Го препрочитав твојот пост и го забележав ова твое тврдење. Сега знам што е тука спорно. Болдот е спорен.
Како што е напишано, тврдењето остава простор за некој да поверува дека Јахве е еден, а Исус некој друг Бог. Не е. Истиот е, нели. И Исус така вика во Библијата.
Ако е истиот Бог, тогаш е тој истиот оној од политеистичката јудеистичка митологија - другарот на Баал и мужот на Ашера. Тоа е тоа што е нејасно!
Како тоа Јахве сега има три аспекти ( + Светиот Дух, нели, кој е волшебно институционализиран долго после времето на Исус)? Што е со Царицата на небесата на која старите народи и каделе? Зошто сегашните христијани одбиваат да признаат постоење на некои други божества, а го признаваат постоењето на Луцифер, на пример? Што е со останатите богови кои Јахве бара да не се разматраат?
Зошто христијаните викаат дека религијата им е монотеистичка, кога таа очигледно не е таква?
Што е тоа со 1+1+1=1?!? Како е поинакво ова од Хинду тројството на Брама, Вишну и Шива? Чуму алегориите за гулаби, ангели, хиерархии и редови?
Тоа е спорно и нејасно. ...а сите верници со кои јас зборувам овде се децидни дека во христијанството нема други богови и божества освен Господ. И ништо не им е нејасно.
Како тоа?
Нема ништо спорно во болдот.
За тие што читаат целосно и без барање на „грешки во запирки“ (се извињавам за цитатов :helou
се си е добро објаснето.
Господ си е еден едини одсекогаш. Луѓето низ историјата често ГРЕШЕЛЕ и верувале и се поклонувале на разноразни божества и идоли. Господ многу често пробувал да ги врати на вистинскиот пат праќајки им пораки на луѓето на земјата преку избрани пророци, кои го пренесувале директно неговиот збор. Во истиот текст од каде цитираше предходно Еремија 7, го има ова напишано само тоа не ти беше битно да постираш.
21 Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „На палениците додајте им и жртви, и јадете месо.
22 Јас ништо не им реков на вашите татковци за палениците и закланиците, ниту им заповедав нешто за тоа кога ги изведов од Египетската Земја.
23 Ова им го заповедав: ‘
Слушајте го Мојот глас, па Јас ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ. Одете по патот по кој што ви заповедав, за да ви биде добро.’
24 А тие не послушаа, не го приклонија своето уво, туку тргнаа по советот и закоравеноста на своето лошо срце; Ми ги свртија плеќите, а не лицето.
25 Од денот кога вашите татковци излегоа од Египетската Земја па до денешниот ден
ви испраќав толку свои слуги, пророци, од ден на ден, неуморно.
26 Но тие не Ме слушаа, не го приклонија своето уво, туку го закоравеа вратот, полошо од своите татковци.
27 Можеш да им го речеш сè тоа, но нема да те послушаат; викни ги, не ќе ти одговорат.
28 Затоа речи им: ‘Ова е народ кој не го слуша гласот на Господа, својот Бог, и не прима опомени. Ја снема вистината, ја снема од нивната уста.
29 Истрижи ја својата долга коса, фрли ја. По голините затажи со тажачка, зашто Господ го отфрли и го остави родот на кого се разгневи.
30 Да, Јудините синови, прават што е зло во Моите очи - зборува Господ. Поставија грозотии во Домот што се вика со Моето Име, за да го осквернат;
31 издигнаа тофетски високи места во Долината Бен Еном (Еномови Синови) и ги горат во оган своите синови и ќерки -
што Јас никогаш не им заповедав, ниту пак тоа некогаш Ми падна на ум.
Околу дилемата со Исус Христос, што според тебе сум ја оспорил еднозначноста на Господ Бог.
Објаснувањето на РЕЛИГИЈАТА е:
И после сите предходни обиди на Господ да ги врати луѓето на вистинскиот пат, секогаш тие ја изневерувале неговата добрина и се оддавале на грешни верувања, блуд и расипништво.
Затоа Господ Бог решава лично да се “симне“ на земјата отелотворувајќи се во Богочовекот Исус Христос. Бидејќи и тогаш и денес нели едниствен начин за да поверуваат луѓето во нешто е да го ВИДАТ тоа.
(Верувале или не очите ни се еден од најнеповерливите сетила, односно многу не лажат. Ама тоа е друга тема
)
Господ Бог се симна на земјата, многу луѓе го видоа и поверуваа во него. Сите што поверуваа во отелотворениот Богочовек Исус Христос денес се нарекуваат ХРИСТИЈАНИ. Исус Христос односно Господ немаат никаква допирна точка со исмислените богови на заблудените неверници кои што го бирале полесниот пат низ животот.
Христијанството нема други и повеќе богови. Сите што поверувале во Господ Бог дека е еден и едиствен, наш создател и на се окулу нас, целосно ги отфрлиле ЗАБЛУДИТЕ за постоењето на други божества и разноразни богови и идоли.
Околу светото тројство. Најлесно се објаснува мислам преку трите агрегатни состојби на водата:
- Течна - изворот на живот, односно Господ Бог.
- Мраз - Отелотворениот Исус Христос за да можат луѓето да го видат, осетат и поверуваат во него. („Блажени се оние кои не видоа а поверуваа“)
-Пареа - Светиот дух. Најчесто невидлив но секогаш тука околу нас сеприсутен и по потреба “видлив“.
Вода + мраз + пареа = H2O
:smir:
Суштината на светото тројство е иста, само во различен облик.
Повеќе не сакам да навлегувам во дискусии од типот „Тој рече, таа рече“ односно вака пишува онака пишува во Библијата или било каде. Тоа што сум го напишал сум го напишал, не планираам да се дообјаснувам. Кој како ме разбрал така нека си толкува и мисли.
Искрено ми сметаат навредите што се пишуваат во овој под форум. Не ми се допаѓа тој тип на “изразување“ општо во животот. Почитувајте туѓо мислење немора да се навредува и омаловажува соговорникот колки и да сте убедени во спротивното од тоа што го тврди и пишува.
Јас не планирам да се впуштам во егзибиција некого да преубедувам и разубедувам во неговите лични верувања и убедувања. Секој за себе најдобро си знае. :smir:
ПС. Тукатер, АЛЧНОСТА е таа што ги корумпира и разјадува луѓето од внатре.