Се греев на дрва, добра печка итн..трошев околу 40.000 ден за грејна сезона за 100квадрати.... пред 2 год купив панели за секоја соба...убаво стоплено ама под 18.000ден сметка за струја месечно не бев..... пред 1.5год ставив внатрешна изолација , гипс картон со тервол 5ка (збиен малку пошто не сакав зидовите да ги смалам за 6цм ) ги смалив само надворешните зидови за 4.2цм ..и си ставив две инвертер клими од по 3.5кв (4.2кв топлинска моќ) (Мидеа фирма 30.000ден една)за сите 100квадрата...една у централна соба да дува и накај спална, и друга у дневна соба. Искрено за цела сезона потрошив окол 12.000 ден за струја (од октомври до март-април) ....подобро здравје, поевтино здравје, почисто здравје.... да напоменам после долго истражување и читање (пошто не сум експерт) се решив за внатрешна изолација (и на плафоните + ) затоа што клима уредот го топли амбиенталниот воздух што би било смрт ако ставев надворешна изолација (немаше ништо да стоплам) ...после долги години се преродив...