1. Се жалиш ти за Лејкерс, што да речам јас или другите на форумот што се за Филаделфија? Инволвирани во истиот трејд бевме. Она што ни го направи нас Бајнам е два пати полошо од она што ви го направи вас Howard (вие барем една сезона до плејоф стигнавте), па си ме слушнал некаде да му се смеам на Бајнам што не ни го играат во Индијана? Реалноста е дека вие за Howard потрошивте едно големо ништо (Bynum), а ние цел тим си го распаднавме за него па сега мора се од почеток.
Со сета должна почит... БРАВО ЗА ТЕБЕ!!!
Tи си пример за тоа како треба да се однесува воспитан хуманист, кој патем е и љубител на НБА и член на форумот Кајгана.
За награда освојуваш еден интернет!
Oд друга страна, Ти не си го гледал кловнот Хауард, 60+ утакмици како се глупира и мајмунира на паркет, додека касно навечер во ниедно време гледаш како редовно губи тимот за кој навијаш и кој со душа го сакаш. Ти не си се вадел од кожа гледајќи го копилето како редовно шутира слободни барем 30% под неговиот просек (кој и онака е ужасен), и при тоа СЕ СМЕЕ КАКО ИДИОТ... Ти не си морал да поминеш сезона каде од фаворит за титула, клубот ти станал материјал за смеење, и се заради ропукот Хауард.
Сега да ме прашаш, одма би мењал дерпево за таа една сезона со Бајнам со афрофризура, платен чисто да кисне по куглаани... Се само да не морав да го гледам кловнот како намерно се глупира и не се залага ич: пошто копилето уште на почеток на сезоната имаше одлучено дека ќе си оди од ЛА.
Не знам за што се жалиш на Филаделфија, барем чиста сметка си имаат и убаво си истанкаа солидна лото позиција сезонава пред најважниот драфт во последниве децении.
Филаделфија не се закопа со 3 години ужасен договор со геријатриски плејмејкер само за да му обезбеди на Бајнам оптимум шанси за титула, ниту Филаделфија не трејдаше 3 први пика
(во претстоен повеќегодишен ребилдинг период) за геријатриски плејмејкер само за да му ја обезбеди на истиот тој Бајнам секоја можна ронка од шанса за титула.
Да, тоа беше голем ризик од страна на Купчак и на Лејкерси воопшто, ризик кој не успеа. Ама целата работа беше заснована на идејата дека Хауард ќе даде се од себе берем таа една сезона додека е во клубот.
Но Хауард не дојде ни
блиску до тоа озбилно да се заложи и да се обиде. Беше примадона која не сака ни да се обиде да игра пик&рол, иако претходно цела кариера изгради на тоа, и реално само тоа може да го игра добро.
Затоа другпат кога ќе сакаш да не прашаш зошто му фаќаме сеир на Хауард... подобро немој.
Биди си ти супер и остави не нас невоспитаните фанови на Лејкерси невоспитано да му се смееме на глупиот кловн. Зошто нормално е да се смееш на кловн, иако можеби и не е премногу културно.