Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???


  • Вкупно гласачи
    994
Г

Господ

Гостин
На онлајн Библијата на mkbible фалат (од стариот завет) 10-11 книги, ама тоа мислам дека христијаните - протестанти ги имаат тргнато (не знам од кои причини). А за тебе еве ти една комплетна ТУКА: А може и ОВДЕ.
ОК, за тоа дека не ЉУБИ, ОК за Содом и Гомора, ОК за потопот, сите тие нешта се со причина. Но, тоа не го прави Бог сличен на човекот. Не може ти да бидеш сличен со нешто што си создал, малку поверојатно е созданието да биде слично на создателот, дотолку повеќе ако тој создал нешто :

Потоа рече Бог: "Да создадеме *човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите - над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!" (1Мојс 1:26)
Создадеме,нашиот...на кому му се обраќал Бог поточно ако бил првото живо суштество.

според нашиот образ и подобие може да биде протолкувано на многу начини но во суштина е Ќе го направам човекот сличен на мене:toe:
Добро ок не личи тој на нам,туку ние на него што е фактички исто.
 
A

ateist

Гостин
Не постои.

Сите шо мислат дека постои се ограничени!
ама та тие не мислат !

1700 год се доволни за некој да си ги докаже тврдењата .!

на кој друг му била дадена таква фора да си ги докажува тврдењата .?

и сеуште безобразие демек другите неверувале ?????????????!!!!!!!!!!!
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Римјаните: 13:10 Љубовта НЕ МУ ПРАВИ ЗЛО на ближниот.

1 Јованово: 4:8 А кој не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог е љубов.

1 Коринтјани: 10:29 Но не мислам на твојата совест, туку на оној другиот. А зошто мојата слобода да биде СУДЕНА ОД ТУЃА СОВЕСТ ?


.
.
.
ЕТЕ ТИ ЦИТАТ !

АЈДЕ ИСКОМЕНТИРАЈ .

Бре, бре ама си се залетал, демек еве го фатив, ха. Ама момче ти си веќе прочитан и познат по вадење на цитатите и стиховите од Библијата од контекс. Но, ако некој само прочита неколку стиха пред и по од тебе посочениот, веднаш добива сосема друга слика за нештото, како на пример ова:

27 Ако ве покани некој од неверниците и вие посакате да отидете, јадете се, што ќе ви принесат, без никакво испитување поради совеста.
28 Но, ако некој ви рече: тоа е идолска жртва не јадете - заради оној, што ви го рекол тоа, и поради совеста; зашто Господова е земјата и она, што ја исполнува.
29 Но не зборувам за совеста твоја, туку на друг; оти, бива ли мојата слобода да биде осудена од туѓа совест?
30 Ако, пак, во јадењето учествувам со благодарност, зашто да бидам хулен поради тоа, за кое благодарам?
31 И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Божја.

Што има тука да се коментира, само малку пошироко да се прочита. Оф леле па ти си веќе ОФЛАЈН, позната тактика.

Создадеме,нашиот...на кому му се обраќал Бог поточно ако бил првото живо суштество.

според нашиот образ и подобие може да биде протолкувано на многу начини но во суштина е Ќе го направам човекот сличен на мене:toe:
Добро ок не личи тој на нам,туку ние на него што е фактички исто.
Бог е Света Троица (Отец, Син и Светиот Дух). Сега гледаш на кого се обраќал, само тоа е долга и широка тема.
 
