Бог не постои.За тоа би можеле да се контраме 1 година, но сепак има факти и докази кои говорат дека тој не постои, и има приказни кои тврдат дека тој постои.Би кажал само неколку работи, зашто има стварно многу за зборување.Но би сакал да ги прашам овие вернициве неколку прашања.Видов некој го спореди постоењето на Бог со Windows.Тоа е смешна споредба и воопшто не треба да се коментира за неа.Е сега да се вратиме на Бог и неговите способности.Ако Бог постои,зашто има повеке од една религија(споредбата со Windows не држи),има премногу сличности во приказните од една религија со друга,значи некој тука е плагијатор.Настаните што се во Библијата конкретно(но исто така и во која било друга религиска книга од било која друга вера)се опишани само во таа книга, и никаде на друго место (другите извори кои ги имам прочитано на други места се смешни и не се научно докажани, односно се научно побиени).Доколку таа универзална свест или Бог е семоќна како што се кажува, значи ние сме само еден вид на експеримент,од кој се чека исходот.Но нели Бог е семоќен, и го знае исходот однапред,зашто тој ја гледа иднината?Значи многу одамна кога Бог ги создал луѓето, тој знаел како ќе завршат?Значи знаел дека денес ке има толку многу зло на планетава.Која е поентата да правиш некој експеримент, а знаеш од напред дека ке пропадни?Значи доаѓаме до моментот кога треба да расчистиме некои работи.Или Бог не е семоќен, или само си игра со нас?Уште една интересна работа е тоа што Библијата кажува дека Бог не направил по негов лик.Тоа значи или Бог е сепак суштество па не направил по физички лик, или ако се мисли на душата, тогаш имаме голем проблем.Во светот постојат и лоши и добри луѓе.Значи Бог има две Јас,односно како секој човек на планетава има и добра и лоша страна.Што се однесува до "доказите" за неговото постоење, некој тврди дека чудата што се случуваат во светот се доказ за неговото постоење.Епа би кажал дека се е релативно,па и тие чуда.Многу работи кои во минатото биле чуда,денес се нормални појави.Би дал еден пример:Оди некој современ човек во Африка,во посета на некое заостанато племе,во кое сеуште се слават повеќе богови.Доволно е само да им покажиш парче од нашата денешна технологија,и тие би те сметале за Бог или Ѓавол,зависи како ќе те запознаат.Има многу контрадикторни работи и во самите книги,што едноставно е глупаво (не ме сваќајте погрешно вие верници) да веруваш слепо, во некое суштество или пак ете универзална свест, за која нема логично и разумно објаснување.Не сакам повеќе да пишувам, зашто можеби ке бидам сватен погрешно.
П.С. Атеистите не одат по улица, и убиваат и колат и силуваат. Најголемите гревови ги прават вашите религиски водачи, оние кои треба да ја шират Божјата реч, поповите,владиците итн. Ако Бог постоеше сигурно немаше да дозволи такви луѓе да го шират неговото учење.....Моралот и етиката на еден човек,зависи главно од домашното воспитување,а многу малку од религијата,зашто дома го добиваш првото восппитување и насоката за тоа каков човек би постанал.