Фан клуб - РК Вардар

Јас разбирам дека некои од вас навиваат за Металург, и нормално дека го браните Миркуловски. Ама ако збираме колку прележал дечково во изминативе неколку сезони само на дерби натпреварите.. ми се чини дека ќе испадне дека цела утакмица прошол на паркет, лежејќи. Опасен глумец е, холивудска А класа. И лигуш. Реков, и ќе повторам ради вакви играчи ми се одмиле и репрезентацијата.
 
Последно уредено:
Од кого бре друже?
Не можеа да го фатат, а камоли фаули да му направат.
Изгледа друга утакмица си гледал денеска, пошто стварно не знам што да се реплицира за нешто вакво. 4-5 ситуации имало во кои ќе поминел и му суделе фаул откако доаѓал во чисти ситуации? :vozbud: А тоа што во меѓувреме додека бил под фаул направил чекори, не се рачуна а?
Фаул може да биде и погруб, но да не е санкциониран со две минути бидејќи си е нормално зграпчување во пределот кај рацете, ама некако народов во државава слабо го знае тоа, и мисли дека на секој фаул во кој играчот прави гримаса треба да се дадат две минути.
На дечкото му стартуваа кај ногата, овој се држеше за глава човече. Ми одеше во терен да влезам и со нож да го збрцам 36 пати.
Кога не го фаќаа на време тоа беше гол или пенал а коа го фаќаа најчесто беше рака у лице или на врат а во еден случај се гледа на снимката како доби лакт у фаца од Тоскиќ само судиите спијеаа цел натпревар. Инаку дека знае он да одглуми знае ама волку реален ќутек одамна неам гледано да изеде. Козлина и Абутовиќ кога видоа дека не ги исклучуваат го утепаа од мавање.
 
Они се увек жртви,не знам ама ова од негде ми е познато,ко браќава наши се,а они на мравка не газат.
 
Нема врска јас за Вардар навивам ама не сум некоја вжештена глава па да гледам необјективно, реално гледано стварно го измаваа добро. Сепак после Жути ќе игра за македонска репрезентација а не Козлина и Абутовиќ.
 
@sneui ти си ја имаш мувата, па си ја ишкаш? Кој те посочи тебе? :)
Ајде нека ти биде ако си решил да го протуркаш муабетов. Го искршија дечково, за греота. :icon_lol:
 
@sneui ти си ја имаш мувата, па си ја ишкаш? Кој те посочи тебе? :)
Ајде нека ти биде ако си решил да го протуркаш муабетов. Го искршија дечково, за греота. :icon_lol:
Па греота е кој ќе ни вади пенали коа ќе играме на светско :icon_lol:
 
Штета што момците не ја материјализираа подобрата игра од минчолурзите со поголема разлика. Сепак од друга страна, мислам дека на дечките од "темната страна на градот":pos: ова им е максимумот и ќе го јадат во шталата.
 
Добра утакмица, без многу цимење и инциденти, во минатото сме гледале и далеку поголеми инциденти на едно дерби. Резултатот мислам дека не е реален, пошто Вардар цело време го контролираше резултатот, ама сами си сте криви, кога во последните 7 минути не дадовте гол, и во последните 2 игравте со играч повеќе. Во тие последни 2 напади, Дибиров исфорсира 2 влеза, од многу тешка позиција (бев баш паралелно со позиција од која два пати влагаше Дибиров, и можам да речам дека беше скоро невозможно да се даде гол), а и ме зачуди зошто Раул не побара тајмаут, и таман ќе имаше Вардар напад до крај на мечот.

Најјакиот момент беше кога се празнеше салата и пиратите скандираат- В-М-Р-О ДПМНЕ, и вие после 20тина секунди договарање- АЈДЕ ДА СЕ ТЕПАМЕ :pos::pos:, ама сум се цапнал од смеење :)
 
Многу се смешни како група и премногу им даваме на важност, тури им кур нека се палат деца.. каде се на Скопје да одат, прва љубов им била :pos::pos:ако падне на квалитет и Металург значи нема да постојат како и што беше... ВЕШТАЧКИ ВЕШТАЧКИ ВЕШТАЧКИ, НЕ ПОСТОЈАТ! :notworthy:
 
Верувајте им на играчите, играат за Вардар со срце, Скопје пак ќе слави титула ;)
Ова што го кажа @Незапирливи 1903/87 е најважно во целата приказна. Вчера почувствував дека треба да им пишам на некои од играчите на ФБ и им пишав. Свесни се дека требаше да добиеме со поголема разлика, свесни се дека нема да има услови за игра во шталата, ама од друга страна сите се уверени дека ќе ја добиеме и таа утакмица.

Е баш затоа го обожавам овој клуб!
 
Абе и вие малце ги потценувате, многу ни скокнаа апетитите после добрите игри во ЛШ :D
Металург се разликува од екипите со кои игравме, затоа што нашите противници истотака играа модерен ракомет, додека овие ја умртвуваат утакмицата, што не ни одговара, а за жал судииве во Македонија ги толерираат до немај каде...
Зависи какво ќе биде судењето, ако биде толерантно како вчера, тогаш јачината на тимовите буквално ПО НИШТО не се разликува и мечот може да го реши моментална инспирација на некој играч.
 
Во глобала веќе се е кажано на темава… досадна утакмица, искрено. Вардарци како ради реда да отишле да играат, а овие другиве уште толку ја умртвуваа играта што на моменти додека се во напад, можев да идам да се измочам и да се вратам да го догледам нападот.

Силиконска цицка е поприродна од навивачите на Металург :D
 
Столе и Бели моентално кај Бејби у емисија на Алфа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom