Не велам не сте во право, премногу либерален е станат форумот, од хомосексуални бракови до хејтање Линч.. секој може да си каже, да се изјасни, без последици. И незнам, можеби тука држи вода муабетот на луѓето им е (било) страв да признаат дека Мулхоланд Драјв им бил досаден. Не можеби. Тотално.
Но ете, the a-times be a-changin.
Прво, Зед го поистовети.. се извинувам, го стави Машинист пред Мулхоланд Драјв. Зед ми е момак од ЛОСТ ерата, момак што крајот му го прави филмот. Последната епизода ги оценува сите прошли 6 сезони по 20+ епизоди. Машинист, кој рака на срце освен трансформацијата на Бејл и сиво-зелената атмосфера не понуди ништо ново, оригинално, револуционерно.. шаблонски трилер со предвидлив расплет. Зед си сака основа, цврстина врз која се расплетува одредена приказна. Хаосот на Линч од друга страна му се рандом нафрлени сцени за финиширање нешто што Линч не ни имал намера да го доврши, туку гледачот. Суптилно. Разликата од Машинист и Мулхоланд Драјв е што едното е филм, другото уметност. А уметноста обично за некој кој не е into her е претенциозна и безсмислена. Зед oчекува мајндфак. Класичен. Што ќе ги надмине сите текстбук најјаки-брат! мајндфак трилери! Зед тоа не го добива. Зед му е досадно. Зед не е Зед од форумот, Зед се незадоволните од Линч со ипак доволно гледани филмови зад нив и некако веќе дефиниран вкус.
Второ, сим4е за разлика од Зед не само што ја гледа големата слика како Зед, туку и ја сфаќа и ја доживува, но сепак сим4е не преферира артси фартси обиди за мајндфакови туку сака структура и цел труаут гледањето. Сим4е го сфаќа Линч, но ете, сим4е преферира Elephant Man и Straight Story преку Mullholand Drive и Lost Highway. И тоа е океј повеќе и може тука да се дозволи играње на вкус-и-невкус карта. Оти за сим4е Линч не е смече како за Зед. Сим4е исто така репрезентира бандл оф стикс, т.е одредена група на филмаџии.
Трето, круцијално при оформување мислење за Линч и филмовите му е времето. Едноставно зависи кога ќе ги гледаш. Ако си го испуштил возот на почеток после мал милион филмови, за првпат да му седнеш на Линч не верувам да би имал преголемо трпение. Всушност иако презентирам аргумент, морам да се побијам и надоврзам со неколку од муабетите поназад - не ми е јасно како Мулхоланд Драјв без контекст, без објаснување не ви задржува внимание. Мистерија во вистинска смисла на зборот. Незнам како досаден кога немате претстава што се случува. Но ете. Јас не го забележав во дискусијата
Inland Empire. Mojoт личен фаворит од Линч. Мислам дека поради фрекфентното алт-табирање од-во световите се акцентира што е што и би било "по лесно" следењето и би ви се допаднал повеќе него рецимо Мулхоланд Драјв. Башка што Лора Дерн е неверојатна со толку многу скриин тајм и го носи филмот благо речено - сама. Моите први средби со Линч беа прилично рано и мислам дека Е премногу битно кога се среќавате, колку порано во вашата кревка филмска кариера, толку подобро и објективно и поголем импактот.
Е сега, сцената која сама по себе носи се што 10 машинисти би понудиле..
Но ете.. поради преголемата либерална полиса која ја форсира форумот, јас нема да доделувам казнени поени на секој што ќе напише: Линч е смече.
Јас морам да живеам со тоа.
PS Го гледав со женска првиот дел од Nymphomaniac. Ме заинтересира, но бев премногу хајпнат па доживувам благо разочарување од Ларс. Ќе видам што ќе биде со вториот. Многу му е наеднаш гледање..