H
Harry Callahan
Гостин
Така е 4-0 за Бруклин беше во регуларниот дел од сезоната , но сите победи беа многу тесни со мала разлика во поени . Имаа и знаење но и малку среќа во тие натпревари Бруклин . Се надевам нема тоа да им се одмазди па да изгубат сега со Мајами натпревари со тесни резултати . Да не им го сврти грбот среќата сега на Бруклин , како што пример Партизан со тројка на Кецман во последна секунда во 2010 ја победи Цибона среде Загреб во финале на АБА лигата и пред десетина дена среќата им го заврте грбот на Партизан кога Партизан загуби од Цедевита со тројка во последна секунда .Секоја чест за Торонто се дадоа од себе ама тоа е немаа доволно среќа. Одлична серија. Во принцип повеќе ми се допаѓаат Торонто, но тие ќе имаат шанси и во иднина. За плејофот е подобро што победија Бруклин, многу поинтересна ќе ја направат серијата со Мајами. Ако не грешам 4-0 за Бруклин беше во регуларниот дел од сезоната.
П.С. Е затоа коментираа многумина дека ќе пресуди искуството на играчите на Бруклин. Пол Пирс со клучен потег во клучен момент.
.



Инаку тоа за лидер верувај дека е точно, он можеби сезонава имаше добри бројки и слично, ама улогата на лидер ја нема, едноставно не му е дадено од Господ. Он си игра добро ама лидер не е. Не може да биде лидер човек што кога ќе направи бунар од слободно се смее како најголем кретен, не може да биде лидер човек што се клешти ко удрен кога неговиот тим губи со 30 разлика... Ќе направам споредба со Коби сега, во 2009 кога играа во финале со Орландо, на 3-1 за Лејкерс и водство од 15 разлика во петтата утакмица на еден тајм аут Коби го фати за коса Гасол и у фаца му се издра: NO MERCY, NO MERCY!!!!!!!!! Е тоа е лидер, а не ова смешново суштество.