Г

Господ

Гостин
Бог е Света Троица (Отец, Син и Светиот Дух). Сега гледаш на кого се обраќал, само тоа е долга и широка тема.
Сепак се обраќал сам на себе,подвоени личности но сепак во суштина е една иста.
Бидејки ако вели да направиме,создадеме тоа значи дека треба да е некој одвоен од него а не да си зборува сам на себе.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Сепак се обраќал сам на себе,подвоени личности но сепак во суштина е една иста.
Бидејки ако вели да направиме,создадеме тоа значи дека треба да е некој одвоен од него а не да си зборува сам на себе.
Не ти ја гледам поентата, ама нејсе... Значи Бог е еден по суштина, а Троица по ипостаси (божествени личности).
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
52
Поени од реакции
2
Бог не постои.За тоа би можеле да се контраме 1 година, но сепак има факти и докази кои говорат дека тој не постои, и има приказни кои тврдат дека тој постои.Би кажал само неколку работи, зашто има стварно многу за зборување.Но би сакал да ги прашам овие вернициве неколку прашања.Видов некој го спореди постоењето на Бог со Windows.Тоа е смешна споредба и воопшто не треба да се коментира за неа.Е сега да се вратиме на Бог и неговите способности.Ако Бог постои,зашто има повеке од една религија(споредбата со Windows не држи),има премногу сличности во приказните од една религија со друга,значи некој тука е плагијатор.Настаните што се во Библијата конкретно(но исто така и во која било друга религиска книга од било која друга вера)се опишани само во таа книга, и никаде на друго место (другите извори кои ги имам прочитано на други места се смешни и не се научно докажани, односно се научно побиени).Доколку таа универзална свест или Бог е семоќна како што се кажува, значи ние сме само еден вид на експеримент,од кој се чека исходот.Но нели Бог е семоќен, и го знае исходот однапред,зашто тој ја гледа иднината?Значи многу одамна кога Бог ги создал луѓето, тој знаел како ќе завршат?Значи знаел дека денес ке има толку многу зло на планетава.Која е поентата да правиш некој експеримент, а знаеш од напред дека ке пропадни?Значи доаѓаме до моментот кога треба да расчистиме некои работи.Или Бог не е семоќен, или само си игра со нас?Уште една интересна работа е тоа што Библијата кажува дека Бог не направил по негов лик.Тоа значи или Бог е сепак суштество па не направил по физички лик, или ако се мисли на душата, тогаш имаме голем проблем.Во светот постојат и лоши и добри луѓе.Значи Бог има две Јас,односно како секој човек на планетава има и добра и лоша страна.Што се однесува до "доказите" за неговото постоење, некој тврди дека чудата што се случуваат во светот се доказ за неговото постоење.Епа би кажал дека се е релативно,па и тие чуда.Многу работи кои во минатото биле чуда,денес се нормални појави.Би дал еден пример:Оди некој современ човек во Африка,во посета на некое заостанато племе,во кое сеуште се слават повеќе богови.Доволно е само да им покажиш парче од нашата денешна технологија,и тие би те сметале за Бог или Ѓавол,зависи како ќе те запознаат.Има многу контрадикторни работи и во самите книги,што едноставно е глупаво (не ме сваќајте погрешно вие верници) да веруваш слепо, во некое суштество или пак ете универзална свест, за која нема логично и разумно објаснување.Не сакам повеќе да пишувам, зашто можеби ке бидам сватен погрешно.
П.С. Атеистите не одат по улица, и убиваат и колат и силуваат. Најголемите гревови ги прават вашите религиски водачи, оние кои треба да ја шират Божјата реч, поповите,владиците итн. Ако Бог постоеше сигурно немаше да дозволи такви луѓе да го шират неговото учење.....Моралот и етиката на еден човек,зависи главно од домашното воспитување,а многу малку од религијата,зашто дома го добиваш првото восппитување и насоката за тоа каков човек би постанал.
Баш ме интересира кои се тие твои докази дека не постои и приказни дека постои:icon_quesBy the way муабетот со тоа дека споредбата со windows не чини,ептен држи вода.На прашањето за повеќето религии,не дека некој е плагијатор ма да има и такви,тоа со религиите сфати го како надополнување на претходните изданија,ко на пример енциклопедија или некоја книга во неколку изданија да речеме првото издание имало некои работи во другото уште повеќе и се така се надополнуваат се до перфекција.Science without religion is lame,така да тоа со научните докази не држи вода.За да сфатиш дека Бог е Семоќен и дека постои треба да почувствуваш како што ја чувствуваш гравитацијата на земјата која не ја гледаш но сепак веруваш дека постои.Не ми е јасно од кај знаеш дека експериментот ќе пропадне?Нашето создавање ќе биде само личен доказ против или за,за она што сме го сработиле и како сме живееле.За се што правиш имаш избор и разумна свест така да сам ќе ги сносиш последиците.Бог не е суштество Он е Бог и толку,и не дека има две јас туку Неговата добрина преовладува над Неговата лутина.А за чудата кои го потврдуваат Божјото постоење тоа зависи кој како ги сфаќа.Не можеш ти со еден пример да сфатиш равенка со 3 непознати освен некои исклучоци кои се ретки така да африканецот самиот е крив ако он од прва поверува дека нештата стојат така и така без претходно убаво да истражува и да се убеди во тоа.Споредбата со атеистите и религиските водачи до некаде е така но повеќе би рекол дека и телевизијата малце ни ги пере мозоците.Такви луѓе не го ни шират Божјиот збор туку тие се само со маски на своите лица,а тие кои се задолжени со ширење на Божјиот збор биди сигурен дека се тука иако не се толку изложени.Целосно се согласувам со тоа дека као домашното воспитување што има влијание на тоа каков ќе биде човекот ништо дрго не може да влијае така.Но тука би те прашал нешто,викаш дека има мн малку од религијата,тогаш од кај доаѓа другиот дел на воспитувањето?Од кај е изворот на таа етика и морал??

