Мораше да има уште еден напаѓач во шеснаесетник кога бркаа резултат. И така Балотели едноставно не е таков тип на напаѓач. Затоа и му држи лекции Берлускони преку медиуми.
Требаше Имобиле, просто кажано да биде досаден во шеснаесетник, да ја малтретираше одбраната на Коста Рика.
Разбирам дека Прандели сака техничари, но како малку да ги имаше, па го уфрла уште и Касано, кого го стави да игра на тесен простор, како полушпиц, овој целосно се изгуби.
Требаше брзина, динамичност, пробивност. Ако не одеше поинаку на агресија да пробаа нешто. Инсиње и Черчи по крила, а Балотели и Имобиле во шеснаесетник.