Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
:)

Кога еден атеист ќе каже “Господ не постои“ тој е уверен во неговата констатација, исто како што верникот е уверен во својата “Господ постои“. Сепак, и едниот и другиот одбираат да бидат мали деца коишто веруваат во цртан филм. Мислат дека Том вистински постои таму некаде и дека изгледа такму така. Тоа повеќе личи на верник, се сложувам, но атеистот, тврди дека Том и Џери не постојат, тоа што го гледаме во моментот на екранот е илузија, е глупост и никаков стрип-цртач никаде во Холивуд не постои, тоа се глупости и бесмислици, а другарчето коешто верува дека Том е реален е најголема будала.

Со “живеење во неизвесност“ не можеш да опишеш ниту атесити ниту верници.
ООооо, Ошо-фраер, а?

ОК, кое би било твоето тврдење? или, комотно ќе одлучиш да не се изјасниш?

Атеистот има само едно единствено тврдење кое го прави тоа што е. Тврдењето е: Не постојат Бог или божества.

Кое е твоето тврдење, Олди? ;)
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Не најдов ваква тема, а не сакамд а отворам нова само за ова.
Не би коментирал, туку само би ве охрабрил да го погледнете ова :)
За типот им еден куп информации на интернет, мислам дека биде интересно.

Значи нити се закачам, ниту сум про или анти нешто..туку само малку за размислување.

Г

Господ

Гостин
А јас пак се прашувам зошто досега не осетив Божја рака во мојов живот?
Не е некако редно и со мене да се позанимава ?
 
MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
Верувам во постоењето на Господ. Не сум религиозен, иако многу ги почитувам сите религии на светов . . .
Силно Верувам дека постои Бог, кој беспрекорно не’ сака нас луѓето и целиот жив свет, природата, се’ што постои . . .
Господ е Љубов, Милост, Верување, Подршка и Разбирање, Господ е страшно широк поим . . .

Има една хиндуистичка приказна која зборува за Бог, и кога ја прочитав - читав нешто што длабоко во себе го знаев - сите ни е сме дел од Бог, сите ни е сме негови/Божествени Креации и истовремено сите ние сме Богови. (верувам дека на многу луѓе им звучи налудничаво можеби, но знам и дека има луѓе кои сосема јасно знаат што сакам да кажам :) )
Ако ги негуваме божествените карактеристики: безусловна и бескрајна љубов, чесност, верност/ верување, општо не нанесување зло/ не повредување на други свесни и несвени живи суштества. живеење во хармонија со природата која е наша мајка и не одржува во живот - тогаш ќе бидеме богови во вистинска смисла на зборот. И ќе станеме достојни да го видиме и Бога. Тогаш Господ пак ќе шета по земјата :)

еве ја приказната, што ја спомнав погоре:
" Брама бил осамен и му било досадно. Сакал да си игра, ама немал со кого. Ја создал Маја за да си игра со неа. Таа му рекла:
„Добро, ајде да ја изиграме најубавата игра од сите.“
И му кажала како. Според нејзините зборови, Брама ја создал целата вселена – Сонцето, Месечината, ѕвездите, реките и долините на Земјата, а потоа и сите растенија и животни. Тогаш Маја восхитена од илузорните убавини пред неа, побарала од него да создаде суштества кои ќе можат да се восхитуваат на сета таа убавина. Така Брама ги создал луѓето, и ја прашал Маја кога ќе започне играта. Но, Маја во тој момент го грабнала Брама, го исекла на ситни парчиња, и во секој човек ставила по едно парче, а на Брама му рекла:
„Сега нека започне играта! Јас ќе создадам Сон, Илузија, и ќе направам да заборавиш кој си, а ти обидувај се да се разбудиш, да се пронајдеш.“ Брама уште се обидува да се пронајде себеси.

Учењата кои доаѓаат од Индијците, Индијанците, од христијаните, од сите култури го зборуваат истото: божественото е во вас, треба само да му дозволите да се разбуди. еве го сајтот каде ја прочитав убавава приказна . . .

малку off topic*Колку повеќе читам книги за религиите(конкретно исламот и христијанството), толку повеќе ми се потврдува дека сите имаат заеднички битни точки: неубивање/ненасилство, давање безусловна љубов, милост, сочувтсво, неосудување, значењето на духовното, наспорти неважноста и безначајноста на материјалното . . .жал ми е што очигледно грото од верниците, припадници на овие религии не ги акцентираат сличностите(да не речам истите фундаменти) туку се силно сконцентрирани на истакнување на разликите . . .а кои разлики, тоа што сите сме луѓе? тоа што еден е Бог и за верници и за неверници, и за будисти и за евреи, за хрситијани и муслимани, . . . . несакам да осудувам- само ќе го искажам моето чувство дека религиозните водачи можеби не делуваат доволно на своите верници и можеби го поттикнуваат потенцирањето на меѓу религиските разлики . . . а, за злоупотребата на својата позиција и авторитет за манипулација на масите (католичката црква-со Крстоносните Војни, Исламисите-со Џихадот), нависитина ме растажува сето тоа, и никако не сакам да верувам дека тоа е религијата - зашто на крај краева тие се луѓе кои се подложни на сите пороци и влијанија (секако и тие луѓе(како и сите луѓе) се дел од Бог - но Бог ни дал еден дар - изборот - тука секој сам одлучува за себе и како ќе делува, прави ... Но, Бог е милостив за сите -па секој може да се покае) . . .
*Верувањето (за религиозните-религијата) е во срцето, а не во главата . . . . Затоа слушајте си го вашето срце - и кога имате некоја молитва, порака, молба, благодарност направете го во вашиот внатрешен олтар - срцето - ние сме дел од Бога, линкувани сме со него, преку нашите срца. Ако некој милува да посети религиозен храм, нека го стори тоа - битно е да ја чувствува врската со своето срце - тогаш е конектиран на УНИВЕРЗалната мрежа :):):)
 
Супер пост. На кој бог конкретно мислиш што е така страшно широк како поим? Дали тој господ за кој пишуваш има некаков план? Дали има намера некаква со нас? Дали ни држи сметка?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
А јас пак се прашувам зошто досега не осетив Божја рака во мојов живот?
Не е некако редно и со мене да се позанимава ?
Околу нас постојат многу луѓе за кои и не знаеме дека постојат. Не ги гледаме иако секој ден се покрај нас. Тие нас не гледат, но ние не ги гледаме. Дали непостојат? Што треба да се стори за да ни се обратат некогаш?
 
Чекај,споредуваш Бог,кој е семоќен,сезнаен,со обичен човек?
Човек може да се срами да ни пријде,може има personality disorder,милион причини зошто не ни приоѓаат,а овој е семоќен и безгрешен,крај краева наш создател.
Нешто го спречува :?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Чекај,споредуваш Бог,кој е семоќен,сезнаен,со обичен човек?
Човек може да се срами да ни пријде,може има personality disorder,милион причини зошто не ни приоѓаат,а овој е семоќен и безгрешен,крај краева наш создател.
Нешто го спречува :?
Како што не го разбра постот, така не го осеќаш ни присуството Божје.

Не ги гледаш луѓето кои се околу тебе, а сакаш да го видиш Бог, кој никогаш никого не го видел. Сакаш Бог да интервенира во твојот живот, но предходно да ти се најави и да ти каже дека ќе интервенира така и така. По која причина? Што му даде ти на Бог?
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Гласав дека ВЕРУВАМ ВО БОГА!

И тоа во Едниот, Единствениот, На никој и ништо не сличен, Кој не родил, и не е роден и Кому никој не Му е рамен! Кој нема ортак, придружник, ниту компанија во управувањето, Кој не може да се окачи на зид, ниту да се наслика во форма на белобрад старец, распнат младинец или бел голуб, бидејќи сето тоа ме потсетува на идолатријата на поранешните народи кои имале таков или сличен пристап во поимањето на Бога.

Мене мојата Света Книга ме учи дека: " Ништо не е слично на Него!" (Куран)
 
MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
Супер пост. На кој бог конкретно мислиш што е така страшно широк како поим? Дали тој господ за кој пишуваш има некаков план? Дали има намера некаква со нас? Дали ни држи сметка?
Одговорот на прашањево нема да е едоставен (и ако добро сватив што сакаш да прашаш)- Не верувам дека има список на намери, планови и сл . . . . пошо секој сам си ја создава судбината - намногу сам е заслужен за резултатите - за тоа со сметката - отсекогаш верував дека секој што и да прави еден ден ќе му се врати на глава - било добро или лошо. Не верувам дека Бог суди, порано благодарение на религите го доживував како надзорник кој строго ги запишува сите наши чекори, грешки и гревови - сега сум убеден дека Бог е се’ милосен - и дека секого (макар тоа бил и нај, нај лошиот чове што може да се замисли) го сака, и не го казнува - туку сите сами си се казнуваме - ко законот со акција и реакција. А, ако искрено се покаеме и поправиме - фала богу за позитивна акција - ќе има и позитивна реакција . . . Изборот е наш. Ништо не кошта ако се трудиме секој ден, во секој миг да сме подобри луѓе, за себе си, за другите (пошо сите ние сме божје дело и дел од него - тоа директно почит кон Бога) Во секојдневието наше, секогаш кога некој(познат или непознат) ќе ме налути се обидувам да се сетам дека и тој е божје дело/чедо) и дека и тој се соочува со милјарда предизвици во себе си (како и јас, како и сите ние) . ..
 
Г

Господ

Гостин
Како што не го разбра постот, така не го осеќаш ни присуството Божје.

Не ги гледаш луѓето кои се околу тебе, а сакаш да го видиш Бог, кој никогаш никого не го видел. Сакаш Бог да интервенира во твојот живот, но предходно да ти се најави и да ти каже дека ќе интервенира така и така. По која причина? Што му даде ти на Бог?
О,значи Бог е трговец?
Интересно...за да дадам нели треба да ми побараат?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Гласав дека ВЕРУВАМ ВО БОГА!

И тоа во Едниот, Единствениот, На никој и ништо не сличен, Кој не родил, и не е роден и Кому никој не Му е рамен! Кој нема ортак, придружник, ниту компанија во управувањето, Кој не може да се окачи на зид, ниту да се наслика во форма на белобрад старец, распнат младинец или бел голуб, бидејќи сето тоа ме потсетува на идолатријата на поранешните народи кои имале таков или сличен пристап во поимањето на Бога.

Мене мојата Света Книга ме учи дека: " Ништо не е слично на Него!" (Куран)
Ве дупна :pos:
Ај спротиставете му се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom