Фан Клуб: Челзи

Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Коста би било добро решение за нас само доколку тој трансфер не го вклучува Куртоа. Лукаку да се врати наредната сезона, Коста и некој од Ето/Ба мислам дека би било топ. Инаку не ми се свиѓа Коста на карактер, но ги почитувам неговите квалитети и сакам да дојде бидејќи е 3 пати подобар од моменталната тројка заедно.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
На твитер,мирор и сан пишале за Коста ? Готово, уште во фан клуб Јунајтед да пишат и можеме да размислуваме која бројка ќе ја има Коста на дресот.
Не е исто. А и нема врска тоа, ама Коста е најреална опција. Кој друг би земале?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Точно, сега со ФФП, прескапи трансфери (од над 50 милиони) се потешко остварливи, Кавани чини најмалку толку ако не и повеќе. Други опции мислам нема или се многу поскапи. Она што се нуди (Коста) за бараната цена (32 м. фунти) е супер зделка. Без Куртоа без ништо. Доволно им е што три сезони (три беа нели) им бранеше и е меѓу најзаслужните за успесите на Атлетико. Доколку се развие како што треба, а на добар пат е за тоа, сметам дека може да биде и подобар од Чех. Само да го служи здравјето.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Не би требало да има никаква врска трансфер на Коста со Куртоа. Коста си има клаузула, Челзи ја активира и смее да преговара со играчот. Атлетико не можат да поставуваат услови. Мурињо денес одби да коментира било што и за едниот и за другиот, што е добро зошто глупо би било ко Баерн лани со Геце што направи. Пред финале да збори за играчи кои се во Атлетико моментално, не е во ред. Ама во секој случај, мислам дека нема да има никакви компликации со Куртоа. И самиот Мурињо рече дека го смета за најдобриот млад голман во светот, така да не е можно да се откаже од него. Според мене, уште наредна сезона ќе го гледаме во Челзи.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Хипотетички ако го купиме Коста колку голови очекувате од него во првата сезона се на се ?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Сега ќе пишев да кажеш што ти лежи на срце :D

За наредна сезона еве да речеме дека ги имаме Коста, Лукаку и Торес. Сега Коста не можеме да знаеме дали одма ќе се вклопи и дали ќе го биде, ама ако се иде како што треба, во прва сезона околу 15-20 голови би биле доволно. И од Лукаку 10-15 со можност да изненади. Торес...Торес :D

Мене ме интересира еве ти да одлучуваше, како би го средил нападот за наредна сезона? :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Јас да имав комплетна контрола врз тимот и да давав пари од џеб ? Никако.
Ба ќе го оставев, Лукаку ќе го вратев, Торес ќе си останеше, на Ето немаше да му го продолжам договорот.


Ааааам јас кога би бил не би дал 20 милиони за Шурле и 30 милиони за Вилиан. Ќе ги оставев Де Брајне Марин и Мозес во тим.


Мата,Оскар,Хазард,Де Брајне,Марин,Мозес. Еве Марин ќе го пратиме на позајмица. Па со овие 5 играчи имаш и повеќе од доволно играчи за ротација, Мозес веќе имаше искуство во тимот другиве двајца ќе се навикнеа исто како што се навикнаа и Шурле и Вилиан.
Ќе купев за 20милиони некој лев бек и ќе ми останат 30ината милиони од Вилиан нели за ова лето.

30м од него плус еве...50 милиони што ќе ги даде Роман како буџет- ќе купиш некој од средина (нели пошто во ова сценарио јас го немам купено Матиќ) да речеме за 30м и ќе ми останат 50м за трансфери.
Нема да ги потрошам и ќе ги чувам до Декември. Ако Лукаку,Торес,Ба не дадат ...што знам..да речеме 15 гола заедно сите 3ца во сите натпреварувања од Август до Декември ќе видам што ќе правам.



Ама што знам јас сигурно некој од управа знае повеќе од мене, "Торес ни дава голови ? Ај ќе го купиме. Бенајун ни дал гол? Ај него. Шо ? Меирелес? Ај зашо да не и него ќе го земеме. Што ? Ето пред 5 години ни дал гол ? Па ај шо да не...е а ти текнува кога игравме против Њукасл пред некое време кој ни даде гол ? Ба ? Е тој, иди купи го....а иначе у меѓувреме некој Коста ни даде гол земи уз пат и него земи го"
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
хехе[DOUBLEPOST=1399038843][/DOUBLEPOST]Еве годинава се утепаа од освојување титули сигурно јас да бев немаше ни тие да ги освоиме.

Ај ќе видиме дали ќе им дојде памет или пак ќе трошат пари за глупости. Ако испадне второво се наѕира стагнацијата на Челзи.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ако даде 20 голови во првата сезона (во сите натпреварувања) ќе биде и повеќе од ок трансфер реално.
(нели сево ова во ситуација што би било кога би било)[DOUBLEPOST=1399039257][/DOUBLEPOST]А онака за споредба колку имаат Ба,Ето,Торес во сите натпреварувања сезонава ?
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Да де да, тоа и кажав. 15-20 во прва сезона би било ок.
И да, да имавме сезонава напаѓач кој ќе дадеше над 20 голови, веќе ќе имавме прославено ПЛ, а може и во ЛШ друга ќе беше приказната.

На тоа од погоре. Веќе имаме зборено, и ти имам кажано дека и јас се согласувам дека можеше да пројдеме без еден од Вилиан/Шурле. Еден секако требаше да се донесе. Марин не го бива реално. И Де Брујн ете видовме дека не е за Челзи. Мозес мислам дека можеше добро да се покаже. А можда и ќе се покаже, ќе видиме со него шо ќе направат.

Во секој случај, јас сметам дека мора прво да се разгледаат сите играчи што ни се по позајмици, па после да се бараат други. Освен напаѓач. Класа напаѓач мора да се купи.

Мурињо рече прееска дека ќе бидеме мирни и тивки на лето :D
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Да де да, тоа и кажав. 15-20 во прва сезона би било ок.
И да, да имавме сезонава напаѓач кој ќе дадеше над 20 голови, веќе ќе имавме прославено ПЛ, а може и во ЛШ друга ќе беше приказната.

На тоа од погоре. Веќе имаме зборено, и ти имам кажано дека и јас се согласувам дека можеше да пројдеме без еден од Вилиан/Шурле. Еден секако требаше да се донесе. Марин не го бива реално. И Де Брујн ете видовме дека не е за Челзи. Мозес мислам дека можеше добро да се покаже. А можда и ќе се покаже, ќе видиме со него шо ќе направат.

Во секој случај, јас сметам дека мора прво да се разгледаат сите играчи што ни се по позајмици, па после да се бараат други. Освен напаѓач. Класа напаѓач мора да се купи.

Мурињо рече прееска дека ќе бидеме мирни и тивки на лето :D
И дека ќе сме купеле неколку играчи. Fuck Logic.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
3+ летово обавезно, ако има и за тоа чудо да се кладиш би било најсигурен тип.:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom