Како изгледа тој апарат? На копче е или? ЕДНО не ми е јасно-на темава РЕЛИГИЈА има повеќе атеисти отколку верници. Истите тие шо јадат ''чоколатца'' дека не постои Бог, кога им е најтешко си спомнуваат Господе поможи.
Се вели подфорум религија, а темава си има содветен наслов.
Тоа што има повеќе атеисти не значи ништо. Значи само дека верниците се откажале од дебатирање
. Може треба да ги викнеш тоа другарите да помогнат малце, некој баланс да направиме, а?
Патем, да не ги заборавивте гностиците и агностиците на форумов?
Не е се црно-бело, атеисти-верници.
Домородците во прашумите од Јужна Америка немаат никогаш видено ниту искусено или осознаено стаклена чаша, значи стаклената чаша не постои или сепак не
.
Замисли ти да беше еден таков домородец?
Немаше да знаеш дека постои Господ, бидејќи не си бил изложен на такви учења од рани години. Ќе веруваше во Чумбакуа или Бумба :wink:.
Бог постои како апарат за преплашување на малодушните.
Останатиот дел од народот ги викаат атеисти.
Ти во кој табор припаѓаш?
По коментаров тешко да си кај било кој од нив, и во двата е потребно малку интелигенција во формирање на мислења.
Јас верувам во постоење на Бог (Универзална свест). Дали за Бог е важно да се верува во него? Сигурна сум дека тој подеднакво ги сака и атеистите и верниците, па нели тој ги создал сите. Значи и атеистите се негово дело, а можеби и ги создал заради рамнотежата на нештата. Нај важно е да се постапува чесно во животот -колку е тоа можно и сакајте се бе деца и љубовта ја создал Тој.
Од каде тогаш таа Универзална Свест ја карактеризираш со пол?
Гледам по теми ја користиш ознаката 'тој'.