За да се верува во Господа, треба да имаш вера. Жива вера. Не вера дека „нешто“ постои, дека Бог постои итн. Туку напротив, гаранција дека Бог е присутен во денешниот свет. Бидејки ова тема е најприкладна, ќе бидам краток. Дали Оној Бог кој се објави на Израелот, кој се понижи и прими човечко тело, стана човек, е жив? или пак е приказна? Одговорот е едноставен. Бог дава пророштва преку пророците. Но кои пророштва се вистински? Кои пророштва се од Бога? Кои пророштва се од човекот по свој разум? Како ќе се разликуват едни од други? Едноставно. Она пророштво дадено во името Божје кое ќе се оствари е вистинското пророштво. Она пророштво дадено во името на Бога кое нема да се оствари е лажно, затоа што Бог тоа не го рекол, туку лажниот пророк. Имаме едно пророштво од пророк Осија. Живеел многу оддамна и пророкувал за своето време. Но дали ова пророштво и денес се исполнува?
Пророк Осија
Осија 1. 1-2
1. Слово Господово што беше упатено до Осија, во деновите на јудејските цареви Озија, Јоатама, Ахаза, Језекија и во деновите на Израилскиот цар Јеровоам, синот Јоасов.
2. Почеток на словото Господово до Осија. Му рече Господ на Осија: <Оди и земи жена блудница, па роди деца
во блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господа.”
Осија 3.1
1. Потоа Господ ми рече: Оди и засакај ја жената, која ги сака злото и прељубата, како што Господ ги сака синовите Израилеви, а тие гледаат по туѓи богови и ги сакаат нивните питки од грозје.
Осија 7. 1-7
1. Додека го лекував Израилот, се откри неправдата на Ефрема и злодејанието на Самарија, оти тие лажат, и крадец се замешал, и разбојник граби по улиците.
2. И не помислуваат во срцето свое дека Јас ги помнам сите нивни беззаконија; а сега ги обиколуваат нивните дела; пред
лицето Мое се.
3. Со злодејанија го веселат царот свој и со лагите свои - кнезовите.
4. Од прељубодејство тие сите горат како печка вжарена од лебарот, кој престанува да ја угорува, штом ќе го замеси тестото, и тоа скисне.
5. „Денот е на царот наш!” - велат кнезовите, разгорени до болест од вино, а тој ја протега раката своја кон подбивачите.
6. Оти со сплетките свои тие го прават срцето свое слично на печка: лебарот нивни спие цела ноќ, а утрината таа гори како вжарена печка.
7. Тие сите се распалени како фурна и си ги голтаат судиите свои; нивните цареви паѓаат и никој од нив не вика кон Мене.
Осија 10. 1-2
1. Израилот е разгранета лоза; колку повеќе таа има плод, толку повеќе се умножуваат жртвениците; колку му е подобра земјата, толку повеќе се украсуваат идолите.
2. Разделено е срцето нивно, и затоа ќе бидат казнети: Он ќе ги разруши нивните жртвеници, ќе ги здроби идолите нивни.
Осија 11. 1-9
1. Во рани зори ќе загине царот Израилев. Кога Израилот беше млад, Јас го сакав и од Египет го повикав синот Свој.
2. Ги повикуваа, но тие ги одбиваа, принесуваа жртви на Вааловци и им кадеа на идолите.
3. Јас Самиот го учев Ефрема да оди, го носев на рацете Свои, а тие не сфаќаа дека со тоа ги лекував.
4. Ги влечев со човечки врски, со врски на љубов, и Јас бев за нив како оној, што ја вади уздата од устата нивна, и кротко им подавав храна.
5. Тој нема да се врати во Египет; Асур - ќе му биде цар, зашто тие не посакаа да се врати при Мене.
6. И меч ќе падне врз нивниот град, ќе ги уништи неговите заштитници, и ќе ги проголта нивните намери.
7. Народот Мој е упорен во отпаѓањето од Мене, макар и да беше навикнуван кон возвишено издигнување, тој сепак не се издигнува еднодушно.
8. Како да постапам со тебе, Ефреме? Како да те предадам, Израиле? Ќе постапам со тебе како со Адама? Ќе ти направам како што му
направив на Севоим? Се возбуди срцето Мое во Мене, затрепери утробата Моја од жалост.
9. Нема да постапам според јароста на гневот Свој, и нема да го истребам Ефрема, оти Јас сум Бог, ане човек; кај тебе е Светиот; Јас нема да влезам во градот.
Осија 14 1-3
1. Опустошена ќе биде Самарија, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните младенци на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани.
2. Обрани се, Израиле, кон Господа твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие.
3. Подгответе се молитвено, и обратете се кон Господа и речете Му: „Прости ни ги сите беззаконија наши и прими не добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.”
Ова пророштво без соменние ги разобличува неверниците, а на оние кои сеуште се двоумат им дава гаранција дека Бог е жив, и дека на Бога треба да му служиме.