Даниел Кајмакоски

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Да ве потсетам само дека и Тоше ќе беше локален пејач како Лозановски или дечките од Некст тајм (постои ли уште таа глрупа?) да не му станеше менаџерка Лилјана. Талентот и икс факторот се важни, уште поважно е да имаш добар агент/менаџер кој ќе знае да те пробие и скапо да те продаде.
За ова си во право .
 
Два избришани поста, следен пат такви постови не сакам. Да дискутираме за она што сме тука, пипер, платиџан, краставици итн. такво нешто на пазарче. :icon_mrgr: Благодариме.
 
Што знам. Првиот настап на Даниел, беше совршен. Ме фасцинира, природен, и онака машки ми изгледаше.
За глас, не можам да спорам, добро пее, се труди дечкото, и има специфична боја.
Стилот од првиот настап најдобро му прилега, се останато е со сила.
 
Последно уредено:
Де бре...таман Фатмаѓул влезе во WC и ко почнав да се кострешам шо сега ќе прајт, дали ќе мочат , ќе се депилират, тушират .....ПЛАТЕНА ПОЛИТИЧКА ПРОГРАМА...ексик. Останав така оџвргален, вџашен, целиот во очекување да видам дал во ова серија освен судбини тешки како камења, кои стегнале та натежнале, на плешти момински, млади недо.......ќе се десит нешто малку еротски. А шо и да напрајт Фатмаѓул ќе имат мала примеса на еротика, ама ете пусто ме зафати поголема тешка судбина од нејзината.

И дур трајт ова платенава реков да завршам некоја работа после ќе видам шо ќе ме штрецнит Фатмаѓул. Зедов изврив смоквите во девет води, шкембето го изварив во четири води, варосав во спалната, ми фалеше уште три кила вар ојдов до Лескоец, се вратив ја згасив, зш беше не гасена, доваросав,исправ шо имав за на раце , истегав неколку црнки имав на препониве, ги истружив петициве.

И се вџашив. Во некое ти село Мислешево, на некој ти плоштад ни мој ни твој, некој си таму собрал иљадници луѓе, го пулам вака во суратот не е Џорџе, не е Стево, не е Зоран богами најмалку во суратон сличвит на Илијаза. Немт толкав нос не е како крастајца во глана. Кој да ќе е овај?! Дознав. Даниел. Кајмакоски.

Ниедно знаме, чоеков нити сакат да е мој председател, нити кажа за некој дела, нити шетат по планиње, нити е еденствен кандидат од албанците, нити лажит, нити крадит, а собра иљадници пред све млади луѓе.

Ај то. Пак беше качен на една обична тераса со најобични решетки, нити милионска бина имаше, нити озвучење од илјадници еври, а најбитно е то шо не ги ни викна да дојдат, нити ги качи со сила во автобус, нити им вети сендвичи, нити рече дека другиот рикат а не пејт, нити дека другиот лажит(пејт на плеј бек), не навреди никого, а најмалку им вети дека ако дојдат, во идина ќе им е поарно, дека тој е месијата, дека тој ќе ги спасит, нити пак кажа дека подобар е од некој друг.

А шо е интересно. Без сево ова Кајмакоски победи и ај шо победи, туку победи без да гласет за него нити десните нити левите нити средните нити пак тој им викаше да гласет за него. И ај шо се гласаше за него, туку се гласаше не само од нашата НСРМ ами од држави, нормално поназадни од нашата, од целиот Балкан.

И шо е најбитно да ви кажам дур Фатмаѓул се помочат или шо и да напрајт. Тој не победи тројца, ами 30 000 илјади ги згази. И то како. Само со труд, со работа, со квалитет и најбитното можда.....со искрени чувства, не навреди никого, не рече за другиот дека е кокошкар, дека прајт гафој, дека крадит, дека пиво пијат, дека по плевни спијат. Не.

И сега ајде бре лични мои политичари, а можда и лични мои македончиња у ком лежу зрци гем? Грешка...вака беше....у ком грму лежи зец? Да вака беше. Значи ако работиш ако си коректен, посебно ак си ја гледаш својата работа, ако не вреѓаш друг, ако не пљукаш како подлец, самата конкуренција ќе те исфрлит на површина. А ако си обратно од ова, водата одма ќе те исфрлит како лајно на површина.

Квалитетот ќе ги натерат луѓето да те сакет и тогаш немат да е битно за народот дали прајш гафој, дали си убо облечен, дали зборвиш пред камера како бебе пред огледало, дал си иплашен и во очите оџвргалени како кромид наааааааааааааааааа...

