Не претерувајте и вие, ко да сме гледале 2 различни меча. Челзи не беше толку очај денес колку што го правите овде. Изигравме послабо во споредба со ПСЖ - да, ама и доминиравме низ текот на целиот меч, диктиравме темпо и промашивме еден куп зицери што е нормално за екипа како Челзи која веќе и кондиционо е исцрпена од ЛШ, патувања и слично. Сега имаме убав период дур да почне пак ЛШ, фудбал играме од викенд за викенд и таман играчите ќе се вратат кондиционо колку-толку. Јас сум задоволен денес со победата, и голот на Ба. Салах беше одличен, голема опасност е во напад, знае да дрибла, да се гради, побледа верзија на Хазард е, ама многу опасен. Во одбрана е слаб ама трча многу и пробува да помогне колку може, тоа му е едина мана што се надевам дека ќе ја среди или ќе го фати иста судбина како Мата.