Што се силите бе Баварци и Игорче со Дортмунд? Сте ги победиле сезонава
Валенсија, Арсенал, Јуве, Барса и
Ајакс, Реал М., Ман.Сити, Шахтјор, Малага и мислите дека сте го освоиле светот.
Заборавате дека Мурињо е новиот тренер на Челзи и дека сините од Лондон се тие кои ќе владеат во Европа. Ако не сте знаеле за Мурињо тој во тригодишното водење на Реал ја прекина доминацијата на Барселона со тоа што во сезоната 2011/2012 го освои шпанското првенство иако претходно во сезоната 2010/2011 Барса беа прваци исто како и ланската 2012/2013 сезона. Исто така битно е да се спомене и дека Мурињо уште во 1-та сезона со Реал во полуфиналето од ЛШ на Камп Ноу успеа да извади нерешено 1:1 резултат што е за голем РЕСПЕКТ иако загубија во Мадрид од Барса со минимални 0:2. И кога сме кај германските тимови да ве потсетам дека Баер Леверкузен на Камп Ноу загуби од Барса со резултат од 7:1, а Мурињо во 1-та сезона со Реал загуби 5:0 од Барселона што значи загубиле еден гол разлика помалку од „фармацевтите“ така да не се силете многу со германските тимови.
Молете се сега да не ви падне во ЛШ Челзи со Мурињо оти дури тогаш ќе го видите Господ.