Туку драги мои браќа политичари ( оооо тресење зелени – браќа реков) не ви требит ни скапи агенции за водење на кампања, не ви требит да ни ветвите мед, а не најадовте со гомна, не ви требат автобуси, сендвичи, не ви требит со вашите лаги нон стоп да не држите во ерективна состојба како за секунда дека ќе следит пенетрација, не ви требит.....Ете научете лекција од едно скромно момче од Мислешево како се собират толпа искрен народ.
Ама уште една работа да кажам во ова мое денешно просеравање. Даниел ни оддржа лекција и на нас простава народна маса, на народецот од НСРМ.....не научи шо точно требит да цениме, кого требит да го цениме и зш да го цениме....и пред се без сендвичи и автобуси кого да го поддржиме. Браво за Даниел.

Како и да....опааааа чек заврши блатенава....пардон ...платенава политичка програма. Чек да видам шо ќе напрајт Фатме, дал ќе мочнит, дал.... ВО СЛЕДНАТА ЕПИЗОДА......ете не видов дал пустава се помоча или.. абре да ти се прднам и на то политика и на све. Не те оставет ни нарајат и самостално да се помочаш. Пак можда јас како НСРМ-овец сум крив . Незнам?
 
:facepalm:
МАЛОЛЕТНА ОБОЖАВАТЕЛКА НА ДАНИЕЛ КАЈМАКОВСКИ СО ОГРОМНА РАСЕКОТИНА!
daniel1.jpg
 
Знам дека едвај чекаше некој да го искоментира ова.
Чисто за споредба еве, Susan Boyle победи на многу поголемо шоу од ова никаквово ама ете некаде прочитав бара било каква работа за да закрпи крај со крај. Добро сега, ако се земе во предвид дека Даниел е каде каде помлад од неа, ама тоа е таа реалност нема шанси да успееш од вакви шоуа. Ај еве, се надевам ќе зрешам со нашиот Даниел.

И јас некаде прочитав дека Шакира и Питбул го предвиделе исчезнувањето на малезискиот авион. Еве тука провери дали Сузан Бојл бара работа.

Аа се извинувам, не го имав прочитано муабетот неколку мислења подоле.[DOUBLEPOST=1397596440][/DOUBLEPOST]
Kako Toska nema covek da se rodi nikogas.

А добро како кој ќе се роди? Како мене или како тебе ќе се роди човек некогаш? Како Петко, како Станко?

Hmm, две песни? Уау, легенда е!!
Првата како Тошета да го слушам, иста е, веќе чуено. Втората нешто подобра мада ништо ново. Ништо посебно.

Другите шо плус ги доспои, неам желба да ги слушам.

Е сега и ти, во претходниот пост рече Даниел да се појавел со една негова песна ќе си речел браво дете, ти дадоа список од неколку песни, ти вака враќаш.

Популарноста ја има, колку за спредба Даниел има 300 илјади фанови на фејсбук, а дечкото што ја пее Red со која се прослави има 80 илјади. Како ќе ја искористи зависи од него и среќата што ќе ја има.

Дее ова е точно, сега проверив.
 
Последно уредено:
Е сега и ти, во претходниот пост рече Даниел да се појавел со една негова песна ќе си речел браво дете, ти дадоа список од неколку песни, ти вака враќаш.
Па реков негови. Ова се плагијати од Тоше Проески и лејм текстови.
 
Под итно да се врати Скај да дискутира на темава, оти без него више не е смешна:( Само нека не почиња да дискутира пред 00.30 за да имам време да си го најдам упатството за толкување на негови постови од НАСА. Фала!
 
ГАЛЕРИЈА: Жељко Јоксимович и Даниел Кајмакоски снимаа спот во Скопје


Тој ја обожава македонската публика и никогаш не штеди позитивни зборови за неговите обожаватели. Откако прошета низ земјава, од денес дава само комплименти и за изгледот на македонската метропола.
Жељко Јоксимовиќ во интервју за Курир говори за претстојниот спектакуларен концерт, за соработката со Даниел Кајмакоски и за Скопје, градот од кој е воодушевен. Го снимивме на теренот на „Филип Втори“, онаму каде за повеќе од еден месец ќе се сплоти со македонската јавност.
891766_10152371308023236_7583299686818548898_o.jpg

На 21-ви јуни, балканскиот шармер очекува да ја наполни арената и вели дека овде секогаш се чувствува добродојдено и затоа со задоволство се враќа меѓу македонските фанови.
-Секогаш кога некој ќе отиде на настап вели „Вие сте најдобри“. Јас не го велам тоа, туку едноставно обожавам да доаѓам тука, а и на многу други места. Тоа публиката го гледа. Првпат го гледам стадионот, прекрасен е дури и празен. Не дај Боже да биде празен, но ќе свириме и да биде така. Убаво ми е. А кога ми е убаво, би си легнал тука. А како и сите луѓе, знам да бидам и нервозен и нерасположен. Но сакам да дојдам тука и да се дружам, да слушнам некоја македонска песна, да зборувам македонски, рече Јоксимовиќ за Курир.
1498883_10152371308038236_6237217602345825951_o.jpg

На плоштадот „Македонија“ денес сними видео запис за новата песна, дует со Даниел Кајмакоски. Задоволен од соработката, но воодушевен од Скопје.
-Тоа сте го направиле за многу кратко време. Бев изненаден. Многу пати сум доаѓал тука, а одеднаш како да не бев во Скопје. Не стигнав се да видам, но денеска снимавме спот и видов дека прекрасно изгледа. Изгледа како разгледница, која ние ќе ја снимиме и испратиме не само во сите поранешни југословенски републики, туку и во светот и Европа. Тука имам добро друштво, пријатели кои ги познавам и колеги. Синоќа случајно ја видов Калиопи во ресторан. Тоа го сакам јас. Пораснав во град каде се негуваше добро пријателство, каде не мораше специјално да се закажува средба, едноставно беше. Сакам такви средини, рече Јоксимовиќ за Курир.
1397733_10152371308208236_8665212828565252874_o.jpg

На македонскиот победник од Х-фактор, му беше вистински пријател, силен поддржувач и посветен ментор. Каква кариера му предвидува?
10295334_10152371308293236_6640894030139846658_o.jpg

-Мислам дека ќе има одлична кариера. Кон него знаев да бидам и малку строг. Ние бевме таму и да ги насочиме луѓето. Тој се разболи кога имавме концерт во Нови Сад и рече дека не можел да пее. Реков дека мораше да дојде. Ме критикуваа во програма и ме прашаа дали јас ќе дојдев. Реков дека почувствувам дека така треба. Сега случајно снимивме една песна која ќе биде супер. Тоа е една добра прогресија. Него некој пријател го пријавил да дојде да се натпреварува, ние го видовме дека е сериозен. Откако заврши шоуто, а луѓето почнуваат да забораваат кој учествувал на него, а тоа често се случува, постоиме ние. Не сме само ментори кои после шоуто сме тука да помогнеме во каква било смисла, во уметничка и човечка смисла, истакна Жељко за Курир.
10286981_10152371308288236_8444910803614686727_o.jpg

Македонски медиуми му замеруваат на Даниел што не е достапен за изјави, не се појавува на закажани прес-конференции и одбива да им посвети внимание на оние кои го воздигнаа. Жељко не одговори конкретно дали ќе му даде совет на Даниел за односот со медиумите кои е многу важен за една јавна личност.
10333324_10152371308428236_2873285920121191151_o.jpg

Му посакуваме убав концерт, а тој заклучи дека се надева на убаво време и добра публика, поточно добро расположение.
10363525_10152371308603236_1244125000992867226_n.jpg

10256357_10152371308613236_5294954101569062926_o.jpg
10293688_10152371308658236_6390311870384827425_o.jpg
10298493_10152371308733236_8131015489375540149_o.jpg
1795230_10152371308773236_555849585909324778_o.jpg
10295895_10152371309008236_8082590938762063129_o.jpg
1921053_10152371309018236_4412051890863896710_o.jpg
902111_10152371309083236_5568867423237147187_o.jpg
882140_10152371309203236_113855786471779941_o.jpg
1617774_10152371309328236_2264640199636093871_o.jpg
11948_10152371309323236_874586906395004121_n.jpg

10321730_10152371309408236_6700498236187886551_o.jpg


Преземен текст од tvorbis.com.mk
 
Сакам или не сакам, сакам или не сакам, сакам или не сакам ...

Даниел Кајмакоски на пресот изјави дека немал желба да се појави на Евровизиската сцена иако следната година фестивалот се сели во земјата каде тој поминал 25 години од својот живот.
Даниел Кајмакоски вели дека би бил пресреќен доколку идната година му се даде шансата да ја претставува нашата земја на Евровизија.
"Доколку македонската јавност реши јас да ја претставувам нашата земја, би го прифатил тоа и со задоволство би пеел на овој фестивал. Сепак, тоа е и голема одговорност, Евровизија е меч со две острици, но доколку моите фанови сметаат дека можам да го направам тоа, тогаш ќе дадам се од себе и ќе се појавам на Евровизија", вели Кајмакоски кој е фасциниран од настапот на Кончита.
 
Според мене многу се поголеми шансите да се заборави, отколку да опстане на сцената. Многу зависи од тоа како ќе се позиционира и дали воопшто ќе извади некој ХИТ во вистинска смисла.

Единствените пејачи кои на долг рок кај нас опстанале од реални шоуа се Елена и Ламбе. Голем удел, барем според мое видување имаше тоа што веднаш лансираа песни кои беа мегахитови во тоа време. Полека се изградија во имиња кои се препознаваат меѓу народот.
 
Според изјавите погоре типчето незнае ни самиот што сака, очигледно "славата" го има удрено во глава...
 
Сега случајно ми влезе во очи темата, баш онака како што очекував, само после месец два веќе никој не го споменува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom