Малце и го потценувате Карло мислам можеби досега во сезоната имал киксови ама човекот за ЛШ е ко створен. Ако некој знае што значи полуфинале и како да се постави во истото тогаш тоа е тој.
Башка и Баерн ги кинеше и со Милан и сигурен сум дека и сега ќе успее да им го најде крајот. Единствено што би се разликувало од Реал и Милан на Карло е сигурно одбраната ама мислам дека ќе си бидат на висина на задачата сега.
Па баш Милан со Анчелоти знаеше како да игра одбрана, така да тоа баш и не ме охрабрува...
Во никој случај не го потценувам, напротив, баш заради тој факт што има освоено двапати ЛШ иам мала надеж дека сезонава ќе се исчекори барем до финале.
За него зборувам стриктно според перформансите што ги покажува во Реал. Со Милан НЕМА ОСНОВА да го споредиш, затоа што таа одбрана на Милан беше дефиниција за одбрана, а одбраната на Реал последниве десетина сезони е антоним за одбрана. И Мурињо со Интер и пред тоа со Челзи имаше гранитна одбрана, заради таа одбрана имаше успеси, но во Реал -џабе, пак по старо.
Мурињо на пример успеа да наметне висок стандард на одбраната, во поглед на оној на кој бевме навикнати ние да го гледаме Реал. Иако за во за него клучниот меч од тие три сезони на Бернабе, двомечот со Баерн, рака на срце беше еден од дуелите каде што беше на ниво, но тогаш среќата го сјеба.
Е сеа Карло имаше фантастична низа на почетоков на годинава без примен гол, и тоа не само според стандардите на Реал, туку и според европски стандард. Ама пак, во големите мечеви, одбраната крахираше, пак стана хаотична и примаше глупи голови. Досеа магариња да беа ќе научеа, ама одбраната на Реал не се ни магариња во тие моменти.
Токму затоа, заради непредвидливата одбрана на Реал (цела измината деценија) и заради тоа што Карло во дерби дуелите сезонава, на ниту едно не се обиде да се прилагоди на противникот туку сакаше да се наметне, сум песимист за мечот против Баерн. Не дека Реал нема состав да го елиминира Баерн, или па да елиминира тим кој игра тика-така. Напротив, Реал во изминативе две сезони, после долго и мачно време, го најде лекот и воспостави одлична противигра за пимплањето, дури и тимот кој го конструираше тие сезони беше со првична така цел.
Тоа е една голема замерка до Карло од мене, што мораше она кое го остави Мурињо барем во дуелите против Барса да го продолжи без да го смени, бидејќи тимот беше склопен за тоа, но Карло отиде по свое и сега повторно Барса е онаа која ја има психичката предност пред Класикото. Анчелоти лани ме импресионираше со тоа што успеа да го среди ПСЖ и покрај сите очекувања за дебакл на тој дрим тим, скрои одлична одбрана и среден ред ама пак против Барса (до душа и со многу среќа против него) не успеа да помине, Барса која после тоа беше декласирана од машинеријата на Баерн.
За со Баерн дури и да он реши да отстапи од своето и да се прилагоди на Баерн, пак сум песимист заради одбраната.
