[DOUBLEPOST=1398879419][/DOUBLEPOST]
Време е за уште еден голем натпревар кој што може да ни донесе уште поголема победа. А и не само наша. Светска. Поточно Европска со светски калибар. Победа што ќе одекне низ целиот свет. Од Вардар па до Триглав преку Лондон до Камбоџа и назад.
Не сме странци на вакви ситуации. Знаеме што ни е потребно. Знаеме што треба да се направи. Знаеме и дека можеме тоа да го направиме. Победа вечер ќе ни донесе радост нам, на играчите, на фановите низ целиот свет.
Вечерва ќе има пекол во Лондон. Вечерва gade можеби ќе сака да купи нов фрижидер. Вечерва можат многу работи да се случат. Но едно нешто е со сигурност. Ќе се случи војна.Војна за секој инч од Стемфорд. Војна за фнале. Војна за Челзи,Лондон и Англија. А и за кралицата. За Лондонска победа да се прослави во Скопје,Тетово,Куманово,Цирих,Камчатка и низ многу други локации. Можеме,знаеме,сакаме. Само напред. Напред !