Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
BjsZil_CMAAjuJU.png
 
Ќе киксниме 2-3 утакмици, ама другиве ќе кикснат и повеќе и фино лепо сме шампиони.
 
Лудница е сезонава, како и да е сега сме у 10 пати подобра ситуација од онаа што бевме пред 1 недела :)
 
Како и да е, ќе биде јако. Многу битен дел од сезоната. Пред се верувам дека момците се свесни што ги очекува и ќе дадат све од себе да биде оваа повеќе од успешна сезона и покрај проблемите. Ја би мењал ЛШ за ЛаЛига и Купот, реално.

Значи вака, во лигата имаме уште 7 утакмици до крај и плус последната со Атл.Мадрид што се надевам нема да решава, туку они сами ќе се избацат. Зборот ми беше, у тие 7 утакмици имаме право на еден кикс (нерешено) све друго мора да се добие. Ако победиме у сабота против Еспањол, а верувам ќе биде така, мислам дека 90% титулата е наша.

Ако поминеме со Атлетико Мадрид у четврт финале најгусто ќе ни биде од 16ти до 30ти Април каде играме 4 многу битни утакмици, Финале у Купот, 2 утакмици полуфинале ЛШ и измеѓу нив утакмица со Виљареал... таму го гледам киксот. Со победа над Еспањол, Бетис и Гранада и освојување на Купот момците ќе бидат по слободни и нема да играат под притисок.

Со ЛаЛига, Куп и полуфинале ЛШ ова би била повеќе од успешна сезона за мене.
 
Ние за нив ја измисливме тики така, можеби мал проблем е Пеп,

A Баерн играат тики-така? Пошто оваа сезона под Пеп ги имам гледано сите утакмици и никако тоа не е тики-така. Играат на посед, да, ама тоа што вие сте го играле/го играте нема врска со тоа. Да не го спомнувам Манџукич, Милер и крилата. Кога Барса играла преку крила последниве години? Никогаш. Нити сте имале крила како Робен и Рибери. Кога Барса последниве години играла со вертикални пасови како Баерн сега? Набацувањата на Алвес у 15-ти ред не се вертикални пасови.
Ме мрзи да барам статистика колку голови има дадено Манџукич од нафрлувања. Тики-така? I don't think so

Се игра слична игра како лани под Хејнкес, но подобрена во смисла на посед.
Измислувајте тики-така слободно, Баерн не го игра тоа.
Предноста на Баерн во оваа генерација е што во текот на еден натпревар можат да сменат 3-4-5 система на игра. Предноста на Барса во оваа генерација е Меси.
 
Последно уредено:
Барса има релативно ниски играчи , така да непродуктивно би било да играт со нафрлувања и центаршутови. Во случај да се сретнат со Баерн во ЛШ се надевам ќе биде во финалето , ако имаме некакви шанси против Баерн тоа би биле исклучиво на 1 утакмица. На двомеч би било незамисливо тешко , и со оваа одбрана ништо чудно да не напунат како лани. Се надевам по некоја случајност дека ќе ја продолжат традицијата и нема да бидат прва екипа која ќе ја одбрани титулата , но моментално не гледам екипа која може да им се спротистави пред се на физички план , а камоли да се надигрува со нив и да им даде повеќе голови , зошто за да се елиминира ваков Баерн верувајте ќе ни требат најмалце 4-5 гола.

Настрана тоа јас би бил задоволен со ЛаЛига и да ги плеснеме Реал уште еднаш во финалето , па макар и Баерн не напунил до врв. Освоена Лалига и Куп , и пласман во 1/2 финалето и тоа како ќе биде успешна сезона за нас , земајки ги во предвид дупките во моменталниот состав.
 
Абидал се повлекува од фудбалот, повторно боледувал од рак :(
 
Имаше слики и од Виланова на мечот со Селта, човекот нималку не изгледаше добро..Исто и Абидал..Тоа е болест која тешко многу тешко заминува..Дај Боже да излезе се во ред..Што се однесува на натпреварот со Баерн, сите добро знаеме дека лани го добија натпреварот на средината на теренот, кадешто играа многу агресивно и пожртвувано. Ако успееме да се справиме тука, ќе гледаме друга песна верувајте...Според менталитетот што го имаат играчите не мислам дека ќе дозволат 2 пати некој да си поигрува така со нив..Ако ништо друго барем до последен момент ќе се тресат за тоа сум сигурен. Во најлошиот момент дојде тој двомеч со Баерн минатата сезона,кај нас одеше се надолу и на теренот и надвор од него..Кога мислев на тики така мислев на филозофијата за посед на топка..не на некои поситни детали..Има време да не зборуваме прерано, следуваат натпреварите од четвртфиналето..Мора да го поминеме Атлетико прво,чекор по чекор..Од овие неколку екипи што останаа Реал Мадрид и Челзи исто така сметам дека се опасни и имаат капацитет да се справат со Баерн..Како навивач сум свесен за нашите слабости во одбрана, но како и сите тука силно верувам во Меси и компанија...They can move mountains! haha :icon_lol: VISCA EL BARCA!
 
Абидал сам на твитер ја демантираше информацијава дека се повлекува.
 
Најлошото е што осеќам ќе ни недостига одкако ќе си иде од клубот, ваков таков легедна ни е :)
 
A Баерн играат тики-така? Пошто оваа сезона под Пеп ги имам гледано сите утакмици и никако тоа не е тики-така. Играат на посед, да, ама тоа што вие сте го играле/го играте нема врска со тоа. Да не го спомнувам Манџукич, Милер и крилата. Кога Барса играла преку крила последниве години? Никогаш. Нити сте имале крила како Робен и Рибери. Кога Барса последниве години играла со вертикални пасови како Баерн сега? Набацувањата на Алвес у 15-ти ред не се вертикални пасови.
Ме мрзи да барам статистика колку голови има дадено Манџукич од нафрлувања. Тики-така? I don't think so

Се игра слична игра како лани под Хејнкес, но подобрена во смисла на посед.
Измислувајте тики-така слободно, Баерн не го игра тоа.
Предноста на Баерн во оваа генерација е што во текот на еден натпревар можат да сменат 3-4-5 система на игра. Предноста на Барса во оваа генерација е Меси.


Ако мислиш ти дека Тики - Така уствари е подавање пред 16 метра и дека секое нафрлување на глава е отстапување од истото, тогаш да Баерн не игра таков стил на игра.

Кратки пасови со чија помош се стигнува до противничкиот гол, промена на позициите на играчите од среден ред, еден - два додавања,висок пресинг, бранењето почнува со напаѓачите завршува со голманот, смиреност додека топката е во движење и многу посед.Тоа е тактика која што се базира на флуидноста и на разбирањето на тимот, перфектното познавање на играчите. Играат како едно, тимски функционираат беспрекорно. Истава тактика ја играше Арагоњес во 2008 со Шпанија, ја игра Дел Боске, ја играше Барселона под Пеп, Виланова и годинава Мартино. Баерн исто така се приклучи кон овие. Единствена разлика помеѓу овие тимови е тоа што Шпанија со Арагоњес ја користеше тактикава исклучиво за бранење на водство (го користеше поседот за неутрализирање на противничките напади) а головите дојдоа од контра напади. Нешто слично како Барселона годинава во неколку наврати.

Инаку ако се лажеме дека предноста на оваа генерација е само Меси, тогаш нека биде така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom