Абе него работа му е да брани, а не да се глупира. Незначи дека тоа што вчера избрани добро дека е најдобар. Има еден куп киксеви напраено посебно напочетокот беше ептен дупка па САФ го ротираше со Линдегард. Се подобри од тогаш ама сепак има уште многу да учи. Пред се во нафрлени топки при корна. Кога ќе видам при корна како со раце се турка со играчот што пробува фа го изблокира, ми иди да појдам и да му ја лупнам една. А иначе има маретирајл за доказ
Исто имаше еден гол примено сезонава од мртов агол, кај што појде овај со нозе да брани, и изгледаше баш флоп неговата реакција....само незнам против кого беше неможам да ја најдам....
Од претходните сезони не ни барав...
Овие се од оваа само.
Нека ти трепкаат ете.
Ако е така на одбраната им е работа да не дозволат топката да помине (влезе) во 16тник. Коа ке ти се доближат на 5 метри биди ако сакаш и Свети Де Геа џабе ти е.
“Посебно на почетокот“ - мислењето го имаш пишано оваа сезона, за првата сезона кога дојде имаше неколку киксови ама што сакаш од 18 годишњак, во целост да го замени ВДС? Бевме научени на него и после кој и да беше немаше да чини.
И вчера голманот на Олимпијакос цело време се туркаше со Велбек, и секое коло голманите во премиер лига се туркаат со црни горили од противничкиот тим, мора да се турка, да го оддалечи од себе. Стварно не знам што не ти е јасно кај туркањево?!
Е сеа за секое детално да напишам.
Првото - Што требаше да направи во случајов кога одбраната спие? Секој нормален голман би излегол оти му го намалува аголот на противникот и му остава помал простор за шут. И Буфон, и Касилјас, и Ноер и сите поасални голмани истото ке го направеа. Тука логика работи, нема философија.
Второто - Види го видеото пак. Му шутира од 4-5 метри, со глуп шут, а пред него му го попречуваат видикот. Туку кривицата е на Џонс и Еванс или на Де Геа? Ама објективно да одговориш. Баш ме интересира одговорот.
Третото - Човек, дел од секунда е тука, ако не ја одбиеше пак ке одеше во гол, ја одби - немаше среќа па отиде кај противнички. Прати го движењето на Видич и кого чува. Ко мува без глава е.
Четвртото - Единствено за ова можам да се сложам. Не гледам добро дали го зафати топката на Велбек, ако го нема закачено тогаш потполно се согласувам, кикс си е кикс.
Одбраната годинава е швајцарско сирење, кој не се обиде тој не даде гол. Нема врска со Де Геа. По твојава логика Валдес е голманиште оти малце голови има примено а пред него кои играчишта стојат да не кажувам.
Другар, не греши душа. Знам дека тешко е да си погазиш на зборот ама грев е Де Геа да го наречеш пацер. Што си има квалитет во детето си има.
