Човек да не смее да се пожали од епизодава, им се нафрливте веднаш на тие што рекоа дека не им била интересна. Дај олабавете.
Приметете на сцената во замокот Eyre, Санса и детето кога прават муабет, овој нели и вика чув дека на брат ти му ја отсекле главата, а мајка ти умрела, бла бла, и Санса као му вика да, и татко и умрел, и малиов вика "И татко ми го отруја". Во тој момент Лајса дискретно погледнува накај Литлфингр. На кои детали значи е обраќано внимание, браво.
На сцената со Марџори и Серсеи (ги обожавам и двете), нели пред да заправат муабет Марџори и кралот Томен се меркаа, и Серсеи им ја попречи идилата со тоа што се испречи меѓу нив. Епа Марџори во тој момент го тргна погледот, како да се покори. А нецела минута после тоа и го плесна со тоа "Sister? Or mother?". Малце нелогично ми е тоа што го тргна погледот.
Го видовме малку и Варис епизодава, мислев ќе го покажат муабетот негов со Томен ама ништо.
Не знам зошто мислите дека Серсеи е нешто даун за Џофри и дека паѓа во депресија и покажува емоции. Оваа епизода изигра доста паметно со тоа што ги сврте сите тројца судии за да го осудат Тирион. Го „купи“ татко и со целиот муабет „гордоста на фамилијата“, Мејс со тоа што беше фина со Марџори и пушти водичка за Томен а Оберин со тоа што покажа љубов кон децата, нешто што тој го вреднува многу.
Да бе, Тајвин Ланистер пионче е, па ќе го купи Серсеи.
Once you go black, you never go back. Во спротино, знаете што следува... Кога се станува дел од night's watch луѓето се откажуваат од сите титули, постоечки и идни, надвор од службата. Така што ако теоријата стане вистина во иднина, ќе падне крв.
Ноќната стража е направена за заштита од вајт вокерите. Сите знаеме дека вајт вокерите на крај ќе бидат поразени, тие се ултимативниот непријател. Исто ко што знаевме дека Хари ќе го порази Волдеморт. Кога ќе изумрат вајт вокерите, Ноќната стража веќе нема да има потреба да постои, така да заклетвата ќе престане да важи.
Серијава не е нормална. На еден куп спојлери, теории се јас еве никогаш не претпоставив дека Лиса е директно замешана во се а Бејлиш е главниот конспиратор. Значи да сумирам, Бејлиш оркестрира со Лиса Ајрин ( зошто таа се нафатила на тоа не ми е уште јасно, освен дека жената е ментална) серија настани за да ги доведе Ланистерови и Стракови до такви конфликти кој ќе прераснат во огромна војна низ целиот континет, војна која речиси ги уништи Стракови, а ги банкротира Ланистерови ( потпомогнато и од неговите финансиски дубари и задокжувања како Master of Coin), ќе доведе до смрт на наводно неговата голема љубов, за на крај да се добие што- Хаос, хаос кој тој толку многу го посакува, затоа што тоа го прави, или барем тој си мисли еден од најмоќните луѓе во Вестерос.
За да може да се омажи со Литлфингр, веројатно тоа и е во мозокот. Тоа и синчето. Лудача.
Истото ќе го кажам и за критиките за актерот кој го глуми Бејлиш, и неговите разнолики акценти и изведби во епизодите кои се исто така диктирани од продуцентите и режисерите. Актерите не прават freestyle acting.
Хмм кој ја критикувал глумата на Литлфингр?