Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994
Член од
28 март 2006
Мислења
17.848
Поени од реакции
12.372
Ne lupetaj, u socijalizmot imase poveke hristijanstvo nego sega so ima, od selo gi vrabotija, besplatno diplomiraa doktoriraa si imase standard za site imase standard imase bratstvo edinstvo toa ako ne e hristijanstvo neznam sto e po delata ke bidat poznaaeni rekol isus a ne toa so zborite vie vo okolnosti koi se krajna exploatacia!
Нихилиста, зависи кој социјализам затоа што имаше и во Југославија повеќе различни правци, идеологии и практикувања. Најголемиот проблем беше до средина на 60-тите, а тој период се раководеше од класичната идеологија на јакнење и зголемување на работничката класа, задругарството и експропријацијата...нешта кои ги погубија на подолг период руралните области, занаетчиството, приватната иницијатива... во Македонија. Затоа и им даваа станови и други услови на селаните, за да се намали и ослабне селанството, а на сметка на тоа да се зајакне работничката класа (авангарда на авангардата и слични пароли) и нејзината улога во општествените текови. Откако ја напуштија таа класична советска идеологија, ситуацијата стана порелаксирачка, но и понапната (национализми, иредентизми па и меѓунационални инциденти). Затоа и делата на удба (претходно ОЗНА) и ком. парт. не беа баш добронамерни ниту христијански.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Благосостојбата на луѓето во социјалистичка Југославија не може да се споредува со бедата на народот во Македонија денес.

Не дака тоа општество беше совршено, туку дека во ова веќе 20 години владеат погани рептили без сочувство и осет за народ. Сите си го гледаат само својот г'з и крадат ко да не виделе.

Социјализмот треба да се бара во Скандинавија, Јапонија и Канада. Тоа е социјализам. И тоа е насоката каде се движи светот. Некои ќе стигнат побрзо, други ќе стигнеме со 100-тина години задоцнување.

За да луѓето тргнат натаму, најпрвин треба да разчистат со минатото. Тука спаѓа и религијата.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Викаш дека вас се ви е јасно, ок! Разјасни ми ја дилемата што со месеци никој не ја објасни: http://forum.kajgana.com/showthread.php?4394-Верувате-ли-во-Господ-Дали-постои&p=3784758&viewfull=1#post3784758
http://forum.kajgana.com/showthread.php?4394-Верувате-ли-во-Господ-Дали-постои&p=3788322&viewfull=1#post3788322
Немој само да ми речеш дека е извадено од контекст, затоа што во тој случај, баш би сакал да го чујам контекстот.
Ме прашуваш дали лажела "змијата" во Битие? Да и еве едно мало објаснување. Како прво "змијата" излажала со тоа што ги наведела да помислат дека со прекршувањето на Божјиот збор ќе направат нешто добро, и дека всушност ништо лошо нема да им се случи туку напротив ќе имаат голема добивка. Епа баш прекршувањето на Божјиот збор само по себе е зло. Значи "змијата" со тоа ги наведува на Адам и Ева да му го свртат грбот на Бога, да не го послушат, да си тераат по свое, дека Бог не им треба. Понатаму се вели дека ништо лошо нема да им биде - дека нема да умрат. Епа умреа и тоа на два начина: Духовно, оти отпаднаа од Бога, оти дотогаш Адам имаше повозвишена состојба, подуховна живеејќи заедно со Бог, и беа избркани од рајот. А исто во оној момент кога пробаа од плодот станаа или си останаа смртни. Змијата илага кога им рече дека нема да умрат оти, ете како што можеме да видиме Адам и Ева умреа, ги нема овде денеска, исто како што и целиот човечки род е смртен овде на земјата.

Змијата единствено точно што рекла е дека ќе може да распознаваат добро од зло (нејзината намера беше секогаш да се избира злото). Оти претходно нити Адам нити Ева не знаеа за зло. Се што правеа беше добро и немаа искусено никакво зло. Откога го прекршија Божјиот збор станаа свесни што е зло, дека злото е да се оди против Бога.

--- надополнето ---

:pos2::pos2: Па сите овие особини кој ги наброја се особините на богот од библијата! Немај друг бог освен мене! - опседнатост за власт и управување, љубомора, суровост, гордост.....! По што се разликува од Хитлер? Убива, уништува, наметнува апсолутна власт, забранува конкуренција.....! :toe:
Не бе човек, едноставно ни кажува да не забегаме по некакви лажни богови, да не веруваме дека еден камен или дрво ни е бог. Едноставно ни кажува дека само Тој е едниот и вистинскиот Бог. Да постоеа повеќе богови (вистински богови) тогаш можеше да го напишеш напишаното.
 
С

сашенко

Гостин
Еве нешто со кое 100% се согласувам...

If there is a God, atheism must seem to Him as less of an insult than religion.”

Religion is regarded by the common people as true, by the wise as false, and by the rulers as useful.”

No man ever believes that the Bible means what it says: He is always convinced that it says what he means”

“I am against religion because it teaches us to be satisfied with not understanding the world.”

“Religion is an insult to human dignity. With or without it, you'd have good people doing good things and evil people doing bad things, but for good people to do bad things, it takes religion.”

“Of all religions, Christianity is without a doubt the one that should inspire tolerance most, although, up to now, the Christians have been the most intolerant of all men”

Зарем не е точно?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ме прашуваш дали лажела "змијата" во Битие? Да и еве едно мало објаснување. Како прво "змијата" излажала со тоа што ги наведела да помислат дека со прекршувањето на Божјиот збор ќе направат нешто добро, и дека всушност ништо лошо нема да им се случи туку напротив ќе имаат голема добивка. Епа баш прекршувањето на Божјиот збор само по себе е зло. Значи "змијата" со тоа ги наведува на Адам и Ева да му го свртат грбот на Бога, да не го послушат, да си тераат по свое, дека Бог не им треба. Понатаму се вели дека ништо лошо нема да им биде - дека нема да умрат. Епа умреа и тоа на два начина: Духовно, оти отпаднаа од Бога, оти дотогаш Адам имаше повозвишена состојба, подуховна живеејќи заедно со Бог, и беа избркани од рајот. А исто во оној момент кога пробаа од плодот станаа или си останаа смртни. Змијата илага кога им рече дека нема да умрат оти, ете како што можеме да видиме Адам и Ева умреа, ги нема овде денеска, исто како што и целиот човечки род е смртен овде на земјата.

Змијата единствено точно што рекла е дека ќе може да распознаваат добро од зло (нејзината намера беше секогаш да се избира злото). Оти претходно нити Адам нити Ева не знаеа за зло. Се што правеа беше добро и немаа искусено никакво зло. Откога го прекршија Божјиот збор станаа свесни што е зло, дека злото е да се оди против Бога.

Сакаш да си играме логика?

Ајде да видиме со едноставни прашања, јас ќе прашувам ти одоговарај?

Кој ја постави змијата во градината и зошто? Мислам, сигурно не си влегла тука така, покрај семоќниот Бог?
 
Нема никаква змија и никаква градина.Зашто се расправате за приказни бе?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Нема никаква змија и никаква градина.Зашто се расправате за приказни бе?
Јас не се расправам, само се обидувам да му објаснам колкава бесмислица е целата претстава за предобар и семоќен Бог во свет во кој што постои зло.

Значи Адам и Ева каснаа од јаболкото на познанието, и Бог ги набрка од рајот. Кој ги донесе во ситуација да каснат? Змијата. Кој ја создаде змијата? Пак Бог. Дали Бог знеше деа тие ќе каснат? Се разбира деа да, тој е семоќен, мораше да знае?

Ми се чини дека имаме еден поприлично садистички Бог овде...

Плус, бидувајќи чиста Љубов, можеше да им го прости каснувањето од јаболкото на Адам и Ева, да ги остави во рајот, и на тој начин ќе бевме поштедени од читање на милион небулозни теодицеи на овој форум...:pos2:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ме прашуваш дали лажела "змијата" во Битие? Да и еве едно мало објаснување. Како прво "змијата" излажала со тоа што ги наведела да помислат дека со прекршувањето на Божјиот збор ќе направат нешто добро, и дека всушност ништо лошо нема да им се случи туку напротив ќе имаат голема добивка. Епа баш прекршувањето на Божјиот збор само по себе е зло. Значи "змијата" со тоа ги наведува на Адам и Ева да му го свртат грбот на Бога, да не го послушат, да си тераат по свое, дека Бог не им треба.
Апсолутна невистина! Таа не ги наведува на ништо, туку ги прашува дали бог им ги забранил сите плодови од рајската градина! Кога Ева и кажува дека само плодовите од дрвото за спознавање на доброто и злото им се забранети затоа што ќе умреле ако пробале, змијата им ја кажува вистината - дека нема да умрат, туку ќе им се отворат очите и ќе бидат како богови, знаејќи добро и зло! Таа не им вели земете од плодот, туку едноставно им ја кажува вистината, дека од плодот не се умира, туку дека се добиза сознание за добро и зло!
Понатаму се вели дека ништо лошо нема да им биде - дека нема да умрат. Епа умреа и тоа на два начина: Духовно, оти отпаднаа од Бога, оти дотогаш Адам имаше повозвишена состојба, подуховна живеејќи заедно со Бог, и беа избркани од рајот. А исто во оној момент кога пробаа од плодот станаа или си останаа смртни. Змијата илага кога им рече дека нема да умрат оти, ете како што можеме да видиме Адам и Ева умреа, ги нема овде денеска, исто како што и целиот човечки род е смртен овде на земјата.
Прво! Змијата вели не, нема да умрете но бог знае дека од оној момент кога ќе вкусите ќе ви се отворат очите и ќе знаете добро и зло! Одкако пробале констатацијата на бог е: "Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно!Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен." Невели ете јадеа и сега ќе умрат!:toe:
Второ! Велиш станале смртни, што значи дека со ова претпоставуваш дека биле бесмртни. Ќе ја цитирам истава констатација на бог, со вториот дел болдиран: "Ете Адам стана како еден од нас, знаејќи што е добро а што зло, но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот па да заживее вечно! Тогаш Господ Бог го изгони од Едемската градина за да ја обработува земјата од која беше земен."
Како може да биле бесмртни, кога бог во својата констатација стравува да не посегнат по дрвото на животот и да заживеат вечно? Ако биле вечни, зошто би се грижел да не заживеат вечно?
Змијата единствено точно што рекла е дека ќе може да распознаваат добро од зло (нејзината намера беше секогаш да се избира злото). Оти претходно нити Адам нити Ева не знаеа за зло. Се што правеа беше добро и немаа искусено никакво зло. Откога го прекршија Божјиот збор станаа свесни што е зло, дека злото е да се оди против Бога.
Па змијата само тоа и го кажала, ништо друго! Само дека од тие плодови ќе распознаваат добро и зло!
Змијата е симбол на интелектот, на способноста да се распознае добро и зло, ти велиш дека нејзината намера е да избира зло! Ако интелектот и мудроста се зло, тогаш да змијата е зло...според некоја извртена и обратна логика во која искрено незнам како наоѓате исправност.
Што се однесува до црвениот болд, ако Адам и Ева не знаеле добро и зло а така биле создадени од бог, тогаш како може да се товарат за одговорност? И зошто праведен и добар бог, би го криел сознанието за добро и зло од својата креација?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кој ја постави змијата во градината и зошто? Мислам, сигурно не си влегла тука така, покрај семоќниот Бог?
Змијата никој не ја „постави„ во Едем, туку лукавиот (пошто е лукав, нели...) најде начин како да влезе во Едем, иако Едем било место без присуство на зло во него (во Едемот). Така, лукавиот, наместо да влезе лично, ја злоупотребил змијата како посредник („медиум„) а да може преку неа (преку змијата) да почне да ги искушува луѓето, а првенствено Ева, оти лукавиот (пошто е лукав, нели...) ги увидел слабостите од женската природа и знаел каде точно треба да „удри„.

