Звезда-ОФК 1-0.
Катастрофална игра од наша страна, освен голот, ништо посериозно.
Излгеда бев у право кога реков дека Кристиќ не е најдобро решење за тренерската позиција. Досега не видовме некоја убедлива игра, уиграни акции, залагање, желба за игра, едноставно, работите не идат како што сакаме. Исто така, се глеа дека играчите не се физички спремни, што е нормално, бидејќи немаме кондиционен тренер.
Имаме неколку одлични играчи како Ади, Нинков, Калуѓеровиќ, Исах, Стаменковиќ, играчи кои имаат потенцијал и може да прераснат у врхунски фудблери, а тоа се: Лазовиќ, Вешовиќ, Спајиќ, Срниќ х2, Вилотиќ играчи кои имаат квалитет, но во моментов не се спремни или не се у форма: Короман, Тошиќ, Перовиќ и Јевтиќ просечни фудбалери како: Трифуновиќ, Микиќ, Савио и на крај играчи кои само го оптоваруваат платниот список и се со сумлив квалитет: Ѓорѓевиќ х2 Игњатијевиќ, Богдановиќ, Блажиќ, Бајковиќ, Рељиќ, Павловиќ и Биниќ. Исто така тука се и повредените Јеремиќ кој даваше знаци на живот, но се повреди и Михајловиќ, кој имаше две одлично одиграни утакмици, но за негово несреќа се повреди, па не можеме да судиме се уште дали има квалитет, но се надевам дека има.