Клипче
asd
- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 14.028
- Поени од реакции
- 36.813
Се согласувам со тебе за одбраната и мислам дека ниеден не е достоен за Реал освен можеби Варан, дечкото има страшен потенцијал ама ваљда стагнираше поради повреди ако не грешам и никогаш не ми било јасно како Реал со толкав буџет не може да си дозволи еден Тиаго Силва пример?Анчелоти лани ме импресионираше со тоа што успеа да го среди ПСЖ и покрај сите очекувања за дебакл на тој дрим тим, скрои одлична одбрана и среден ред ама пак против Барса (до душа и со многу среќа против него) не успеа да помине, Барса која после тоа беше декласирана од машинеријата на Баерн.
Псж ти изгледал солидно и консолидирано во одбрана баш поради Тиаго Силва! Дечкото е звер, интелегентен одбрамбен играч што е способен цела одбрана да ја држи заедно иако можеби партнерите не му се нешто нај нај. Човекот е штета што нема да освои некоја посериозна титула а го заслужува тоа.
Не можам да најдам клипче од првата утакмица каде имаа контра Челзи и овој беше сам против Хазард кој водеше топка и ваљда Торес утрчуваше од позади и дечково успеа да ја пресече топката и да спаси сигурен гол.
НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПРЕЖАЛАМ ИГРАЧОВ!
За Карло да си постави перфектна одбрана му треба некој лидер таму позади а Реал таков нема а и не е баш до Карло, дефанзивците на Реал не се нешто нај нај, тешко некој да може цела сезона да ги држи на ниво.