Samurai Jack
Penspinner
Ова Mulholland Drive ептен weird thing испадна. 
Интересен филм, те остава да мислиш подолго време, го видов по препорака од Ио кој викаше дека ако Мементо те остава да мислиш 3 дена, овој ќе те остави да мислиш 3 години, сосема точно.
Иако не го разбрав цел (а и немам поима дали тоа шо сум го разбрал е точно, пошто има милион теории) ми се свиѓа, единствено што не сакам е така да заврши филмот без објаснување, ни за момент не беше досаден.

Е сеа тоа шо разбрав, Бети или Дејан, се пријавила за аудиција но не ја добила поради тоа што режисерот бил уценуван да најми друга актерка, во тоа време е во тајна врска со Камилија или Рита, но Камилија се заљубува во режисерот Адам и решава да и раскине на Дејан, но после тоа Дејан наоѓа платен убиец и нарачува убиство за Камилија, сето тоа со собраќајната несреќа, запознавањето со Коко и др. слични моменти се само сон кој што го сонува Дејан, но поради грижата или кошмарите на крајот се самоубива. Ова е наједноставното што можев да го извлечам, но има многу прашања кои што тешко може да се даде одговор, како на пример: Зошто платениот убиец си го убива неговиот другар, убиството на дебелата жена и на чистачот може да се објаснат демек ги убил за да нема сведоци, друго прашање е што значи бездомникот со плавата кутија, што значи клучот и зошто во почетокот човекот му го објаснува сонот на неговиот другар, ова се сцени кои што имаат значење, тешко дека може со едно гледање да ти станат јасни. Но како и да е, ако некој има други сфаќања за филмот или знае одговор на наведените прашања нека каже. 