СП 2014 Бразил - генерална дискусија

Кирилица конечно имам па слободно може да додадам нешто за превенствово :icon_mrgr:

Како прво задоволен сум од начинот на кој се играат првите натпревари, не се некои тешки и досадни за гледање туку баш напротив се интересни и отворени што не го очекував баш пред да почне. Чиле-Австралија не ја гледав ама останатите беа стварно солидни за око, посебно натпреварот кој го отвори Мундијалот. Хрватска даде добар отпор кон домаќинот и беше на чекор до нерешен резултат кој ќе беше и заслужен според мене, но за жал тоа го спречи судијата од истокот којзнае како го викаа. Генерално лошо судеше, а со пеналот само стави шлаг на тортата.

Она што боде очи на почетокот сигурно се судиските грешки што мислам дека немаше да ги има доколку беа оние дополнителни судии зад голот. Фаулот врз Касиљас и вториот поништен гол на Мексико каде што судијата досуди офсајд откако играч на Камерун му ја додаде на Џовани дос Сантос судија зад голот ќе ги забележеше и ќе ги корегираше. Исто мислам дека и пеналот за Бразил немаше да биде досуден со арбитар зад голот бидејќи од таму перфектно се гледа дека Ловрен одвај го допре Фред, а камоли да го повлече.

Се на се да се надеваме дека овие грешки ќе ги нема во наредните натпревари и дека ќе гледаме исто толку добар фудбал како во првите натпревари. Мој фаворит се разбира без дискусија е Италија која атакува на 5тата светска круна.
 
10177529_807964519238182_3028277856293490093_n.jpg
 
Еј ти ибам светското комплетно заборавив дека сме сабота...значи до крајов на месецов да баталам календар и само да гледам фудбал.

I ain't even mad.
 
Мене Колумбија ми се скроз фаворити од сенка. Ако пред 4 години таа улога ја имаа Уругвај, оваа Светско ми се Колумбија. Топ екипиче, не толку тешка група. Мех мех, за мерак. :D

Да се самоцитирам, да не речите не ви рече. Јас одморот го извадив со 2 коефициент денес.
 
Некое место за гледање има ??? слушнав во парк имало видео бим уште е таму, бил некој ???
 
Абе луѓе Стерјов и Стојановски ќе ги коментираат натпреварите само во Сао Паоло или ќе патуваат некаде да искоментираат уште некој натпревар во живо?
 
Абе луѓе Стерјов и Стојановски ќе ги коментираат натпреварите само во Сао Паоло или ќе патуваат некаде да искоментираат уште некој натпревар во живо?
Имаш тука кој шо ке коментира :D
 
А шо е работава... овие од 10 саат утакмициве шо се играат се со пресврти :D
Хрватска водеше, Бразил ја сврте, чера Холандија вртеше, а еве сега и Костарика врти... :icon_lol:
 
Последно уредено:
Незнам за вас ...Ова е 5 светско првенство што активно го пратам...до сега никое не било вака интересно на почеток и секоја утакмица да се погоди да е убава и да се игра стварно убав фудбал без разлика кои репрезентации играат...ако вака продолжи светсково ќе бидат перверзии...заслужува да не се тргнеш и да ги изгледаш сите наптревари...секоја чест...
 
И јас сакав да пишам дека сум презадоволен од квалитетот на фудбалот до сега. Дури се плашам да не го уништат тоа Англија-Италија.

Иначе, имав 4 ливчиња пишано до сеа за цело со СП. На едното Уругвај-Костарика - 1, на другото Т1 2+ истата, на третото Костарика да освои помалце од 1,5 поени. На крај Уругвај губи 1-3 и ми еба матер на сите 3 листа. Браво. :cuc: Уште да ја тепат Англија и да влезат место нив ќе биде се таман.
 
да, (како Панчев) 2010 беше како шаховска Олимпијада, само калкулации и 1-0, 0-0 резултати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom