- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Не е добро во своите размислување сами себе да се гледаме во огледало - односно работите да ги замислуваме според своите желби. Во дадената состојба, Русија не може никако да излезе како победник, освен ако не превземе нешто. Русија ја изгуби иницијативата во Украина и сега е подредената сила. Иницијативата ќе ја добие АКО ТАА ПРЕВЗЕМЕ ПРОТИВУДАР, а не како што велиш Путин очекува да прими УДАР за да возврати.И Грузија беше пример за држава со современа НАТО војска, па видовме колку беше ефикасна и ефективна таа НАТО војска во 2008 година - за 6 дена Путин ја срамни Грузија со земја.
Истото ги чека и НАТО војските во источна Европа доколку ја искористат Украина како бојно поле на кое ќе си ги мерат силите со Русија. На крајот на краиштата, руските војски на западните граници на Русија постојат токму за да ја бранат Русија од нејзиниот најголем можен воен непријател во источна Европа - НАТО.
Путин не сака да биде агресорот во оваа ситуација, па затоа го остава западот да го зададе првиот удар, доколку западот воопшто има муда за таков потег. Повеќе од очигледно е дека западот не очекуваше дека работите ќе ескалираат до ова ниво и дека ќе изнудат ваква реакција од Путин, но сега кога Путин реагираше така како што реагираше, западот може само да претпоставува кој ќе биде наредниот потег на Путин.
Не можам да сфатам како некој може да каже „сакаат да ја вовлечат Русија во судир, ама таа тоа успешно го избегнува“. Ако такви сили сакаат да вовлечат некого да дејствува тој нема никаква шанса тоа да го избегне. Ако го избегне тогаш ги оставил без борба да го остварат она за кое дошле.
После масовните ѕверски убиства во Одеса, Русија требаше политички да згрми низ цел свет. И како што западните сили пред се САД при секоја акција го завземаат воздушниот простор и ја владеат состојбата, ако сакаше да се однесува како воена сила и да биде почитувана како таква, што ќе донесеше најмалку жртви, требаше истото да го стори.
Малиот Израел се спротивставува на милијарда непријателски настроени муслимани околу себе, кои и исто така располагаат со огромни финансиски средства. Ги отстранува муслиманските воени обиди за да го срушат благодарение на убедливо надмоќните воздухопловни сили. Спремен е да изведе дејствија далеку од својата граница, против многу поголеми држави, заради сигурноста што ја има во својата авијаација. При секој воен поход кој САД, Франција, В. Британија го превзедоа во изминатите децении клучно беше убедливата надмоќност над небото на нападнатите земји.
Ако Путин продолжи вака ќе излезе како оние генералите кои ги нарекуваме генерали-примадони. Одлични се за мотивација на војската, ама кога ќе дојде реалното, суштинските и вистински предизвици, се покажуваат неспособни за дејствување.
Последно уредено: