очигледно плимонт не е присутен моментално (периодов) па јас како човек кој како така се бавта со автомобилизам, а меѓу другото и со плински уреди и имам некакво искуство ке ти одговорам..
значи, има листа на возила од ландиренѕо, како и од ловато или други така појаки брендови на производители на плински уреди (чии листи се поклапаат горед оле), листи кои кажуваат кои возила имаат проблеми со поставување на плински уреди, т.е. осетливоста на вентилите при експлоатација на плин. факт е дека плинот поради поголемата октанска вредност, во цилиндарот има за некои 5 до 10% повисока температура, а некои возила кои се произведени на границата на издржливост не го трпат тој момент и им страдаат вентилите. значи да не речам шкарт производство и намерно правење по слаб квалитет, ке речам дека економијата и трката за добивање поевтин продукт го прави своето... за овој тип на мотори решението е капалката која се става дополнително во возилото и има улога на подмачкување и деллумно разладување на тие вентили со специално масло наполнето со специјални адитиви. и нема никаков проблем.
околу делот дека бензинската пумпа ке настрада.. тоа е чиста глупост. но се случува многу често на оние кои возат на плин да им се расипе бензинска пумпа.. одговорот е повеке од јасен зашто. значи тоа се електрични бензински пумпи, кои се внатре во резервоарот, кои се подмачкуваат и ладат со бензинот. е сега главниот проблем е тоа што кога ке почнеш да возиш на плин нај лесто бензинскиот резервоар е скоро празен или скроз празен... е тогаш прегорува пумпата. држи ти 1/3 до 1/4 резервоарот полн со бензин, никогаш нема да прегори пумпата. постојано ке биде подмачкана и постојано ке биде изладена... некој ке праша дали може да се изгаси пумпата автоматски кога ке префлли на плин возилото.. да може, но и така брзо ке и дојде крајот.. поради не работење на истата, на дното кај што она влече, ке се наталожат прљавштини и при секое вклучување на истата (возилото нели пали прво на бензин па префлра на плин) ке го повлекува тој талог и за брзо време ке ги здроби лагерите... значи решение е имај бензин во резервоарот и буквално немаш проблем...
и со дизните ке нема проблем доколку еднаш на 50 литри гориво туриш адитив од 150 денари во бензинот...
инаку, јас сум возач на плин уште од времето на плочка системот. во тоа време плинот кошташе 7 денари литро. само со секвент плински уреди имам поминато преку 1 милион километри. СИТЕ МИ СЕ МЕСТЕНИ ВО ПЛИМОНТ и со сите имам пројдено бајаги километражи. нити со плинскиот уред сум имал проблем (освен тековни одржавања нели, како што е ред и нормално) нити со бензинските елементи сум имал проблем. јас возам многу.. кога ке речам многу, мислам на километража помегу 100 и 140 илјади километри годишно. кога таков режим издржува и нема проблем, тогаш браво за ПЛИМОНТ и немањето проблеми како што реков ни со плинскиот уред ни со бензинските елементи...
патем речено... дали знаете дека со секвент плински уред може да добиете мнооогу подобри резултати од аспект на перформанси и сила на воизлото одколку на бензин? јас сум еден од првите што експериментирал по тоа прашање... ама ај, за тоа друг пат, во друга тема... ова вака како водичка пуштена нека биде...
поздрав.