А бе се вратив скоро 50 страни наназад да прочитам за Џофри. Сите сте среќни и радосни што му ставија отров на копиленцето во виното.
Ја па многу сакав да го видам на колена, како моли за сопствениот живот, да му се гледа страв на лицето од она што следува.
Начинот на кој умре ми беше големо разочарување, очекував крв, драма, барање милост, сечење глава. Нешто жестоко бре.
Зашто така ,па баш да умреш од отров е многу лошо ,мозокот и нервите ти работат додека во тебе се живо и диво гори и се распаѓа.
Не е тоа баш лесна смрт ,но би било поинтересно да го фатеа и да го сечат делче по делче и да го ранат месото на волците на Старкови , за да на крај (после некоја недела) го наденат на неколку копија(испосечен).
Ај искрено, колку актери знаевте од серијата пред да почнете да ја гледате?
Го имав гледано Бејлиш претходно во Бетмен, и Јаген Нхар во Фифт Естејт...
Ленка(Серсеј) ја памтам од неколку филмови ,но највеќе од 300
Тајвин нема кој не го знае
Кејтлин ја имам глеано по филмови ,мислам глумеше во ЛОР или Хари потер
Николај го памтам од Бејкер со овој од Хоумленд

И она копилето на Роберт го гледав во Скинс ,заедно со Гили глумеа
Дрого исто
Шон Бин е walking spoiler и ми е гледан во 101 филм
И нормално Вајлдлингот на џон сноу ја знаев од Дантон Аби
Всушност серијава им направи кариера на многу актери кој скоро и да не биле познати , највеќе се прославија Динклеџ,Емчето и Кит.