Во Арачиново каменуван автобус на ЈСП
На улицата „1“ во скопското село Арачиново е каменуван автобус на ЈСП. Како што соопшти МВР, случајот вчера го пријавил возачот кој сообраќал на линијата број 55, превезувајќи патници од Арачиново до Транспортниот центар – Скопје.
Каменувањето го извршиле засега непознати лица по што избегале во непознат правец. Оштетено е задното лево стакло на автобусот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.[DOUBLEPOST=1396700529][/DOUBLEPOST]
Средношколци нападнати во скопска Железара, едно момче во тешка состојба
Две момчиња на 15-годишна возраст вечерва се нападнати со нож во скопската населба Железара.
И покрај првичните информации, според кои децата биле осмоодделенци, тие биле ученици во средното училиште „Панче Арсовски“ во населбата Автокоманда.
Едното момче има тешка повреда на стомакот, а другото има сериозна исеченица на едната нога.
И двете се примени во Ургентниот центар каде што се сместени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
Вечерва се врши оперативен зафат на момчето кое било прободено во пределот на стомакот.
До инцидентот дошло кај објектот на „Тинекс“ во населбата Железара кога засега две непознати повозрасни лица вооружени со ножеви се судриле со група малолетници, при што тешко ги раниле двете момчиња.
На овој инцидент му претходел уште еден инцидент, во кој било претепано 12-годишно момче од истата населба.
Полицијата е во потрага по двајцата напаѓачи, а неофицијални информации говорат дека на информативен разговор се повикани десетина лица, дел од нив членови на една навивачката група.
Населбата Железара претставува трн во око, на албанските планови за етничка доминација во тој реон. Никако не е чудо што нападите врз децата таму се чести. Тоа е една од тактиките за исселување. Имено, секому е на прво есто сигурноста на децата.
Лани имавме
масакр на роденден, но овие случаи се само тие кои нашите проалбански медиуми ги објавија. Како болдираниот има уште.