влегувањето во ООН на Косово и носењето на некаква нова резолуција (која би направила пат за тоа влегување), веќе одамна не е прашање за кое се прашува Србија.
Притисокот на ЕУ, НАТО, АлКаида, УЧК... врз Србија, да попушти по ова прашање, ама баш никако не влијае врз ставот на Русија, Кина..., во Советот за Безбедност. Тие одамна се изјаснија за тоа дека Србија може комотно да го признае Косово, со сите салтанати, ако сака. Тоа нема да има никакво влијание врз нивната политика во СБ, која поради
други лични причини, е таква каква што е.
Така да,приказните за српските безрбетни политичари, како се клањаат пред Меркел, приказните за изјавите на евробирократите за тоа како Косово е независно, се релевантни за процесот на влезот на Косово во ООН, колку што се релеватни за одбрана, брадавиците на градниот оклоп, во сред битка.
Она на што можете да се надевате, е промена на политиката на Русија и Кина, а не на тоа колку ете има голем притисок врз безрбетната Србија. Тие смешни притисоци врз Србија, по ова прашање, ништо не значат. Тоа ви е залудно радување, без суштински напредок на вашата кауза.
Единствен правец во кој би можела да прогресира вашата кауза е промената на политиката на членките на СБ. Кина, не гледам во моментов како би попуштила, пошто она го има Тајван, Ујгурите, Внатрешна Монголија и Тибет.
За Русија, можеби е полесно да се случи попуштање, во контекст на Крим, Абхазија, Осетија, НовоРусија.... Сепак, тука сеуште им е Чеченија &co., така да јас лично не очекувам промена ни на руската позиција, наскоро, само според мене, во светло на најновите настани, можда некад у иднина има шанси за тоа.[DOUBLEPOST=1403958136][/DOUBLEPOST]Еве на пример ова:
Супер наслов, нема што. Недвосмислена порака.
Но никаде не кажува дали Немачка би се сложила на прием на Косово во ЕУ, без предходен прием во ООН.