Математичка мистерија

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Случај 1.
20 парчиња по 90 цм. Тука од една даска од 400 цм ќе излезат 4 по 90. Значи 5 се доволно за 20 парчиња. Ќе ти останат 5 парчиња по 40цм.

61 парчиња по 35 цм. Имаш 5 парчиња од претходното сечење. Значи ти требаат 56 парчиња по 35 цм. Од една даска од 4 метри излегуваат по 11 парчиња по 35цм. Тука исто ти требаат 5 даски по 400цм, и ќе имаш 55 + претходните 5, вкупно 60. Фирата тука е 100 цм (заедно со претходната).

10 парчиња по 100 (99). тука ти требаат 3 даски по 400 цм. Од третата може да направиш 2 по 100 цм, и 61то што ти фали од 35цм, и ќе имаш парче од 165цм фира.

Случај 2.
Ако избереш да ги правиш 10 парчиња по 100 цм, прво, ќе ти требаат 3 даски, и ќе ти остане парче од 200 цм. Од него може да направиш 5 парчиња по 35.

После ако ги правиш 10 парчиња по 90, од една даска од 400 цм ќе излезат 4 по 90. Значи 5 се доволно за 20 парчиња. Ќе ти останат 5 парчиња по 40цм.

Преостанува 51 парче по 35 цм. Пак ти требаат 5 даски. Ама од 5ата ќе ти остане парче од 185 цм цело, што може да го искористиш за нешто друго.

Од вториот случај имаш 20 цм подолга цела даска отколку првиот случај.
супер, втората варијанта е поарна. и јас правев некои калкулации, али поинаку, комбинирано...
фала.
П.С. ако некој има поарна идеја, нека пише.
 
Jolene

принцеза
Член од
31 март 2014
Мислења
151
Поени од реакции
398
во рамнокрак трашез со основи 18 и 8 е впишана кружница. Да се најде периметарот на кружницата ? Може ли да се реши или ми фали податок ?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
во рамнокрак трашез со основи 18 и 8 е впишана кружница. Да се најде периметарот на кружницата ? Може ли да се реши или ми фали податок ?
фали, агол, страна, ...... вака може да биде и на висина 1цм, а и на 100цм.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
во рамнокрак трашез со основи 18 и 8 е впишана кружница. Да се најде периметарот на кружницата ? Може ли да се реши или ми фали податок ?
Може. Задачата е прелесна.
Тангентен трапез е специјален случај. Радиусот е половина од квадратниот корен од производот на двете основи.
Значи тука радиусот е 6. Периметарот 12*Пи.

:)

Секој тангентен четириаголник, збирот на 2 спротивни страни е еднаков на збирот на другите две спротивни страни. Тука следува дека кракот е пола од збирот на двете основи. 13. Формираат египетски триаголник. 5, 12, 13. Висината е 12, што е дијаметарот на самата кружница.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Може. Задачата е прелесна.
Тангентен трапез е специјален случај. Радиусот е половина од квадратниот корен од производот на двете основи.
Значи тука радиусот е 6. Периметарот 12*Пи.

:)

Секој тангентен четириаголник, збирот на 2 спротивни страни е еднаков на збирот на другите две спротивни страни. Тука следува дека кракот е пола од збирот на двете основи. 13. Формираат египетски триаголник. 5, 12, 13. Висината е 12, што е дијаметарот на самата кружница.
ауууу царе, ќе морам да повторам математика, вака не ја бива. срамотилаци:(
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.639
Поени од реакции
59.490
На кој број е паркирана колата ?
1528703_10152940634279616_4030463417436979593_n.png

2.
На некое средновековно судење на обвинетиот му е речено: „Мораш да дадеш една осмислана изјава. Ако таа биде вистинита ќе бидеш обесен, а ако биде лажна ќе ти ја отсечеме главата.“ Дали обвинетиот може да даде изјава со која ќе се спаси?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.501
„Мораш да дадеш една осмислана изјава. Ако таа биде вистинита ќе бидеш обесен, а ако биде лажна ќе ти ја отсечеме главата.“ Дали обвинетиот може да даде изјава со која ќе се спаси?
Друже судија, дали твоите дома знаат дека си педер? :cautious:
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.639
Поени од реакции
59.490
Друже судија, дали твоите дома знаат дека си педер? :cautious:
Тогаш би го запалиле жив :D

Тоа тврдење или е вистинито, или е не вистинито. Нема да му помогне
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
На некое средновековно судење на обвинетиот му е речено: „Мораш да дадеш една осмислана изјава. Ако таа биде вистинита ќе бидеш обесен, а ако биде лажна ќе ти ја отсечеме главата.“ Дали обвинетиот може да даде изјава со која ќе се спаси?
Оваа изјава е лажна.

Could save me, right? :confused:
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.639
Поени од реакции
59.490
Решение на втората.
"Ќе ми ја отсечете главата"

Ако изјавата е вистинита, треба да го обесат.
Ако го обесат, значи дека изјавата нема да е вистинита, што повлекува дека треба да му ја отсечат главата.
Ако му ја отсечат главата, тогаш изјавата е повторно точна, што повлекува дека треба да обесат.

Се надевам јасно ви е :)
 
Да, ама зошто да не може и: Оваа изјава е лажна.

Ако изјавата е лажна, значи лажно е дека изјавата е лажна, што значи дека е вистинита.
Ако изјавата е вистинита, значи вистинито е дека изјавата е лажна, што само по себе пак не може да биде.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.639
Поени од реакции
59.490
Да, ама зошто да не може и: Оваа изјава е лажна.

Ако изјавата е лажна, значи лажно е дека изјавата е лажна, што значи дека е вистинита.
Ако изјавата е вистинита, значи вистинито е дека изјавата е лажна, што само по себе пак не може да биде.
Има логика.

Исто би можело и со некои изјави кои не може да се прифатат ни како точни, ни како неточни. Пр. "Годината има 366 дена" или нешто слично :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom