Верувам во постоењето на Господ. Не сум религиозен, иако многу ги почитувам сите религии на светов . . .
Силно Верувам дека постои Бог, кој беспрекорно не’ сака нас луѓето и целиот жив свет, природата, се’ што постои . . .
Господ е Љубов, Милост, Верување, Подршка и Разбирање, Господ е страшно широк поим . . .
Има една хиндуистичка приказна која зборува за Бог, и кога ја прочитав - читав нешто што длабоко во себе го знаев - сите ни е сме дел од Бог, сите ни е сме негови/Божествени Креации и истовремено сите ние сме Богови. (верувам дека на многу луѓе им звучи налудничаво можеби, но знам и дека има луѓе кои сосема јасно знаат што сакам да кажам
)
Ако ги негуваме божествените карактеристики: безусловна и бескрајна љубов, чесност, верност/ верување, општо не нанесување зло/ не повредување на други свесни и несвени живи суштества. живеење во хармонија со природата која е наша мајка и не одржува во живот - тогаш ќе бидеме богови во вистинска смисла на зборот. И ќе станеме достојни да го видиме и Бога. Тогаш Господ пак ќе шета по земјата
еве ја приказната, што ја спомнав погоре:
" Брама бил осамен и му било досадно. Сакал да си игра, ама немал со кого. Ја создал Маја за да си игра со неа. Таа му рекла:
„Добро, ајде да ја изиграме најубавата игра од сите.“
И му кажала како. Според нејзините зборови, Брама ја создал целата вселена – Сонцето, Месечината, ѕвездите, реките и долините на Земјата, а потоа и сите растенија и животни. Тогаш Маја восхитена од илузорните убавини пред неа, побарала од него да создаде суштества кои ќе можат да се восхитуваат на сета таа убавина. Така Брама ги создал луѓето, и ја прашал Маја кога ќе започне играта. Но, Маја во тој момент го грабнала Брама, го исекла на ситни парчиња, и во секој човек ставила по едно парче, а на Брама му рекла:
„Сега нека започне играта! Јас ќе создадам Сон, Илузија, и ќе направам да заборавиш кој си, а ти обидувај се да се разбудиш, да се пронајдеш.“ Брама уште се обидува да се пронајде себеси.
Учењата кои доаѓаат од Индијците, Индијанците, од христијаните, од сите култури го зборуваат истото: божественото е во вас, треба само да му дозволите да се разбуди.
еве го сајтот каде ја прочитав убавава приказна . . .
малку off topic*Колку повеќе читам книги за религиите(конкретно исламот и христијанството), толку повеќе ми се потврдува дека сите имаат заеднички битни точки: неубивање/ненасилство, давање безусловна љубов, милост, сочувтсво, неосудување, значењето на духовното, наспорти неважноста и безначајноста на материјалното . . .жал ми е што очигледно грото од верниците, припадници на овие религии не ги акцентираат сличностите(да не речам истите фундаменти) туку се силно сконцентрирани на истакнување на разликите . . .а кои разлики, тоа што сите сме луѓе? тоа што еден е Бог и за верници и за неверници, и за будисти и за евреи, за хрситијани и муслимани, . . . . несакам да осудувам- само ќе го искажам моето чувство дека религиозните водачи можеби не делуваат доволно на своите верници и можеби го поттикнуваат потенцирањето на меѓу религиските разлики . . . а, за злоупотребата на својата позиција и авторитет за манипулација на масите (католичката црква-со Крстоносните Војни, Исламисите-со Џихадот), нависитина ме растажува сето тоа, и никако не сакам да верувам дека тоа е религијата - зашто на крај краева тие се луѓе кои се подложни на сите пороци и влијанија (секако и тие луѓе(како и сите луѓе) се дел од Бог - но Бог ни дал еден дар - изборот - тука секој сам одлучува за себе и како ќе делува, прави ... Но, Бог е милостив за сите -па секој може да се покае) . . .
*Верувањето (за религиозните-религијата) е во срцето, а не во главата . . . . Затоа слушајте си го вашето срце - и кога имате некоја молитва, порака, молба, благодарност направете го во вашиот внатрешен олтар - срцето - ние сме дел од Бога, линкувани сме со него, преку нашите срца. Ако некој милува да посети религиозен храм, нека го стори тоа - битно е да ја чувствува врската со своето срце - тогаш е конектиран на УНИВЕРЗалната мрежа
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)