На твоја препорака го гледав вчера и морам да ти кажам дека си потполно во право, од збор до збор што кажа...Филмов е топ...Искрено бев скептична на почеток, мислејќи дека е уште една веќе видена приказна за паранормални појави, шизофреничен тип или во најмала рака биполарно растроен...Во филмов нема ништо натприродно, а те држи закован за стол до самиот крај без да трепнеш...
Еј, а замисли Педро Алмодовар да беше режисер...?
И за трејлерот си во право...Ако го гледа некој трејлерот филмот боље уопште да не го пушта...[DOUBLEPOST=1396896757][/DOUBLEPOST]
А крајот е некомплетен, најверојатно режисерот ги смета своите гледачи за доста интелигентни, па остава самите да си го дешифрираат...![]()
Од препораката на Spell Caster, преку твојата препорака го само што го изгледав филмот. Воодушевен сум, право освежување во тој тип на филмови. Не е предолг, баш сосем доволен, напнат, динамичен. Ги сакам ваквите типови на трилер со малце хорор елементи но без натприродни работи, плус се работи за шпански филм тоа секогаш кај мене дава оцена плус. Како што кажа и јас помислив ќе биде типично сценарио, духови, сериски убиец, haunted house, ненормален главен лик, а што излезе на крај- што може љубовта или поточно љубомората да направат. Фала многу баш ми се гледаше вакво филмче одамна.