Ај сеа прашање до Тебе: зашто лукавиот ја искуша Ева а не Адама?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Напишано од Ipsissimus
:pos2::pos2: Па сите овие особини кој ги наброја се особините на богот од библијата! Немај друг бог освен мене! - опседнатост за власт и управување, љубомора, суровост, гордост.....! По што се разликува од Хитлер? Убива, уништува, наметнува апсолутна власт, забранува конкуренција.....! :toe:
Не бе човек, едноставно ни кажува да не забегаме по некакви лажни богови, да не веруваме дека еден камен или дрво ни е бог. Едноставно ни кажува дека само Тој е едниот и вистинскиот Бог. Да постоеа повеќе богови (вистински богови) тогаш можеше да го напишеш напишаното.
Не вели ли самиот: "Јас сум љубоморен бог"? Не се разгневува ли?.........убива, уништува? Не покажува ли гордост, безброј пати кажувајќи како е моќен и единствен и совршен....? Ако тоа не се човечки особини кој кај луѓето се сметаат грешни, тогаш незнам кој се.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

Совршен пример за антропоморфен бог, идол. Било кое божество што има човечки особини паѓа под иста категорија.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
дека нема да умрат, туку ќе им се отворат очите и ќе бидат како богови, знаејќи добро и зло! Таа не им вели земете од плодот, туку едноставно им ја кажува вистината, дека од плодот не се умира, туку дека се добиза сознание за добро и зло!
Ти одговорив на ова

Епа умреа и тоа на два начина: Духовно, оти отпаднаа од Бога, оти дотогаш Адам имаше повозвишена состојба, подуховна живеејќи заедно со Бог, и беа избркани од рајот. А исто во оној момент кога пробаа од плодот станаа или си останаа смртни. Змијата илага кога им рече дека нема да умрат оти, ете како што можеме да видиме Адам и Ева умреа, ги нема овде денеска, исто како што и целиот човечки род е смртен овде на земјата.
Како може да биле бесмртни, кога бог во својата констатација стравува да не посегнат по дрвото на животот и да заживеат вечно? Ако биле вечни, зошто би се грижел да не заживеат вечно?
Вака ќе ти кажам. Имало две дрвја, дрвото на распознавање на добро и зло и дрвото на животот. Едното било како тест а другото било наградата. Значи откога пробале од плодот од забранетото дрво (и го кршат зборот Божји) тие повеќе не се достојни за наградата (бесмртен живот). Ете затоа беа избркани од рајот.

Што се однесува до црвениот болд, ако Адам и Ева не знаеле добро и зло а така биле создадени од бог, тогаш како може да се товарат за одговорност? И зошто праведен и добар бог, би го криел сознанието за добро и зло од својата креација?
Они единствено знаеле за добро. Злото произлегло откога го прекршиле Божјиот збор. Се товарат затоа што дозволиле да бидат иманипулирани, та да не го послушаат својот Создател.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Вака ќе ти кажам. Имало две дрвја, дрвото на распознавање на добро и зло и дрвото на животот. Едното било како тест а другото било наградата. Значи откога пробале од плодот од забранетото дрво (и го кршат зборот Божји) тие повеќе не се достојни за наградата (бесмртен живот). Ете затоа беа избркани од рајот.
Они единствено знаеле за добро. Злото произлегло откога го прекршиле Божјиот збор. Се товарат затоа што дозволиле да бидат иманипулирани, та да не го послушаат својот Создател.
Кога нераспознаваш добро и зло, како ќе знаеш дали е ок или не нешто? Во библијата многу јасно пишува дека очите им се отвориле и почнале да распознаваат добро и зло одкако зеле од плодот! Ова е непобитен факт, кој ги носи следниве две клучни прашања:
1. Зошто бог ги казнил за одредената постапка, кога тој самиот ги создал без способност да распознаваат добро и зло?
2. Зошто воопшто го криел сознанието за добро и зло ако е праведен и добар?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Нема никаква змија и никаква градина.Зашто се расправате за приказни бе?
Постои и змија и градина. Тоа не се приказни. Сето тоа е запишано во првата Книга Мојсеева. Ако не си прочитал, еве ќе ти постирам па прочитај и увери се.

1. Мој. 2. 13-15

13. Тогаш Господ Бог и рече на жената: Зошто го направи тоа?” Жената одговори: <Змијата ме измами, и јас јадев.”
14. На змијата, пак, и рече Господ Бог: Затоа што си го направила тоа, проклета да си меѓу сите животни и сите ѕверови полски; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш се до крајот на својот живот!
15. И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот +нејзин. Он ќе ти ја гази главата, а ти ќе го каснуваш во петата.”
 
Kajgana Shop

На врв Bottom