Хахаха
Како бе го уби, само го качи на кајче и го прати некаде. Исходот на судбината на копилето не е познат
OK
Еве ја сцената кај што Давос го праќа (го спасува демек) Џендри у Кингс Лендингс (околу 4:40):
Од сценава знаеме дека ова спасување е изведено во најголемо брзање и дека:
- Џендри не знае да плива;
- Џендри нема никакво искуство со морепловство;
- Има недоволно количество на вода и храна, кое мора да го штеди, а кога ќе му снема вода не смее да пие морска;
- Давос му рече дека не смее да сопре при првите копна кои ќе ги види (Rooks Nest и други), затоа што несомнено Црвената Жена и Станис, ќе го фатат. Затоа мора да иде директно до Кингс Лендинг;
Еве го Гендри со неговата опрема:
Еве една мапа од Вестерос со миљи:
На неа можеш да видиш дека Драгонстоун е 500 миљи одалечен од Кингс Лендинг, по права линија!
Но, по добро, можеш тоа да го видиш на
оваа мапа.
Значи, он треба со нула поморско искуство (и пливачки способности како наковална) да превесла на отворено море (поголем дел од патот), со минимално количество храна и вода, цели 500 миљи (800 км - колку од Скопје до Љубљана, скоро). И тоа е под претпоставка дека ќе се движи под строго права линија, што не е можно ни да беше најдобриот морнар на светот (со такво кајче). Значи, сигурно можеме да претпоставиме дека е повеќе од 800 km.
Така, слободен сум да заклучам дека Џендри имаше повеќе шанси да ги преживее огновите на Р'лор, одколку ова "патување на спасот".