Поздрав до тебе се гледа дека размислуваш убаво и паметно така да не можев да се воздржам а да не ти реплицирам на постот.

[FONT=&quot]
[FONT=&quot][/FONT][/FONT]

[FONT=&quot] Bog,postoi[FONT=&quot]

Eden covek otisol vo berbernica da si ja skrati kosata,i kako i obicno da se izbrici.
Pocnal da razgovara so berberot,koj mnogu go zagrizil,zboruvale za mnogu raboti i razni temi.
Iznenadno ja cepnale temata za postoenjeto na Bog
Berberot rekol:"Vidi covece,jas ne veruvam deka Bog postoi,kako sto ti tvrdis!"
"Zosto go rece toa?"-go zaprasal covekot.
"Pa toa tolku e ednostavno,samo izlezi na ulica i ke svatis deka Bog ne postoi! Kazi mi,koga bi postoel Bog,dali bi imalo tolku bolni luge? Dali bi imalo tolku napusteni deca?
Koga bi postoel Bog,ne bi imalo tolku bol i patnja!
Jas nemozam da zamislam Bog,koj gi dopusta ovie raboti!"
Covekot zamolcil edno vreme mislejki se,no ne sakal da odgovori bez argumenti.
Berberot koga si ja zavrsil svojata rabota,covekot izlegol od berbernicata.Nabrgu,otkako izlegol od berbernicata go zdogledal eden covek so dolga kosa i so zapustena brada.
Togas covekot povtorno vlegol vo berbernicata,i mu rekol na berberot:
"Znaes sto,berberi ne postojat!"
"Kako ne postojat?"-prasal berberot.
"Ne"-izvikal covekot.
"Oni ne postojat,zatoa sto,koga bi postoele,ne bi imalo nesredeni luge,kako onoj na ulica."
"Aaa,ne,berberi postojat,samo sto lugeto ne doagjaat kaj nas!"
"Tocno",potvrdil covekot.
"Tuka e i poentata.Bog.,postoi,samo sto lugeto ne veruvaat vo Nego,ne Mu se pokoruvaatt,i zatoa ima tolku bol i patnja na svetot!"[/FONT]
[/FONT]
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Зависи како гледаш на тоа дали како приказна или како вистина,тоа е твој избор,мое е да ти кажам.
ЗОШТО?

Зошто вие верниците се осеќате како да морате секој ебен човек на планетата да го просветлите?
Нели господ дал слободна волја на сите?
Па зошто воопшто се логирате и упорно не разубедувате?
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
52
Поени од реакции
2
ЗОШТО?

Зошто вие верниците се осеќате како да морате секој ебен човек на планетата да го просветлите?
Нели господ дал слободна волја на сите?
Па зошто воопшто се логирате и упорно не разубедувате?
:eek:ftopic:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
ЗОШТО?

Зошто вие верниците се осеќате како да морате секој ебен човек на планетата да го просветлите?
Нели господ дал слободна волја на сите?
Па зошто воопшто се логирате и упорно не разубедувате?
ПЕРКЕ?

Колку што знам таа работа е господова работа, така да автоматски на тоа дојдов до заклучок дека тие се сметаат зза бог или за неговите апостоли или пророци.

Најкризен преиод е сега околу новогодишните празници а потоа и велигден каде се прикажуваат филмови на ТВ од таков карактер како еден хипик си мислел дека е дете на господ.

Кабелнетот е зло !
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
52
Поени од реакции
2
ПЕРКЕ?

Колку што знам таа работа е господова работа, така да автоматски на тоа дојдов до заклучок дека тие се сметаат зза бог или за неговите апостоли или пророци.

Најкризен преиод е сега околу новогодишните празници а потоа и велигден каде се прикажуваат филмови на ТВ од таков карактер како еден тип со долга коса си мислел дека е дете на господ.

Кабелнетот е зло !
:eek:ftopic: не е темата за тоа,отвори си нова тема и таму коментирај не тука,тука се знае што е насловот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom